Здраво женички, како сте ми?
Еве јас се јавувам на рапорт од Охрид, веќе сме кај моите, малку да се адаптираме, па ај да седнам да пишам. Инаку и овде жешко е, само некое ветерче дувка, па тоа малку олеснува. На плажа уште не сме биле, некако деновиве ми беа за никаде, имавме чудна, неочекувана дешавка со свеки и свекорот, и уште не можам да си дојдам на себе, а да не зборам за моите.
Како и да е, ќе помине...
Икана, тешко е, ама ќе издржите, што ќе се прави. И да си бараш помош, ти треба, не можеш ти да бидеш нонстоп сама со малата, посебно сега како расте повеќе, повеќе и ќе си бара. Јас затоа и дојдов кај моите, да имам помош со малиот додека мм не е тука. Уф, одвај чекам сите заедно да си заминеме од тука, ич не ми се седи. И да се прашувам јас, не би се враќала никогаш во Мк
_____________________________
All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.