Знам Натушке, знам дека и него му е тешко, ринта таму по цели денови, имаше огромна среќа што најде работа, па едвај стан најде, па сега треба да го среди, го разбирам и јас него....срце ни се скрши и на двајцата што се вселуваше сам во станот, а прекрасен е за со бебе, милина, ми го покажа на Скајп, преубав дом би бил за нас тројца.....Он тука не може да функционира, се обидовме, работеше, и тоа со факултетско образование за мизерна плата, и плус даде отказ пошто 2 месеци не му дадоа плави картони.....со бебе, замислете!!! Требаше одма да им викне инспекција, ама ајде, се помири и заборави на тоа. Немаше друго чаре, беше или ова или Австралија, а за Австралија не знаете па таму какви проблеми прават. ако сега не се видиме пола година, таму па 5 немаше да се гледаме, пошто ќе требаше на студентски визи да бидеме.
Само повредена сум сега, ми треба време малку за да ја прифатам ситуацијава нова, полесно беше претходно знаејќи дека за 2 или 3 месеци би биле заедно а сега, може и 9 месеци да бидат.
На бебето му треба и татко, не само мајка. Се трудиме што повеќе време да поминуваме на Скајп, баш да биде како да е тука, гледаме телевизија заедно, филмови, па си коментираме итн....Буквално заспиваме на Скајп заедно.
Многу ми е битно бебето да не осети дека фали татко и, бидејќи уште од сега тоа може проблем да и направи....сакам да има јака врска со него, и да се изгради во јака личност, а тоа почнува уште од сега, тој развој. Најболно ми е што можеби нема да ја види како ќе прооди, и едноставно отсуството негово.
Рајче, сори, ама што да ти правам, странициве твои лек за душа се
Темјанче, јас чекам гости во секое време, па и сладолед ќе частам!!! Те гушкам!!!
< Поракaта ја уредил Ikana -- 9.7.2012 11:22:11 >