за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Шеќер за повкусен морков Можеби изгледа чудно да се додаде шеќер во зеленчук, но ова е вообичаен начин на приготвување моркови во Франција. Технички терминот за ова јадење се нарекува Виши Керотс во кој се комбинираат морков, сол, бибер, шеќер и Виши вода. Шеќерот го подобрува вкусот на морковот, го глазира и омекнува, па резултатот е одлично приготвено јадење. Кафе и сол Додадете малку сол во кафето и ќе ја зголемите неговата арома. Овој трик е вообичаено практичен за сите јадења, вклучувајќи ги и слатките десерти. Само малку сол е доволно за да приготвите одлично турско кафе. Месо и семе од анасон Кога динстате месо, додадете семе од анасон - нема да го почувствувате семето, но тоа ќе го збогати вкусот на месото. Овој трик го користи во сите јадења со месо Хестон Блументал сопственик на Фет Дак - ресторанот кој 3 години по ред е прогласен за најдобар во светот.
извор:вечер
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
20.10.2009, 09:49
mother 29
4405
немојте цело време да го занимавате ,анимирате вашето дете,оставете го и само да се заигрува...затоа што потоа цело време ке ве бара да си играте,нема да знае само да се заигра!(ова е од искуство)
27.10.2009, 10:05
big_mama817
1331
Компир и морско оревче Кога приготвувате компир пире во него додадете малку рендано морско оревче. Тој на компирот ќе му даде одлична арома која луѓето нема да можат да ја препознаат, но ќе биде дефинитивно вкусна. Ова важи и за секое друго јадење со компир.
Загреани чинии Секогаш кога сте во можност, пред да го послужите јадењето, загрејте ги чиниите во рерна. На тој начин храната ќе остане подолго време топла, а со тоа и ќе го задржите нејзиниот вкус.
Трик со кромидот Ако ви е потребно да искористите само половина од една главица кромид, секогаш сочувајте ја половината од страната каде се наоѓа коренот на кромидот. Таа страна ќе остане подолго време свежа.
Проверка на јајцата Свежите јајца најлесно ќе ги препознаете по тоа што нивната лушпа е груба и во вид на креда, додека лушпата на старите јајца е мазна и сјајна.
извор:вечер
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
13.11.2009, 15:43
profesorica
5709
Како да го искористите бајатиот леб
Честопати ни останува леб на кој не знаеме што да му правиме. А срцето не ни дава да го фрлиме. Затоа, ако веќе не сте нашле некој на кого ќе му го подарите има неколку начини како да го искористите.
ОД БАЈАТ – ТАЗЕ ЛЕБ
Го потопувате целиот леб во вода и потоа го печете на 370°С околу 12 минути. Ќе се изненадите од резултатот.
ЛЕБНИ КОЦКИ
Промешајте ги во блендер заедно со некаков зачин и чувајте ги во херметички затворен сад во фрижидер.
ПРЖЕНИ ЛЕПЧИЊА
Пропржете коцки од стар леб во многу путер и/или маслиново масло и на крајот додадете малку пармезан. Фантастично мезе.
СУПА ОД ЛЕБ
Искористете го бајатиот леб за им дадете густина на супите, кашите или сосовите.
САЛАТА СО ЛЕБ
Коцки од леб измешани со домати, свежа зелена салата, маслиново масло и вински оцет не претставува само салата, туку може да биде и цел оброк.
АКО ИМАТЕ ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА
Кученцата и мачињата обожуваат леб натопен во млеко. Затоа и ова е еден корисен начин да го искористите бајатиот леб.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
13.11.2009, 15:47
profesorica
5709
Ако ви недостасува некоја состојка
Сите сме се нашле во ситуација кога приготвуваме некое јадење да се сетиме дека сме заборавиле да купиме некоја од неопходните состојки. Продавницата е далеку, вие сте се раскомотиле по напорниот работен ден и не ви е ни на крај памет повторно да се облекувате и да одите да купувате. Во таков случај, седнувате на вашиот компјутер, го отворате Гурман™ порталот и проблемот е решен. Еве неколку предлози кога треба да импровизирате во кујната.
