gina, добар избор за јадење имаш, со тоа што давај кисело млеко и јогурт. Со 8 може и глутен да почнеш - овес, тарана, пченица, гриз... Можеш и блитва, карфиол, леќа, грашок, ...
Интегралниот ориз и кога е изблендиран има зрнеста структура, пробај со повеќе течност или едноставно така дај му го. Ќе го јаде, нема да се задави. Ако не го бендисува вкусот, пробај додади целер, пашканат, путер, маслиново, ...
Јас исто блендирам се, дури и просо, и палента, и откако имавме инцидент со М кога лапна пластичен стикер па се подзадави и викавме брза помош, ич не се замарам за храна. Ќе си научи да јаде и мислам дека е рано за неблендирана храна. Утре ќе полнат 10 месеци и баш ми е гајле, нека јадат блендирано до кога сакаат, откако го преживеав задавувањето ич не се брзам за храната. А плус, приметувам дека и си џвакаат, ако е блендирано, поготово ако е погусто јадењето. Ич не ти чуе, а патронажните сестри нека не се се занесуваат многу, на млада мајка уште тоа и фали, да дојде некој од страна и да и соли памет на таков начин, без осет.
Месо - и моите парченца телешко се по околу 40гр, со тоа што јас ставам по едно во кашичка за двајца. Не знам колкава количина треба, но изгледа дека треба повеќе, ќе дуплирам.
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015