За палента, јас не мерам - ставам вода отприлика, по неколку правења видов која количина ја јадат, и кога ќе зоврие додавам еднба по една лажица, се додека не згусне, но не премногу затоа што уште се стврднува со ладење. Кај мене доволни се 4 до 5 супени лажици, за 2 бебиња, така што пробај со две и малку вода.
Гина, овесот во зрно е подобро да се кисне преку ноќ и потоа се вари од 40-60 мин. Го блендирам затоа што и сварен знае да е тврд, а снегулките не ги блендирам. А за жолчка, јас ја давам измешана со гриз, палента, со овес сум ја дала, со зеленчук... За ужинка давам банана со кисело млеко, или само банана, или со авокадо, нешто ситно колку да ги држи до ручек. Пробај јаболко, морков, круша... Втора ужинка не давам уште, дека рано легнуваат и нема кога. А за монотонијата, комбинирај со целер, пашканат, моркови, брокула, пченка, тиквичка, боранија, еве сега има и млад грашок.
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015