СОВЕТ Запаметете дека секогаш мора да користите иста количина на состојката за замена.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
18.11.2009, 09:39
big_mama817
1331
За што се служи пастата за заби
Збогум на водените дамки Доколку на дрвениот мебел ви се појавуваат траги од чаши и слично, најлесно ќе ги отстраните доколку во мека крпа лесно втриете паста за заби (не гел). Поминете ги критичните места со крпата а потоа едноставно пребришете со влажна крпа.
Цедеата нека траат вечно Цедето е оптички диск направен од поликарбонатна пластика и тенок слој на алуминиум. Иако се многу чувствителни на гребаници, тие најчесто го зафаќаат заштитниот пластичен дел, а не самата меморија. Со благо полирање со паста за заби, може да се поправат малите гребаници. Потоа цедето измијте го и исплакнете.
Пополнете ги дупките во ѕидот Доколку имате дупки во ѕидот, не ви е потребен бетон ниту гипс. Едноставно истиснете забна паста во дупката, отстранете го вишокот и израмнете. Оставете да се исуши, а потоа обојте ја доколку е тоа потребно.
Убодите повеќе не болат Ако ве касне пчела или комарец, нанесете малку забна паста на местото на убодот. По неколку минути би требале да почувствувате значително олеснување.
извор:вечер
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
18.11.2009, 09:47
profesorica
5709
интересно за пастава за заби
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
18.11.2009, 09:47
arh_diz
7198
Flekite najdobro se vadat so sjaj navecer se stava na flekata sjaj za sadovi i utredenta samo se ispira
25.10.2010, 23:01
anebebe
348
koga przite kromid vednas po stavanjeto vo tavce posolete go so malku sol,kromido vednas omeknuva i brzo se przi
26.10.2010, 10:22
Ana Dani
23
Ako friziderot vi primil miris od nekoja hrana ili pak kombinacija od hrani sto stoele ili stojat vo nego, stavete kitka svez magdonos vo casa so malku voda i magdonosot ke go vpie i neutralizira losiot miris.
26.10.2010, 11:22
majka 79
836
ako na nekoj kujnski sad vi se zafatilo bigor, naponete do so voda i turete vinska kiselina i taka stavete go na sporet da vrie desetina minuti. siot bigor ke se iscisti.
06.12.2010, 17:17
mila mama
1616
Za da nemate gasovi koga jadete grav, za vreme na negovoto varenje stavete pola caska rakija vo tendzeroto, alkoholot ke ispari no ke pomogne za namaluvanje na gasovite
06.12.2010, 21:45
Natuska85
3613
А ако ми загори ѓезвето од млеко,со што да го исчистам
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
28.12.2010, 21:39
Maca25
7558
ќе рибаш натушке јас едно тенџере што ми загоре го наполив со вода и со арф, го заборавив една недела на тераса и тоа само си се исчистило.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
28.12.2010, 22:47
Twins
1228
Ako sakate domot ubavo da vi mirisa koga ke vi idat gosti a nemate osvezuvac za prostorii, vo prskalka so voda dodadete omeknuvac (poveke omenuvac a pomalku voda )i so ovoj rastvor poprkajte na perdeto na delot koj ne e a prozorite ili na pernicinjata od garniturata za sedenje
28.12.2010, 22:51
Twins
1228
Ogledaloto vo kupatiloto izmackaje go so pena za bricenje i ubavo ubavo istrite go dodeka ne e sosema cisto , ako sakate da ne vi se zamagluva posle tusiranje. Samo treba ubavo da se istrie da ne vi ostani zamackano.
28.12.2010, 23:04
Natuska85
3613
ИЗВОРНА ПОРАКА: Twins
Ako sakate domot ubavo da vi mirisa koga ke vi idat gosti a nemate osvezuvac za prostorii, vo prskalka so voda dodadete omeknuvac (poveke omenuvac a pomalku voda )i so ovoj rastvor poprkajte na perdeto na delot koj ne e a prozorite ili na pernicinjata od garniturata za sedenje
И мајка ми редовно ја прави оваа финта
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
29.12.2010, 00:05
Maca25
7558
ИЗВОРНА ПОРАКА: Twins
Ogledaloto vo kupatiloto izmackaje go so pena za bricenje i ubavo ubavo istrite go dodeka ne e sosema cisto , ako sakate da ne vi se zamagluva posle tusiranje. Samo treba ubavo da se istrie da ne vi ostani zamackano.
