cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: однесувањето на децата на гости

clock-img

11.05.2012, 17:26

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

М иако е немирен дома, на гости е мирен, е сега понекогаш ако седиме подолго и ако се опушти доволно станува немирен и не е немирен во смисла да префаќа, да истура, да мачка, туку ме нервира тоа што знае да се затурка или да подмавнува (удира) особено ако има помали или деца на негова возраст. Е само заради тоа не ми се носи никаде. Инаку веројатно сите деца сакаат да јадат тоа што е забрането, М на пример од се што ќе има на маса веднаш зема или кикиритки или чајни или такво нешто сувомеснато, јас упорно го нудам, земи кашкавалче сине, а тој не, салама.
А сакав да кажам пример за едно гостинче што скоро дојде кај нас. Значи такво дете немам видено. Прв пат доаѓа кај нас, прв пат ме гледа, ама сепак тоа не му беше проблем да вика, да скока, да трча низ соба, буквално како некое хиперактивно дете. Михаил кутрото да знаете само како го гледаше цело време, помирен во животот го немам видено. Па после и велев на мајка му, одсега ќе ти се јавувам да ми го праќаш, кога М не е мирен, да го смируваuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.05.2012, 18:11

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

М е многу примерна гостинка. Дури ние и велиме - стани малце, прошетај, да не седи само до нас.user posted image И тогаш веќе се ослободува. А за јадење, па нормално тоа што има извадено ќе сака да проба. Ако сметам дека ептен - заради алергија - не смее нешто да јаде, нема да и дадам, а за друго - нездрава храна, многу и не и бранам, за еднаш што ќе касне, на гости, не ми е проблем.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

28.02.2014, 02:24

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

За помалото се уште не знам каков гостин ќе биде кога ќе потпорасне а за М можам да кажам дека во последно време е многу немиран гостин.Посебно ако сме само јас и тој без татко му значи ќе почне да прави нешто белја да расфрла се што ќе земе и да привлекува внимание.Тоа воопшто не ми се допаѓа посебно затоа што тој никогаш не бил таков секогаш бил примерен и умен гостин и како ќе си седне на кревет цело време така се додека не станеме да си одиме.Се надевам дека таа фаза така да кажам нема долго да трае затоа што веќе не ми се води никаде со мене посебно ако морам да одам сама со него без мм,цело време само трчам по него и го карам да не прави белја.ММ вели дека ќе почнат да си ја заклучуваат вратата од нас луѓето кога ќе видат од прозорец дека ние им идеме на гости.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

28.02.2014, 09:19

clock-img

Annet

pencil-img

2404

Na gosti sme dobri.Po priroda sme sramezlivi.I odime samo tamu kaj sto saka,posto dete neke gnjavazi:)))
Moze da se sluci i da nesaka da vleze nekogas:) No kaj omilenite prijateli i rodnini,vleguvame,se opustame i se e nase:)))

clock-img

15.10.2015, 18:57

clock-img

marchi

pencil-img

948

Стефан па секаде е различен. Се зависи од луѓето каде што одиме. Зависи како се поставуваат децата према гостите. Претежно е мирен и знае да комуницира и да игра но прво ги следи границите кои ги поставува домаќинот

clock-img

16.10.2015, 11:50

clock-img

tincule

pencil-img

183

Ние сме ангелчиња на гости кога ќе отидеме, мирни сме срамежливи, важни се правиме према гостите, тогаш ако треба да се јаде немаме време не ни се јаде пошто ја истражуваме околината на гости, ама притоа не чепкаме се и се што само она што ќе ни се даде. Ептен сме срцки да ти е милина да ја шеташ user posted image

clock-img

19.10.2015, 18:04

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Кога беше Л мал (дека сега е многу голем user posted image ) одевме на гости со страв .
Плачеше од луѓето ,седеше само во мене ,ужас.
Сега е мирен ,си игра ,разговара ,за јадење ако има нешто што сака ке земе ако не не се посегнува по ништо .
А со Ј немаме проблем за шетање ,таа нема гајле ,ни страв ни срам има .
Битно да биде центар на внимание ако треба и на глава ке стои user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

20.10.2015, 09:47

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Пред некој ден бевме на гости кај кумовите и стварно беа за пофалба, кумата му истури играчки и прво си играа со играчките, после културно си зедоа од маса што имаше си каснаа, па сликовници му читаше таа, разгледуваа, раскажуваа, после дојдоа и други гости, роднини ни се и тие со децата, па и со нив после играа и така се на се мирни беа.
Значи стално различно се однесуваат, се случува на други места да не седат воопшто мирни, да префаќаат, да се качуваат по кревети, да скокаат, да трчаат, ама сега одамна немавме отидено на гости, освен кај баба му, тоа не се смета и еве супер беа

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

20.10.2015, 10:09

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

За малото не коментирам, се уште е бебе user posted image . Големата е за сега примерен гостин, кој ги следи инструкциите на домаќините user posted image .
Бидејки посетуваме најчесто едни исти блиски луѓе, со деца на возраст приближна со Т, не е проблем да се заиграат, во рамки на однесување согласно возраста. Ако појдеме каде што има поголеми деца (10-12 години), па уште и тераат ќеиф - е тогаш оди да тргнеш накај дома user posted image .
Не дозволувам претерано однесување (скокање, трчање, отворање шкафови и сл.) дури ни ако домаќинчињата наведуваат на таква игра.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

21.10.2015, 22:43

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

мојов сака да биде гостин ама не за долго време на почеток му е пријатно се заигрува ако има детенце обавезно одиме со животинско царство а и да нема носам во чанта оти не секогаш сака да биде некаде и да седи... ми се има случено неколку пати да неки ни кај мајками да седи почнува да плачи се тегни ме каса и слично и знам мора да одиме дома , само что ке влезиме одма е друго дете дури воздивнува со олеснување... еве кај моите се му се оди по газето немирно тој е главен и пак не издржува долго време т.е ако сме на ручек ојдени скоро стално со плачки си бегаме user posted image

clock-img

21.10.2015, 23:05

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

MamaKiki јас имав таков проблем со поголемото дури имаше периоди кога ми беше страв да одам некаде и тоа траеше додека направи четири години ,сега е многу умен гостин не е тоа дете што беше

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

22.10.2015, 12:12

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

lukajana не е на одмет што слушам дека не сме само ние расплакани, user posted image ама и долго ви траел периодот user posted image нека се здрави и живи на моменти тешки се за разбирање.

Последни статии

article-img