Друг бил животот тогаш, друга била исхраната, сега се е поинаку. А не дека ние сме најздрави генерации, јас памтам дека на секое бев те настината, те болна, а сега се чудам со нетолерантност на лактоза, хеликобактер... Не е тоа тек така, дај што било да јаде. Денес многу повеќе се знае и за потеклото, и за ефектите, и за метаболизмот на храната, и нормално е што имаме сменети навики и пристапи, бар јас така мислам.
Освен компир, морков, тиквица, на оваа возраст не би давала многу плус работи, евентуално тиква, благ компир - батат, и тоа. Брокула, карфиол, спанаќ, блитва се 7+. Исто и гриз, дека е пченка, може подоцна, после 7 месеци.
Просото јас го имам во зрна, го варам и го блендирам, и држи ситост. И можно е после кашичката да си сака пак млекце, тоа е по навика, не дека е гладен толку. Со тек на време, ќе сфати дека кашичката е јадење и нема да сака млекце одма, или ќе пие помалку.
Во кашата може да додадеш и кокосово масло или маслиново масло, и цимет, ако одговара во комбинацијата. На пример, една од омилените комбинации на моите им е просо/киноа, јаболки, банани, кокос и цимет.
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015