за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Lolla,и јас мислам дека со полни 9 може веќе да пробате глутен, и јогурт/кисело млеко, баш ќе има со што да си го проширите менито. Hopeful, ако не сакаат чисто јаболче, може сега да им комбинираш на пр. јаболко со круша, штом и двете ги имаат пробано.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.11.2015, 11:51
lolla RR
925
Женски, да, следно на мени е глутен и млечно, само сега воведуваме жолчка кое ке трае уште две недели па потоа глутен и млеччно. Инаку Л е 5 недели порано роден па затоа и педијатарот некои намирници ги препорачува месец дена подоцна. Искрено не сметам дека нешто пропушта со глутенот ама тоа, во мк сме си лебари.
За сувото овошје го киснам одвечер или кратко проварувам хоупфул.
Кажете ми колку пати неделно месо а колку жолчка?
02.11.2015, 12:09
blue_blue
893
Hopefull, a кога им даваш да јадат? Ако веќе воведуваш цврста храна истата треба да е замена за цел оброк. ЗНци кога ќе дојде време за доење наместо доење добиваат храна...и ако не ја сакаат нек поседат малку гладни, пак понуди - сега не де до изгладнување ама да сконтаат дека сега тоа е храната и нема млеко...можно е да не им се допаѓа вкусот на јаболката, пробај со круша, или со делишес јаболки кои се поблаги. Види ако измешаш со мороков можеби повеќе ќе им се допадне вкусот...исто види ако сакаат да гледаа ТВ па да им даваш - нема ни да приметат дека јадат - ова за почеток особено кај оној што се буни...а може веќе и да им даваш во раче нешто помеко- јас и противречев многу на мајка ми кога на 7 ипол месеци им даваше корка да гризаат а овие немаа ни еден заб...ама мислам дека тоа им помогна за да им излезат забите и за да брзо прејдат од блендирано на пасирано. Исто, не сум против глутен - мислам дека се прави фама околу тоа...ништо лоше нема во глутен за дете кое не е болно од целијакиа, така да јас после 7 месеци би вовела и тоа - овес со кисело млеко, или корка лепче, или лепче со кисело и малку лук
02.11.2015, 14:43
Melanija RR
7052
lolla се изненадив како покасно глутен (што по мене е ок ) ама за жолчка пак порано? Инаки 2 пати жолчка 3-4 пати месо.Јас давав 2 жолчка 3 месо
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
02.11.2015, 15:21
lolla RR
925
Melanija, жолчката со полни 9 месеци почнавме, прво 1/4 па втора недела 1/2 па цела. По два пати неделно. Според мене ок е.
02.11.2015, 19:16
Melanija RR
7052
Да најчесто од 10 м но некоја недела не менувам ,туку мислев зошто немало совет и таа да се даде покасно. како глутенот.
Јас дадов на 11 м по 1 недела имаше реакција, па пауза 2-3 недела па пак дадов и беше ок.Затоа не сум со јајце да се брза а од искуство посебно не и со белка
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
05.11.2015, 14:30
Hopeful RR
2349
Досега пробаа банана, круша, јаболко, морков, авокадо. Вчера се испекмезија па не сакаа со лажица, туку од прст, мислам... срамота! Денес изедоа цела чинија, но веројатно затоа што и дадов на мајка ми да им дава, и тоа со лажиче, така што ок е. Следно сакам печена тиква, и полека и просо, хељда, киноа. Кокосово масло од кога можам да давам?
Првите обиди беа после подој/АД, пошто кога се прегладнети се нервозни, и според совети на странски сајтови, ако не се прегладнети ќе имаат интерес да пробуваат. Денес беа малце погладни и веројатно и тоа беше причина за успешниот оброк.
Прашање - кое време им го давате утринскиот оброк? Моиве спијат до 8-8.30, па одма потоа до 10-10.30, и јадењето не фаќа накај 11. Се надевам не е страшно и нема да мора да им го менувам природниот нагон за утринско спиење, посебно кога во текот на денот потешко заспиваат.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
05.11.2015, 21:20
lolla RR
925
Хоупфул, јас кокосово дадов околу 7ми месец.
