за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас остатокот го средив полека полека деновиве. Ми останаа алиштата само и да исперам завеси+прекривки за гарнитурата. Нешто денес ќе фатам, нешто утре. Полека, полека ќе се среди се :) И само што ќе дојде Филип во недела од кај моите ќе биде весело! Не знам што му е на детево, ама не сака ништо да биде средено.
Еве пред некој ден му ги стокмив играчките во кутија, му ја ставив кутијата во неговото катче каде што си игра. И детево едно влегување во соба, ми упати еден убиствен поглед, трчанка кај играчките, ја истури кутијата и се насмеа. Ѕверче!
_____________________________
Live and let live
06.07.2012, 11:25
arh_diz
7198
Dobro utro Jas sum petocki morav da si skratam 2 dena od odmorot
_____________________________
Биди тоа што си
06.07.2012, 11:39
Annet
2404
hey dobro utro,kako ste zenicki?;-)) lele denes posebno mi e ubavo da ne se podrecam ,kerka mi bila vo gradinka,maz mi ja odnel, si igrala so decinjata,ic ne pobarala ni tatko ni majka,koga ja zimal za nazad nesakala,se natazila..uf ako saka da odi vo gradinka za 1 godina nasrekna ke bidam.....sakam edno kafe da stavam ama ova slikomatov breeeeee aman....
06.07.2012, 11:54
Felly RR
7977
Добро утро и од мене. Јас веќе сум на одмор од денес, па ајде како најслободно, еве направив кафе сладолед, повелете!
Анет, не знаев дека веќе почнавте во градинка.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
06.07.2012, 12:02
Annet
2404
ne ne sme pocnale,onaka ja setal i ja odvel, ne sakala nazad,za vo grainka od septemvri 2013;-)zdravje fala za kafe sladoledce eve jas si pijam kafe i si uzivam dodeka I spie,izmorena beee se iznaigralo dusice ubavo heheh
06.07.2012, 12:12
Pepelaska *
3820
Што прајте женски, леле земам не едно две од тие кафињата на Фели со сладолед, ми се врти од жешкооо,не можам ни да пишувам
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
06.07.2012, 13:35
kikicka
4218
БУуууууууууу! Да не се исплаши некој ? Ај фала на кафе-сладолед,јас еве у живо дерам сладолед и тоа сама од оние воголема пластична кутија. па ке правам ручек на господичната што нана убаво.
Темјана ,јас сум ти блиц....сад ме видиш ,сад ме невидиш
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
06.07.2012, 13:55
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Добро утро, добри луѓе
Многу сум расположена вака петочки, денес ми е 12 ден на работа без слободен ден. Го носам вечер Филип кај моите и има да се наспијам вечерва, а утре ме чека луда и незаборавна забава - средување алишта! Кој сака да се забавуваме заедно, слободно нека ми се придружи
Еве ние ќе се забавуваме, ама со Иипче, хе хе..ти на раат да си средиш.
Аууу, надвор е прав пекол, 2-3 саати морав да шетам по улиците и во канцеларија се вратив српжена. Па ем петок, не ми се работи, и башка сама у канцеларија, никој нема..катастрофа. се ми мириса дека ќе кидам порано
06.07.2012, 15:10
AnnaMolly RR
6409
Везилка, дојди накај 6, ќе пиеме нес.
Инаку, морам да ви се пофалам нешто! Еден бенд направи песна со текст на сестра ми! Само што го слушав демото, песната е прекрасна! Не сум пристрасна, сериозно е одлична. Наскоро ќе имаат промоција, па ќе ви ја пуштам да ја чуете.
_____________________________
Live and let live
06.07.2012, 21:44
kikicka
4218
Добро вечер! Иманекој на плажава да уживаме?
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
06.07.2012, 21:48
Ikana
3780
Еве ме мене, смачкав сендвич со патлиџан, сирење и печеница
06.07.2012, 23:08
kikicka
4218
И јас тост со зденка,виршла,кашкавал и маслинки
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana
Еве ме мене, смачкав сендвич со патлиџан, сирење и печеница
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
06.07.2012, 23:25
Beatris
3116
Чим тргнала работава на кркање еве и ја да се пријавам! Штотуку смачкав 2 тањира болоњезе макарони со печурки како птрво јадење денес
Цел ден преживував на кајсии и цреши, се вратив од работа у 7 (ма ето нивно)!!! Фала богу помина неделава а јас преживеав! Идам сеа да се комирам да се фатат тоа макароните поарно
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
07.07.2012, 08:21
Ikana
3780
Дечки добро утро на сите! Бидејќи сум прва на плажа ќе ставам нешто за освежување!
