cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Детска недела

clock-img

09.10.2014, 23:11

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Е баш ми е криво понделникот и вторникот не го однесов во градинка, демек ај со одморов да се видиме дома малку, а во понеделникот цртале и цртежите беа истакнати на огласна, а во вторникот имале спортски активности со другата градинка. Во среда имаа квиз на темата, денеска работилница и бидејќи во нашата градинка се отвори нов дел, па и градоначалникот присусуствувал и имале кратка приредба и пак ми е криво зашто бев на работа и не можев да одам да го гледам и плус не знаев за приредбава па си го облеков нормално во тренерки, да знаев ќе го дотерав малку, ама тоа е. А за утре е предвидено возење со вовчето градско и посета на знаменитости и исто продавање на творбите од работилницата

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.10.2014, 10:00

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Сноу, и мене ми е криво што М пропушти некои активности, а со толкав мерак ги чекаше.user posted image Но во средата ни се јавија да ја земеме од градинка, се жалела дека не и е добро, и кога ја однесовме на лекар - гнојна ангинаuser posted image
Значи ја пропуштивме прошетката со вовче до спомениците, дечињата требаше да носат цвеќиња да ги положат на спомениците, и беа во Участакот (Меморијалниот Музеј „11 Октомври 1941“), но затоа денес ќе одиме на хепенинг каде ќе имаат настап - балет, и потоа ќе имале изложба во Домот на Културата - сите направиле цртежи со илустрации од градот.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.10.2014, 20:09

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Е ние и викенд активностите ги пропуштивме, правевме зимница и не можевме да одиме, тој беше со вујко му излезен, ама не сакал да гледа, ај утре на Ѕвесдички ги надоместимеuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

07.10.2015, 09:50

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Започна детската недела, која се одбележува секоја прва полна недела во месец Октомври, така што оваа година е од 05-10 Октомври.
Какви активности има во вашите градинки или училишта?
Јас оваа година некако не забележав некаква атмосфера, не знам зошто, може е до тоа што во градинка сме мали, а и на училиште најмали, па може не се вклучлени. Најверојатно во градинка, ќе има повторно работилница за изработка на играчки кои ќе се продаваат во петок, тоа го прават секоја година, а и на родителската минатата недела за тоа спомнаа

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

07.10.2015, 11:14

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Баш вчера забележав истакната табла на влезот од градинката, каде беше напишан распоред на настаните во градинката по повод детската недела. Секој ден, од 05 до 10 Октомври имаат теми кои се интересни за децата и се однесуваат конкретно на нивните права и интереси - претстави, танцување, ликовни работилници, а во петок и гостин - родител кој ќе има улога на Раскажувач на приказни.
Сите настани се во рамки на работното време и активностите на градинката.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

07.10.2015, 12:27

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Кај нас нема ништо посебно за детската недела ,нема никакви активности освен приредба што треба да биде во петок.
Ни побараа по 30 ден. за маркици и тоа е се .
Може сме мали па затоа децата не се вклучени во ништо туку само ке ја гледаат претставата.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

Последни статии

article-img