За тоа кога е гладно, и ден денес не знам, на тепка одам. Бидејки подоите беа кога тој сака, не нна определено време, така и јадењево, отсабајле околу 1,5 часа по доење му нудам појадок, ако не сака, пробувам пак за пола саат. Бебушите твои сега имаат еден оброк и не се секирај што доаѓа накај пладне, првиот месец се пробување на текстури вкусови, не се ни оброци тоа.
05.11.2015, 21:23
lolla RR
925
Хељдата мислам дека е од 1 година, од 6 месеци се просо, киноа и амарант, панета и ориз. Тиквата е многу вкусна и на пареа и многу брзо се готви, за 10 мин е готова. Јас уште немам дадено ништо печено, се е на пареа, свежо или како супа. Се спремам, мада повеќе време треба во релна.
07.11.2015, 21:50
Hopeful RR
2349
Ништо од тиквата на пареа, се разочарав сабајлево. Одма беше готова, излезе совршена, со малце млекце колку да ги подлажам беше - врв. И не, и не. Само пикаа раце во неа, ми го буткаа лажичето и скоро ништо не заврши во уста, ама затоа новиот тепих си доби портокалови флеки. На крај, тиквата ја изедов јас Ќе пробам утре пак, може ќе имам повеќе среќа.
Инаку и моите не се на некој распоред, понекогаш јадат на 2 часа, понекогаш на 3-4, а понекогаш сакаат и на помалку од 1 час, така што и кај мене е на тепка. Поготово па дека се скроз различни и различно огладнуваат... журка
Ми текна на други опции за кои не памтам дека е дискутирано - кога може да се даде костен? На пример варен, како пире? А варена пченка? Брокула и карфиол претпоставувам може од одма, или и за нив има чекање?
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
08.11.2015, 10:49
Kvisko
1325
Hopeful немам искуство сеуште со бебиња ама костените и карфиолот создаваат прилично гасови па може да ги сакаат ама да си имате мака со тоа. За брокула не знам. Се надевам дека ќе најдете вкус што ви се допаѓа и тоа ќе ви бидд основа за кашичките.
08.11.2015, 12:15
lukajana RR
1481
Hopeful rr брокулата и карфиолот се тешки како зелката и подобро почекај ,за костен незнам а пченка ми е неизводливо зашто колку и да вариш има лушпи ,јас почнав да давам пченка кога почна да џвака
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
09.11.2015, 10:08
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
Ништо од тиквата на пареа, се разочарав сабајлево. Одма беше готова, излезе совршена, со малце млекце колку да ги подлажам беше - врв. И не, и не. Само пикаа раце во неа, ми го буткаа лажичето и скоро ништо не заврши во уста, ама затоа новиот тепих си доби портокалови флеки. На крај, тиквата ја изедов јас Ќе пробам утре пак, може ќе имам повеќе среќа.
Инаку и моите не се на некој распоред, понекогаш јадат на 2 часа, понекогаш на 3-4, а понекогаш сакаат и на помалку од 1 час, така што и кај мене е на тепка. Поготово па дека се скроз различни и различно огладнуваат... журка
Ми текна на други опции за кои не памтам дека е дискутирано - кога може да се даде костен? На пример варен, како пире? А варена пченка? Брокула и карфиол претпоставувам може од одма, или и за нив има чекање?
Во принцип брокулата е во сите каши од 4 -5 м. +. Може да се обидеш да ја пробаат, во комбинација со оривче. Или ако веќе сте пробале кисело млеко/млечен намаз/јогурт - и со нив проаѓа. Костените, каде и да читам, ги водат како тригер за алергии и ги препорачуваат над 1 година. Тиквата може да се искомбинира и со јаболче на пример, да го разбие и вкусот и конзистенцијата. Пченката е безглутенска, да - ама е незгодна за консумирање, баш поради лушпите.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
09.11.2015, 12:22
Gardenia
682
Тиквата пробај во комбинација со јаболко,мене така ми ја јаде најмногу ,а брокула јас дадов од 6 месеци,карфиол од 7,ама карфиолот не ми го сака едино од сите зеленчуци,дали од мирисот го осеќа,а и малку и праве гасови
09.11.2015, 17:52
lolla RR
925
Според педијатарот, брокула и карфиол во 7 месец се пробуват. Мада јас карфиол покасно дадов бидејки тогаш немаше.
