за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Кога се почнува од 4 месеци, јас сепак сум за термички обработено. И педијатарот ми го даде тој совет, сокче може од свежо овошје, а кашичка до 6 месеци од термички обработено овошје. И ние почнавме на 4 месеци со кашички и јас така правев.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
01.04.2014, 18:35
Melanija RR
7052
Педијатарот ни кажа дека може да воведеме боранија (7 и пол месеци) .Дома готвиме од смрзната купечка, но незнам дали смрзната или таа што се продава во конзерва?И двете се конзервирани и термични обработени.Совет
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
01.04.2014, 20:21
Felly RR
7977
Јас мислам да си продолжиш со замрзната, таа не би требало да има конзерванси, и плус можеш да си извадиш колку што ти треба за еден оброк.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
18.04.2014, 21:54
Ilina87
326
Ве молам кажете ми кој прв производ што содржи глутен да го воведам? Другата недела ке полниме 7 месеци, планирам со полни 7 месеци првпат да пробаме. Или можеби е рано, што мислите? Имаме алергични во фамилијата на глутен и поради тоа се плашам.
18.04.2014, 22:58
Felly RR
7977
Илина87, доколку имате алергични на глутен во поблиската фамилија, јас би ти препорачаала барем 9 месеци да наполни, па потоа да пробувате. Инаку може да почнете со бисквити.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
01.05.2014, 15:39
emaaaa
96
moeto bebe e tocno 4 m bi sakala da me sovetuvate najprvin so sto da pocnam da go hranam i kolku bidejki planiram da trgnam na rabota od juni pa vremeto koe ke otsustvuvam da jade kasiski a sega sme samo na doenje mnogu vi blagodaram pozzz
01.05.2014, 17:37
deluxe
2479
Емааа за почеток воведи му кашичка од јаболко.Потоа постепено можеш да му воведуваш морков,круша,слива. Најдобро е да му приготвуваш домашни кашички.Сепак не брзај со дохрана.Доколку од јуни стартуваш со работа,најдобро доколку можеш да се одмолзуваш ,па тоа млеко да му го даваат преку шише додека си ти на работа.Но ти си знаеш најдобро.Јас на моите дечиња кашичките им ги воведив од 4,5 месеци,но не ги доев,беа на АД ТУКА можеш да најдеш повеќе рецепти за кашички
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 1.5.2014 17:38:40 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
01.05.2014, 17:55
Felly RR
7977
Емаааа, штом од јуни почнуваш на работа, тогаш овој месец точно би требало да го искористите за да се научите на лажичка, и на кашички. Почнете со јаболко или морков, и за почеток по некоја лажичка, но сепак зависи со какво работно време си. Ако е класично работно време од 8 саати без пауза, на бебето ќе му треба и млеко, бидејќи е сепак малечко и тоа му е главна храна.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.05.2014, 17:54
Melanija RR
7052
Следи глутен и повторно ми треба вашето искуство. Разгледував низ продавници и нет и мислам меѓу Хипп интегрални житарици со разни овошја во шишенце, Хип во кутија Organikmilk pap fine fruits или на Нестле во кутија Житни снегулки 8 жита (на нивната страна на две различни места пишува различно од 6 месеци па од 8 месеци) .И на Милупа има 7 жита,каде има Милупа нешто во Зегин не сум видела Совет може и за нешто друго 8 и пол месеци
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 2.5.2014 18:02:06 >
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
02.05.2014, 22:32
Snowhite RR
5042
Јас глутен пρвпат воведов со фρутолино, се пρави со вода, почнав од 7 месеци и за Михил таκа и за Јана од пρилиκа
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
03.05.2014, 00:04
deluxe
2479
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Следи глутен и повторно ми треба вашето искуство. Разгледував низ продавници и нет и мислам меѓу Хипп интегрални житарици со разни овошја во шишенце, Хип во кутија Organikmilk pap fine fruits или на Нестле во кутија Житни снегулки 8 жита (на нивната страна на две различни места пишува различно од 6 месеци па од 8 месеци) .И на Милупа има 7 жита,каде има Милупа нешто во Зегин не сум видела Совет може и за нешто друго 8 и пол месеци
Меланија направи му кашичка со гриз и плазма,многу е вкусна и држи ситост.Јас и на двете деца оваа каша им ја воведив од 6 месеци,сккоро секоја вечер тоа си вечераа пред спиење.Со полно меше најдобро се нанка
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
03.05.2014, 11:19
Felly RR
7977
Можеш да пробаш со бисквити или гриз како што ти пиша Делукс, на пр во овошна кашичка додај една лажица мелени бисквити или варен гриз. И готовите каши се добри, посебно кога мораш да спремиш оброк набрзина. М многу ги сакаше од Хип, и од Лино.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
03.05.2014, 12:17