< Поракaта ја уредил Ikana -- 7.7.2012 8:25:12 >
07.07.2012, 09:13
Maca25
7558
Ооо Иканке, тука си...мислев нема да најдам никој на плажава... Фала за кафица! Јас сум од 7 станата, а и Н., па до сега се гушкавме и си гледавме цртани.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
07.07.2012, 10:05
Felly RR
7977
Добро утро и од мене. Ама плажава викендашки - осеќам ќе биде празна. Јас ја пратив М кај баба и долу - ќе месат кравајчиња, денес Иванден. Нека им е честит празикот на сите што го слават.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
07.07.2012, 14:45
Pepelaska *
3820
Празна плажичкава наша,сите дома сте се скриле. Ние си бевме од сабајле во еден манастир, па оттаму на кафе во еден ресторан покрај река мерааци, кој ќе дојде Кичево да ми се јави го носам таму . Викендов одмараме а од понеделник КОНЕЧНО ќе си ја чистам куќата и ќе одиме таму. Икана честито име, си ставила ти и за именден Честито и на сите Ивани и Ивани на форумов :))
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
07.07.2012, 14:50
kikicka
4218
Вечно име на Иваните и Ивановци. Јас бев уште сабајле излезена,по поклони вечер има да вријам ке искачам тралала и тоа изгледа сама,мажле не се знае дали ке стигне на време. Л си нана и то ручек свеки јас ке дремам,наместо да силегнам,ама изгледа ке синанам и јас. Ајд пријатно!
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
07.07.2012, 14:58
Maca25
7558
Вечно име на сите Ивани и Ивановци! Јас и Н. од сабајле си направивме еден убав шопинг, купивме поклон за роденден на внук ми, за Н. неколку маички за летово, а за мене ништо Сега ручавме и идеме да нанаме...сабота е, треба да се искача вечер, да си насоберам сила
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
07.07.2012, 16:05
AnnaMolly RR
6409
Ајде и од мене честит именден на Иваните и Ивановците. И на сестра ми и било именден, добро што ме потсетивте
Јас до пред 30 минути чистев, кревав алишта. Сум направила стакло! Се жалев оти немам место каде да ги сместам алиштата, а сега откако раскренав се ми остана една цела голема полица во плакарот празна Перев завеси, прекривачи... Сега мм спие, Филип е кај моите. Па после да поминам прашина и правосмукалка, па ќе чекам гости вечер, кумовите ќе ни дојдат. И така... Ајде убав ден!
_____________________________
Live and let live
07.07.2012, 16:26
Fiao
771
leleee bree ja se bi dala da mi iskoci nekako magicno edna prazna polica vo plakar Tuku eve sto nie sme pravele denes za angelinka balerinka - kompot od kajsii! i toa domasni, taze bereni . i da vi kazam pravo bidejki mi bese zal da gi frlam nejzinite stakleni teglicki od hipp konecno si najdoa primena! A vo ponedelnik ke pravime sok od domati ili nesto kao salca pa ke gi iskoristime i staklenite sisenca na hipp da ne gi frlime
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Ајде и од мене честит именден на Иваните и Ивановците. И на сестра ми и било именден, добро што ме потсетивте
Јас до пред 30 минути чистев, кревав алишта. Сум направила стакло! Се жалев оти немам место каде да ги сместам алиштата, а сега откако раскренав се ми остана една цела голема полица во плакарот празна Перев завеси, прекривачи... Сега мм спие, Филип е кај моите. Па после да поминам прашина и правосмукалка, па ќе чекам гости вечер, кумовите ќе ни дојдат. И така... Ајде убав ден!
07.07.2012, 16:45
Maca25
7558
Паметно Фиао! И мене ми беше жал да ги фрлам, па еве 3 години ги користам сите тие стакленца од кашички. Последна примена имаа за кафе и шеќер за на работа. Нина спие, јас си грицкам переци и си пијам кафе. Уживанција!! А колку имам работа по дома!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
07.07.2012, 17:06
temjana
1159
Добар ден и од мене јас целиот гардеробер го истурив на земја и сега ќе чека подобри времиња за да се здипли сам Вечер сум на забаав а темата е 50-тите и нормално ништо не ме собира, па ептен се изнервирав што од толкав шкаф не најдов ништо што можам да искористам Ајде ќе се вадам на додатоци и фризура а толку убави комбинации си имав ах ах аххх...
07.07.2012, 17:17
Maca25
7558
Не жали сега за комбинациите темјанче, брзо ќе се вратиш ти у форма па нема да имаш време се да облечеш Јас плакарот не го отварам, се некако си мислам дека ако не го отворам сам ќе се среди Ајде кој е за ладно несче? Бујрум
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
07.07.2012, 22:52
Natuska85
3613
Женичкии има некој бе на плажава?Прошетавме малку со мм по партизанска не се дише леле какво е,pa во Египет на сред август не беше вакво бе .Туку ние сме на медена недела, го оставивме во Гевгелија малку кај баба и дедо па затоа ме нема баш на форумов .Плус почнав да читам за ова правосудниот,многу тешко ми оди,не се враќа лесно во форма по 4 години не учење .
Туку сака некој сладолед?
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."