за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Zdravo majki i pred se Srekna nova godina i srekni praznici. Mojata kerkicka ima skoro 6 meseci pocnav veke pred pola mesec da i davam sokcinja no ne gi saka pred 10 dena pocnav i so kasicki. I da dadov po eden obrok od jabolka, morkov, kompir i oriz . Site gi sakase i gledam deka mnogu saka da jade sega pocnav da idavam po cela kasicka na den prepolovena po dva obroka sakam popoleka da ja naucam da ima dva obroka na den imam nekolku prasanja 1: Dali postapuvam pravilno i so da pravam ponataka? 2: Dali da pocnam da i davam i drugi kasicki so se nad 4 meseci 3:imam kupeno Rizolino na koe pisuva deka se dava so mleko, dali moze da i go pravam so voda posto dojam 4:Nekolku soveti poveke ako moze poradi toa so nekako mnogu mi ee strav neznaev deka ke bide tolku tezok pocetokot so dohranuvanje
07.01.2014, 16:00
Felly RR
7977
Среќни празници и тебе Петра, и успех во новото искуство. Добро сте почнале штом ги сака кашичките е супер, прво нека се навикне на еден цел оброк, па потоа ќе и воведеш и втор. Еден овошен, па еден зеленчуков и потоа и трет млечен оброк пред спиење (како на пр. тоа што го спомна рижилиното, исто и фрутолино - тоа се прави со вода, и од Хип има доста млечни кашички кои содржат Ад млеко и се раствараат со вода). Освен овие што ги спомна, со полни 6 месеци може да даваш и јогурт, круша, банана, но секој нов вкус гледај наутро воведувај го и во текот на наредните три дена не давај ништо ново, заради евентуална појава на алергии.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
08.01.2014, 19:11
Melanija RR
7052
Пробавме сок од јаболко,сок од круша, па кашичка од јаболко 2 дена по 2пати во ден.Правевме 4 дена пауза па од денес кашичка од јаболко и морко.Засега се ни е вкусно После мислам пак некој ден пауза па кашичка од јаболко и таман ќе имаме 5 месеци. Е после кажувајте како е редот, да имаме секој ден по еден оброк,кога,како ,што?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
08.01.2014, 19:23
Felly RR
7977
Мислам дека нема потреба да правите пауза. Продолжи со овие два вкуса кои му се познати, и постепено со зголемување на количината. И мислам може по еден оброк секој ден, и тоа пред ручек. После морковот може да продолжите со банана, круша, мелен ориз мислам дека исто од 5 месеци може. Ајде нека ме надополни некој, сепак поминаа 4 години од нашите први кашички.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
08.01.2014, 19:32
Melanija RR
7052
Јас му давам два пати попладне и приквечер,односно 1 саат после млеко,значи цел оброк да речеме попладне,така? Едно глупо прашање,обичен ориз?Читам има и други,да го сварам па мелам,или може сварем па со нешто изблендиран?
Felly RR редно е да се потсетиш
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
08.01.2014, 19:50
Felly RR
7977
Мелениот ориз се продава во пакетчиња како и гризот. А исто и спремањето им е слично, да не речам исто. Мислам дека во розево паковање имаше од Сончева долина. Може со вода да го спремаш, за со АД млеко не знам, тоа некој друг ќе каже. Меланија, гледам да одржувам кондиција па за брзо време се надевам дека и јас ќе барам совети од вас за нови кашички и нови рецепти.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
09.01.2014, 08:48
sandriana RR
2924
Melanija, сега е сезона на тиква, па подобро наместо банана, да си јадете тиква. Штом наполни 5 месеци, се воведува и компир, ориз, тиквица и сите комбинации од нив. И се согласувам со Фели, нема потреба од пауза меѓу воведување на намирниците. А што се однесува до ориз, јас пак никогаш не користев мелен ориз, туку обичен, па блендиран.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
09.01.2014, 14:55
Melanija RR
7052
Фала на советите што би јас без вас
Кажите ми а да заменам едно пиење млеко со овошна кашичка или да продолжам со меѓу оброк, и плус со пробување на зеленчук? Сакам прашам незнам кажам ваљда ме разбравте
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
09.01.2014, 17:12
Felly RR
7977
Меланија РР, кога ќе почне да си јаде поголема количина, ќе видиш самото ќе си прави поголема пауза меѓу оброците. Јас мислам кога ќе почне да јаде барем една цела тегличка 120 мл, тогаш да му воведеш и зеленчук. Овошјето наутро, зеленчукот за ручек.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.01.2014, 00:28
Big mamy
13
zdravo mamicki podolgo ne sum bila na forumov a na ovaa tema za prv pat se javuvam srekni praznici i se najdobro moeto malecko veke e 6 meseci i 1 nedela.... veke od 4 mes. postepeno, so preporaka na pedijata,\r voveduvame po nesto od ovosje, zelencuk i od zitarici (jabolka, krusa, banana, tikva, sliva, kompir, oriz, spanak, brokula, morkov, patlidzan, kiselo mleko, griz, palenta, pa i pilesko meso...) seto si go jadime i dobro podnesuvame ... ve molam kazete mi sto drugo od ovaa vozrast smee da se vovede vo ishranata... me interesira kromidot, lukot, cvekloto od koga se davaat??