е ова не ми текнало. баш се мислев што да правам со огледалото, стално ми е замаглено, не можам да си се видам убаво
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
18.01.2011, 14:28
Natuska85
3613
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85
А ако ми загори ѓезвето од млеко,со што да го исчистам
Го фрлив,без никој да види, неможев да го исчистам
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
18.01.2011, 14:50
Twins
1228
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85
А ако ми загори ѓезвето од млеко,со што да го исчистам
Го фрлив,без никој да види, неможев да го исчистам
20.01.2011, 10:23
Maca25
7558
Места во домот на кои се таложат бактериите
Бактериите се онаму каде што можеби и не сте очекувале. Рачките на казанчињата и пешкирите не мора да бидат најопасни “одгледувачи” на опасни бактерии.
Тастерите на телефонот може да содржат и до 18 пати повеќе штетни бактерии отколку просечна рачка на казанчето, во семејства каде што се внимава на хигиената. Некои од нив можат да предизвикаат сериозни желудочни проблеми.
Експертите со помош на микробиолошка анализа на различни предмети од еден дом во Англија доаѓаат до следните резултати:
- Компјутер
Се користи од членовите на семејството по неколку часови, тастатурата ретко се чисти, а децата на него често играат. Резултатите биле незадоволителни: вкупниот број на бактерии изнесувал 33 милиони. За среќа, Ентеро бактерија и Ешерихија коли не била пронајдена, што значи членовите на семејството добро ги мијат рацете. MRSA, која обично знае да се најде на кожата, била присутна во бројка помала од 10 милиони, што е добар резултат. Сепак, нивото на присуство на габи била околу 10 милиони, што е многу големо количество.
Големото количество на бактерии и габи е последица на навиката за јадење над тастатурата. На остатоците од храната се развиваат бактерии, а ние со типкањето на тастатурата ги собираме и ги внесуваме заедно со чипсот или сендвичот доколку го јадеме кога работиме на компјутер. Следува заклучок дека не треба истовремено да се јаде и да се работи на компјутер.
- Рачка на ладилникот
Вкупниот број на бактерии 850.000 – исклучителна контаминација. Подеднакво е и со габите. Рачките на ладилниците се класични расадници на бактерии, кои може да се најдат и во најчистата кујна.
- Кадифени играчки
Често се случува кадифена играчка која ја користат различни генерации на деца никогаш да не се испере. Во овој случај, на старото мече пронајдени се незадоволителни 1.500 бактерии и висока концентрација на габи.
Кадифените играчки, посебно оние постарите, обично имаат мноштво бактерии на себе. Размислете само колку често малите деца ги гушкаат при играта, или уште полошо, при јадењето. Затоа, најдобро е ваквите играчки да се исперат. - Телефон
На телефонот кој се употребува две години се насобрале 32.000 бактерии, што не е дозволиво според хигиенските стандарди. Најмногу микроби се наоѓаат на предмети кои што ги употребуваат повеќе лица
- Даска за режење
Се употребува скоро секој ден и се пере со детергент веднаш после употребата. Сепак, на неа се пронајдени вознемирувачки 4.200 бактерии. Затоа е потребно после употребата да се измие и со врела вода. Најдобро е кога се има посебна даска која ќе служи за сечење на сурово месо.
- Пешкири во бањата
На нив се пронајдени околу 4.000 бактерии, меѓу кои и MRSA, како и доста габи. Идеална подлога за бактериите се влажните пешкири во бањата. А новите бактерии непрестајно пристигнуваат со рацете кои не се добро измиени. Не заборавете да ги исперете пешкирите барем на 60 Целзиусови степени.
