Ако тргнеш да ги слушаш сите од страна што зборат, посебно па за храна и дохрана, нема да стигнеш далеку, верувај ми. Најдобро слушај педијатар, и секако читај и информирај се сама на нет. За среќа, денес барем имаме доволно информации и не дека не се знае што е добро за бебе, а што не. Твој синко е малечок за повеќе од еден оброк, и нека не ти се меша никој во тоа што и како му даваш. Има време и за втор оброк, и за трет, и за ужини. Јас со 8+ и два оброка едвај постигнувам да готвам и да спремам, и се чудам како со трет и со ужини, а тебе ти се брза
А за гледањето додека јадат возрасни, ич не се замарај, едноставно учи од се околу себе, па и од тоа. Станува свесен дека храната е дел од секојдневието, дека сите вие јадете по неколку пати дневно, и тоа што те гледа не значи дека сака да јаде. И не се криј, што го учиш со тоа - дека не јадеш?
И мене моите ме гледаат додека јадам, и тоа дури и откако тие завршиле со оброк, и знае да ми падне незгодно, но тоа не значи дека треба да им дадам пак храна. Зарем треба да им бутам постојано, да ги навикнам на големи количини и да ги направам дебели? Немам намера, кој што сака нека каже. Единствена реална мерка е напредувањето во тежина (и тука среќна сум што се слаби накај просек, не дебели) и крвната слика, други репери не следам.
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015