11.01.2014, 09:10
sandriana RR
2924
user posted image ... ve molam kazete mi sto drugo od ovaa vozrast smee da se vovede vo ishranata... me interesira kromidot, lukot, cvekloto od koga se davaat?? user posted image user posted image
Big mamy, кромид и лук може постепено да ставаш во кашичките, за цвекло би почекала уште малку ( 2-3 месеци). И телешко мевце може, штом јадете пилешко - посоодветно е за бебиња.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
13.01.2014, 04:18
mamamimi
8
Zdravo majki :). Nemav vreme da gi citam site stranici od ovaa tema, se izvinuvam ako veke e spomnato. Gledam deka kaj nas prvo se preporacuva da se pocne so ovosje pa zelencuk pa zitarici a srpskite sajtovi i nivnite doktori velat po obraten redosled zitarici-zelencuk-ovosje. Dali znaete koja e pricinata? Dali e toa samo zaradi podobro prifakanje na vkusot na zelencukot bidejki ovosjeto e blago pa bebeto dobro ke go prifati i podocna. Inaku mozete kasickite bez razlika kakvi se da gi podgotvuvate so majcino mleko ili za onie cii deca se na adaptirano moze i takvo da se dodava.
13.01.2014, 09:28
sandriana RR
2924
mamamimi, јас не би се согласила дека прво се воведуваат житарки во исхраната. Во однос на овошје и зеленчук - да, има поделени ставови, и во принцип прво се воведува некое овошје (јаболко, слива, банана, тиква ) заради полесно прифаќање на благ вкус, па се преминува на заланчук - морков, компир, тиквица, подоцна ориз, а житарки со глутен после 6от месец.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
13.01.2014, 09:49
princessa
1056
vo sekoja zemja e razlicno . Vo Germanija pedijatrite preporacuvaat da se zapocne so zelencuk i toa so morkov, pa posle so paskanat, kompir, pa kombinacii izmegu. Dokazano e deka morkovot e najfin zasto i toj e blag, moze podocna da se mesa i so ovosje i zelencuk i decata se najmalku alergicni na nego. Posle zelencukot se voveduva ovosje od tipot na jabolce, kruvce, banance itn. Nakraj doagaat zitaricite pa podocna i mesoto. Sokce treba da se izbegnuva posebno ako se doi bebeto, a koga se voveduvaat pomegu 2 i 3 obroci dnevno treba da mu se ponudi voda i toa e toa.
21.01.2014, 16:01
mimi 27
72
Мајки кога почнавте со јогурт и павлака?
22.01.2014, 08:34
sandriana RR
2924
Јогурт и павлака се воведуваат после 7от-8от месец. Дури, според некои педијатри, павлака се препорачува и подоцна.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
25.01.2014, 09:38
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: Crnokosaaa
Dobro ve najdov ! Znam deka se pocnuva edno po edno. No me interesira so mlecnive koi se pocnuva i koga za da znam dali smeam da gi pravam kasite so toa ili voda, i testeninite, znam drugarka mi od 8 mes mu pravese tarana so jogurt i malku feta sirenje .
< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 11.2.2014 9:36:17 >
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
19.02.2014, 17:10
Lacrymosa
255
Е сега вака.. од кога ги подув на форумот Бременост сеа овде ќе ве подујам... по препорака на педијатарот почнав да ја дохранувам.. уште не почнав ама тргнав натаму. На 25ти ќе полниме 4 месеци и јас од пред два три дена почнав да и воведувам сокче од јаболче.. прво една лажичка разредено, па еден ден пауза правевме па денеска 2 лажички со ептен малкуцка водичка е сега незнам како да продолжам понатака.. до крајов на неделава планирам да бидеме на сокче од јаболче ако во меѓувреме не ме изеде бебево мое. колку мл им давате на бебчињата дневно, дали да прејдам на сокче од крушка или на кашичка од јаболко. како им го давате сокчето од јаболко? од свежо? од варено? разблажено? чисто? и како се прават кашичките дали од свежо овошје или од варено/печено? колку количински се дава?
19.02.2014, 19:45
Felly RR
7977
Сокчето може од свежо јаболко, рендано, па цедено, а кашичките треба да бидат од термички обработено овошје, и тоа најдобро на почеток варено. Јас мислам штом сте пробале сокче, може и кашичка од јаболко да пробате. Првите денови по некоја лажичка, па постепено ќе зголемувате. Може потоа да продолжите со морков, без разлика дали сокче или кашичка. Јас сум повеќе за кашичка, не знам другите може друго ќе ти препорачаат. И баш ни недостасуваше, одамна те немаше. Уживајте во кашичките!
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
20.02.2014, 10:02
sandriana RR
2924
Лакримоса, јас ќе се согласам со Фели, дека од сокчињата немаш многу ќар,туку директно да си почнете со кашички. Како најмалку алергено овошје ја сметаат и крушата, па ете можеш да направиш кашичка и од обарена крушка. Што се однесува на количината, не очекувај премногу, сега учите вкусови, така да и 3-5 лажички се сосем доволни. Имаме и тема Колку е доволно, па читни и таму. Со среќа нека Ви е почетокот со дохрана
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
20.02.2014, 10:05
vezilka RR
4931
Па што знам да ти кажам, хм. Ние почнавме со дохрана од 6 месеци и никогаш не му дадов термички обработено овоштие, и морковот прво свеж му го дадов. Почнав со сокчиња, воведов јаболко, круша и морков, и потоа истите како каша. Мене со кашите подобро ми одеше, оти сокчињата не ги сакаше. Ќе видиш што подобро ќе ти прифати.Ова со варење на овошјето, ако така ти препорачале оти порано почнуваш, тогаш така терај.
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 20.2.2014 10:06:33 >
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
20.02.2014, 13:55
AnnaMolly RR
6409
Јас од 4 месеци почнав со сокчиња, од 4,5 со кашички. Ниеднаш не сум варела овошје за кашички, никогаш. Се му правев од свежо овожје, и како Везилка и јас дури и морковот свеж го давав. Единствено термички обработено овошје јадеше кога му печев јаболко и толку.
_____________________________
Live and let live
20.02.2014, 13:58
Melanija RR
7052
Ние како релативно нови со почеток на дохрана почнавме 2-3 дена со сокче но неразредено бидејќи беше 4 месеци и нето.На 4и пол месеци со каши купечни, јаболки, јаболко и морков, банана,јаболко и круша. Токму по овој редослед по 2-3 лажички и стигнавме до пола тегличе на јадење. Сега сме на зеленчук па затоа не давам повеќе количина овошни. 6 месеци сме и редоследот ни е овој ,компир и морков,па ориз и морков.Од понеделник додаваме спанаќ,блитва и брокула. Мака имам со темпераментот на тие 2-3 лажички се со претање во раце
Едит:AnnaMolly RR совет за свежа овошна кашичка, да се ренда па блендира овошјето.Сакав да правам но мислев прво да го сварам.Мисле јаболко и круша,сега има многу убави круши
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 20.2.2014 14:01:09 >
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
20.02.2014, 14:25
Defne90 RR
1991
И ние почнавме од 4 месеци со дохрана најпрво со јаболко,морков и круша.На почетокот му ги варев но после почнав свежи.Инаку така цедени бистри сокшиња може да се даваат од јаболко и круша,јас додуше и не му давав сокчиња затоа што и не ги сакаше,ние си бевме на кашички.Инаку за количината секако дека на почетокот тоа ќе бидат две три лажички па пстепено ќе се зголемува.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!