Кикичка да полесно е многу со бг пасош, и признавам дека чувството за патриотизам ми е на најниско можно ниво, ама ќе се откажат од мене ако извадам бг пасош и моите и мм. Башка и јас не сакам, кога имам тотално друго потекло и горда сум на тоа. Мое мислење е дека до сега не ми затребал бг пасош, а сега кога треба да аплицирам за вакви зафрканции, па и не ми се прави со сила нешто што не сум, и немам никаква врска со тоа. Башка за таа земја кај што аплицираме, ко букварче ги читаат апликантите, бараат од прва пелена што ти ја има сменето мајка ти до последна чачкалица употребена денес на ручек.
Немој да мислиш дека нема ограничувања за подолг престој со бг пасош, има и те како! Можеш како турист без проблем да влезеш, ама да останеш, мало морген! Ќе те вратат ко попче, моментот кога ќе бидеш трошка нестабилен. Треба работа да имаш, треба стан да имаш, требаат милион работи, што единствена разлика е што ќе ги докажуваш од таму, а не од тука преку амбасада. Моментот кога ќе приметат дека примањата ти се нестабилно и дека имаш потреба од јавни фондови, одма реагираат. Зборувам за Англија конкретно, не за другите еу земји каде што и ние без виза можеме да одиме.
Башка и за Америка и за Канада и за Австралија пак бараат визи и пак истото малтретирање е.
Нема везе, секој како мисли, прави. Очигледно ние сме на потешкиот пат, ако успееме, молам Бога, тогаш супер...ако не бебето може и така кога сакам да го испратам таму, кај татко и, она си е друга прича. Единствен проблем сум јас, како и секогаш!
< Поракaта ја уредил Ikana -- 4.7.2012 15:09:23 >