Масни дамки на вашата облека? Може да ги снема за миг!
Слатко јадевте, прекрасно чувство нели, но одненадеж на вашата облека се појавува масна дамка од слаткото јадење, и во еден момент слаткото веќе не е слатко. Но немате причина да не продолжите да уживате во полниот стомак. Постои идеално решение да ја исчистите дамката од маснотија на вашата облека и тоа за многу кратко време.
Решението е многу едноставно.
Прво што мора да побарате е креда, да добро читате… токму онаква каква што се користи во училиштата.
Раситнете ја кредата на што можно помали парчиња нешто налик песок. Нанесете ја кредата на масната дамка, по 1 час, со млака вода на некоја ткаенина истријте го местото со дамката. Почекајте местото да се исуши и ќе бидете зачудени од ефектот.
За да биде ефектот појак и посигурен, на кредата можете да ставите и неколку капки бензин и ќе добиете 100 % отстранување на масната дамка.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...