- Прекинувач за светло во WC
Пронајдени се 1.000 бактерии, што не е задоволувачки, но е добар пример дека тоалетот има помалку бактерии отколку други места во домот. Затоа, грешат оние што го чистат секој сантиметар во WC-то или бањата, а просторот за подготовка за храна не.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
20.01.2011, 10:33
AnnaMolly RR
6409
Ако сакате да отстраните дамка од црвено вино, ставете мнооооогу сол на местото и оставете го некое време. Солта ќе ја впие течноста и ќе ја отстрани дамката.
За отстранување на масна дамка од облека или чаршав, ставете беби пудра (талк) врз флеката и оставете да отстои преку ноќ, па исперете.
За да извадите залепена мастика од облека има два начина. Или ставете весник врз мастиката, па некоја тенка крпа и пеглајте додека мастиката не се залепи на весникот. Или ставета парче мраз врз мастиката додека не се стврдне и се извади.
_____________________________
Live and let live
20.01.2011, 10:35
Maca25
7558
Омекнувач за алишта против прашина
За да спречите насобирање на прашината на стаклени површини во вашиот дом, во литар вода ставете една лажица на омекнувач за текстил и добро истријте ја површината.
Омекнувачот ефектно ќе го исчисти стаклото, но и ќе го спречи собирањето на прашина и влакна на површината. Каков таков тој е идеално средство за чистење за маси со стаклени површини, компјутерски монитори и телевизори.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
20.01.2011, 10:37
Maca25
7558
Чистење на подни површини
Линолеум
Најлесно се чисти со млака вода, во која се раствора малку сапун за перење алишта. После пребришувањето со растворот на сапун, линолеумот исперете го со чиста, млака вода и премачкајте го со сјај за подови;
За да ги исчистите масните дамки од линолеумот, во малку студена вода ставете жолчка од јајце и со таа смеса истријте ги дамките. Потоа линолеумот исперете го како и обично.
Керамички плочки
За чистење на подот со керамички плочки користете раствор на еднакви делови на млака вода и оцет;
Перете ги со вода на која сте додале алкохол, а потоа избришете ги со сува крпа, со што ќе се добие изненадувачки ефект;
Масните дамки од керамичките плочки исперете ги со раствор од детергент, млака вода и додаток на амонијак;
Дамките од чај од керамичките плочки отстранете ги со сол. Посипете ги плочките со сол, пребришете, исперете ги со чиста вода и исушете ги со пребришување со мека крпа.
Паркет
Дамките од мастило на паркетот ќе исчезнат доколку ги истриете со крпа натопена во смеса од глицерин и млеко. Тие делови од паркетот исперете ги со вода;
Дамките од лепило од лакиран паркет ги симнуваме со вата натопена во ацетон за симнување на лак од нокти, внимавајќи притоа да не го оштетиме лакот на паркетот;
Дамките од лепило на нелакираниот паркет се чистат со чист бензин, кој може да се нанесува со стара четка за заби. На крајот паркетот треба да се испере со вода.
Дрвен под
Масните дамки од дрвениот може да ги исчистите така што секоја дамка ќе ја премачкате со густа мешавина на оцет и брашно и ќе оставите да делува 1 минута;
Многу валканиот дрвен под ќе го исчистите со стругање со сунѓер од жица. Гребнатините на дрвениот под истружете ги со хартија за брусење, а потоа премачкајте ги со безбоен лак.
Ламинат
Ламинатите чистете ги со наменски средства за ламинати кои се разредуваат во вода. Притоа, чистењето нека биде со добро исцедена крпа. После чистењето на подот со мокра крпа, потребно е подот да се пребрише уште еднаш со сува крпа;
Важно е ламинатот да се одржува чист бидејќи прашината, песокот и нечистотијата со тек на време може да ја оштетат декоративната површината. Поради тоа, добро е во подрачја кои често се валкаат да се стават простирки, за да се избегне создавање на тврдокорни нечистотии.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
20.01.2011, 10:38
arh_diz
7198
Dokolku imate neprijatna mirizba vo kondurite stavete navecer soda vo gaza vo kondurite .