Melanija RR
7052
Кога почнавме со овошни каши беа купечки,а зеленчукови само домашни досега.Затоа се мислам да за прв пат биде купечно да се навикне и на нив,за домашно после гриз и плазма тоа сигурно. Да не свикне се на домашно зошто еве 3 месеци сме три оброка домашно.И сега овошните ги комбинирам со ориз, па потоа ќе поминам на гриз. Овие на нестле со 8 жита ми се засега најмногу во мисла.А која плазма ја препорачувате?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
06.05.2014, 19:51
Melanija RR
7052
Од вчера почнавме со Нестле 8 житарки малку се мрштеше, па како лимон да лизнам и така 2 лажички.Потоа си јадеше своја овошна каша, и ај викам после 30мин на собираје пак го понудив кога лапна без мрштење.Денес немаше проблем па малата доза од 30мл и 1 лажица за час за лапна мама е среќна Прашањето ми е полека деновиве да зголемувам,а дали исто после 3-4 дена да прекинам па од понеделник пак со исто по малку или може пак со по 2-3 лажици да почнам да пробува со гриз?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
07.05.2014, 00:09

Меланија сега истата доза дај му ја и утре,ќе видиш ако сака да јаде и сеуште бара,нареден пат зголеми му ја.Така ќе си фатите една доза на кашичката која ќе биде нормален оброк.Гризот можеш да му го воведиш по 1 недела,нека се навикне сега на оваа кашичка,и за недај боже да пријави некои реакции ќе знаеш од што е.Јас мислам дека нема потреба да му го прекинуваш Нестлето штом ќе си се навикне.Може да го паузирате тие денови додека дегустирате гриз.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
07.05.2014, 12:49
Melanija RR
7052
deluxe RR значи следна намирница глутен немора па по 3-4 дена по малку да пробува?Секако тогаш не би давала паралелно,а ови денови давав житарки па негова овошна каша.Денес изеде дупло доза житарки од денес и тоа во сласт Инаку овие млечни житарки е подобро наутро или навечер да се даваат?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
07.05.2014, 23:38
Snowhite RR
5042
Меланија што му ја мислиш толκу, па не е сега толκу мал аκо пρвиот ден не појавил ρеаκција слободно давај му цел обρоκ од истата. Јас за Јана тие од нестле ги давав навечеρ да и дρжат повеќе ситост и да спие, насабјале обично пρаκтиκувам до ден денес да и давам овошје
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.05.2014, 15:05
Melanija RR
7052
Snowhite RR штом до сега нема реакција сигурно е во ред Утре сабајле гриз а житарките за вечера.Фала
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
28.05.2014, 11:55
lekokrila
63
мајки од колку месеци им давате на вашите малечки млад кромид,кељ,манго,овесни снегулки,диња моето бебче има полни 8 месеци ако сакате додадете нешто што можам да давам во 9/10 месец фала ви :)
28.05.2014, 17:29
Melanija RR
7052
Сакам идната недела да дадам палент нема тема и за јогурт и сирење.Која варијанта би била за почеток најдобра?Јогурт колку би бил разреден?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
28.05.2014, 23:08
Moonglow
3
Melanija, valjda dobro te sfativ-koga se zapocnuva so davanje jogurt, nema nikakva potreba da se razreduva i sekako, na pocetokot se dava vo mali kolicini. Palenta-zavisi sto preferira bebeto, moevo malecko (edna godina ima sega), palenta jade so tikva/ so blitva/ so spanak, so jogurt ili kiselo mleko ne saka da cue :)
29.05.2014, 11:34
Ilina87
326
И јас сакав да прашам за јогуртот, од кога се воведува и со што го комбинирате освен со палента? Меланија, колкаво е твоето ? Ние имаме 8 месеци, да не брзам со воведување на јогурт? Од 6 месеци му давам по малку кисело млеко во зеленчуковите каши, колку за вкус.
29.05.2014, 11:38
Melanija RR
7052
Моето е скоро9 и пол, а кисело уште не сум дала па незнам дали јогурт или кисело најпрво.Палента нема пробано па затоа мислев со јогурт или кисело да му дадам.А после ќе правам комбинации и со сиренце едно по едно уште доста имаме за воведување ние одиме ептен постепено
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
29.05.2014, 11:46
sandriana RR
2924
Јас кисело млеко дадов околу7 месеци, исто и јогурт. Значи, после 8 наполнети - нема причина зошто не би дале (освен, нели ако не се утврдени алергии на млеко, казеин и сл.) Палентата за почеток може да се комбинира со кисело млеко, за полесен вкус, а после и со некој соодветен вид на отсолено сирење или млечен намаз/кајмак.
ИЗВОРНА ПОРАКА: lekokrila
мајки од колку месеци им давате на вашите малечки млад кромид,кељ,манго,овесни снегулки,диња моето бебче има полни 8 месеци ако сакате додадете нешто што можам да давам во 9/10 месец фала ви :)
За манго не знам - не сум користела, но за млад кромид и овесни снегулки секако можете веќе да воведете. Исто и дињата, па полека после 9 месеци - цвекло, боранија, грашок...