Тиквата е многу вкусна со цејлонски цимет и кокосово масло и млекце мајчино, пробај така. Циметот е 6+.
А јапонско јаболко луѓе?
10.11.2015, 15:17
Melanija RR
7052
И ден денес за да е благо скоро во се додавам банана Дечково несака киселко ни бебе и сега
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
10.11.2015, 15:46
lukajana RR
1481
Исто и јас ,ако имам проблем со некое јадење одма ставам банана . На почетокот и палентата со банана ја правев
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
11.11.2015, 21:18
Hopeful RR
2349
Пројадоа тиква, од мајка ми и тоа Сега полека полека јадат и од мене, еве денес јадеа суви сливи, јаболко и круша.
Каков ориз давате, интегрален или обичен? Варен па блендиран или како?
Инаку јапонско јаболко е 12+.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
11.11.2015, 21:38
lukajana RR
1481
Hopeful rr јас во прво време давав мелен ориз . Го има во маркетите и е многу евтин а се вари многу побргу од ориз во зрно .
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
12.11.2015, 14:53
Melanija RR
7052
Hopeful RR обичниот ориз или кој да е во цело зрно при блендирање многу се згуснува,па треба повеќе течност дали од овошје или млекце. Да lukajana RR мелениот ориз е супер ама пакувањето е мало и мене барем се ретко ми излегување.Од почеток ок ама за количина подобро е ориз во зрна
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
12.11.2015, 17:35
lolla RR
925
ЈАс досега имам дадено ориз кружен цело зрно на Даверт од биокулт и оризови снегулки од истиот ориз о д цело зрно. Варам 40 мин во многу многу вода па да отстои уште 20 мин за да доупие колкку може.
13.11.2015, 12:37
media
3
pocituvani moram da Ve prasam. moeto bebe ima 3 meseci i 10 dena od pred nekoj den mu dadov da pie vodicka i vcera duri ispi 60ml . dali mislite deka i nedostasuva mleko povekhe da cica ili.... inaku napreduva po 800gr mesecno i e samo na doenje
13.11.2015, 12:52
sandriana RR
2924
media, пред се, добредојде на РРаја Тема за Вода имаме ТУКА=КЛИК, го префрлив твоето прашање таму, па повели, разгледај, прочитај искуства на РРајките.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
18.11.2015, 18:52
Hopeful RR
2349
Ете, пробав и мелен ориз, и го јадат, ама сомнителен ми е, некако редок излегува. Утре ќе пробам со помалку вода да го направам. Ново што додадов во меѓувреме е просо, го обожаваат, цимет, кокосов путер. Инаку, само што пројадоа тиква, кога забележав дека М се исфрла на муцето. Ќе направам пауза некое време.
Прашање - дали треба да чекам три дена за секоја безглутенска житарка/зрно? Некако досада ме фаќа, ајде сега три дена јадење на иста основа. Правилово важи за се - и за компири, грашок, брокула, или не мора?
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
18.11.2015, 23:04
Melanija RR
7052
Пишав јас погоре мелениот приз излегува редок плус овошје течна каша земи си и ориз по жжелба.Се се пробува три дена ,и допрво ќе ти здосади.Ама нас нив не им здозадува учат вкусови,моето пукна од компир и банани Што се изсфрли од тиква елиминирај.Пауза бар 2-3 недели По мене грашок по 8 месеци.Зелените како и боранија се покасно. Јас и просо дадов покасно,слободно со се комбинирај го и солено и благо.