cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Што не сака да јаде детето

  
clock-img

06.10.2009, 10:15

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

Дали имата некоја посебна храна што не ја сакат вашите деца?

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 5.3.2013 15:11:18 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

06.10.2009, 10:18

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Спанаќ. Не само што одбива да го јаде туку ако ја убедам да голтне потоа го повраќа.
Затоа пак се друго зелено, грашок, тиквици, брокула, краставица, обожава.


< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 5.3.2013 15:11:33 >

clock-img

06.10.2009, 10:21

clock-img

mami

pencil-img

8680

уф..не сака сирење, урда, се што е солено...ако супата му е малку посолена не ја јадеuser posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 5.3.2013 15:11:54 >

clock-img

06.10.2009, 10:47

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Не сака домати и краставици, ако му го натопам лепчето во сок од домати го плукаuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

06.10.2009, 11:41

clock-img

ostoun

pencil-img

436

Ne saka mnogu domati , no zatoa vo supa i mandza si gi jademeuser posted image user posted image user posted image

clock-img

06.10.2009, 11:51

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: ostoun

Ne saka mnogu domati , no zatoa vo supa i mandza si gi jademeuser posted image user posted image user posted image



и ние во манџа ги јадеме доматите или во вид на салца.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

06.10.2009, 11:56

clock-img

nadica

pencil-img

4381

овошје не сака со сила го даваме user posted image многу ретко каснува по малку не го сака во ниедна форма ни варено ни печено ни свежо user posted image user posted image user posted image помагајте

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

06.10.2009, 11:58

clock-img

mami

pencil-img

8680

а да ја пуштиш сама да зема? исечкај и на парченца па сама нека си го стави во уста..Лука обично кога му даваме не сака а ако му сервираш сам да зема тогаш јаде

clock-img

06.10.2009, 12:03

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Да и ние така му даваме на Дамјан, и он више несака банана гмечена него така си ја гриза а и други работи сака сам да ги држи и трча низ куќа и си каснува по малкуuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

06.10.2009, 12:03

clock-img

nadica

pencil-img

4381

пробувам ама не ни оди баш најдобро можеби треба во текот на целиот ден да има нешто на дофат па можеби ќе касне нешто

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

06.10.2009, 12:10

clock-img

mami

pencil-img

8680

види кај моите дека е по цел ден они му ставаат едно чинивче на масичката полно со сецкано овошје или оние рипчиња грицки и он помини замини си каснува

clock-img

06.10.2009, 12:13

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

не сака да јаде пиперки,краставици,домати и моркови

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

06.10.2009, 12:40

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Не јаде сирење, кашкавал-во сирова форма- пржено и во тост и пица може.
Не сака киселина во салата, не јаде туршија, зелка ни под разно.

Ама обожава благо, овошје и месо.user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

06.10.2009, 12:59

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Не сака пиперки.Во главата си има зацртано дека се лути и нема шанси да го убедиш да јаде.

clock-img

06.10.2009, 13:09

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

не сака мед,боранија,бананата ја прејаде и сега сме во фаза на апстиненција од неа,ама па затоа се друго јаде...домат,морковот си го грицка како зајче,омилено му е грашок манџа....

а јаболките и краставиците, мав ги прави...не се жалам си јадеме ние....

clock-img

07.10.2009, 14:20

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Марко си ручка се.пу пу .....
вчера за прв пат му дадов да проба мајонез,му се допадна.
единствено нешто сто не сум му дала се печурки.си порачуваме пица пола со ,пола без печурки?


вие сте му дале печурки,култивирани ,на детето ?

clock-img

27.10.2012, 11:15

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Н. не сака пиперка, ориз, спанаќ, млада тиквичка, не сака цвекло, во последно време не сака ни јаболко. Сево ова порано го јадеше, но последнава година одбива да ги јаде, дури и ги повраќа.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

27.10.2012, 13:10

clock-img

Calypso

pencil-img

1386

Син ми јаде скоро сè. Многу зависи како е припремано јадењето и дали ќе му се допадне. Ама знам дека не сака тиква и костени (му се наткрева за повраќање од нив, со тиквата уште од 6 месеци кога проба првпат), не сака ни леќа ни боранија, со зорт ги јаде, исто како татко му. Ама му ги мешам со кисело млеко, па ќе ги изеде, бидејќи не му попуштам - што има за ручек, тоа ќе јаде. Не сум му дала сувомеснато и печурки сè уште, не знам ни дали ќе ги сака - сувомеснатото може ќе го сака, бидејќи сака месо, ама ќе оддолжувам колку што можам повеќе, барем до три години (сега има година и пол).

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

clock-img

27.10.2012, 23:51

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

М има некои работи што воопшто не сака да ги проба. И кога ќе рече НЕ, нема шанси да и дадеш да касне. Еве на пр. цело лето не касна домат / патлиџан, иако лани јадеше цело време. Многу пати ако земам јас нешто да каснам, и таа ме прашува - Мамо, што јадиш? и уште пред да и одговорам ми вели - Јас, неќам. (Да не случајно и понудам и неаuser posted image ) Не сме многу по јадењето.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

28.10.2012, 00:04

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

И Борјан не сака домат, многу ми е криво, ја од уплав да не биде ко татко му, пола зеленчукова храна да не ја јаде... пиперка само свежа пробал, од домат не сака ни кечап, ни салца. Не сака паштета, салама, не ми е ни криво за тоа, а и ајвар не сака. Сега купив тиква, па да видам, не верувам дека ќе ја сака, лани во чоколиното му ја мешав не ја осеќаше. Од готвена храна не сака ориз и шпагети, му се гади од лепливоста и лигавоста, а штотуку почна да јаде макарони, едвај, со триста ветувања и молби.

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

28.10.2012, 00:09

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Заборавив за ајварот - и тоа не сака ни да го проба. Устварни никаква пиперка не каснува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

28.10.2012, 08:47

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

И кај мене Л. ајвар не сака, мелено месо не сака инаку другово го јаде.
Се што и лепи во уста не јаде,и се што ја бочка на пр:како бискота не јаде,а инаку стопено во млеко јаде и бискота и корн флекс.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

28.10.2012, 09:41

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Нина не јаде пиперка, па не сака ни ајвар да јаде. Не скаше летоска ни летна манџа да проба, не сака ни полнети пиперки.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

28.10.2012, 15:35

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Филип не јаде апсолутно ништо што е црвено - домат, јагоди, малини, капини, црвен овошен јогурт, црвен сок, ајвар user posted image . Исклучокот е кечап. Само тоа црвено јаде. Не јаде ни мелено месо во никој случај, освен ќебап user posted image Не јаде еурокрем, мармалад, мајонез. Мислам дека тоа е тоа.

_____________________________

Live and let live

clock-img

28.10.2012, 20:27

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Мојот син не сака свежо овошје ако е сецкано, на парчиња, не сака ни да проба да загризе. Било што. А ако му изблендирам ќе јаде ама оти мора. Единствено банана два дена јаде кога му давам парчиња, два дена ја плука , се гади. user posted image
Друго се јаде што му давам, да ли му се допаѓа или не, додека не се буни добро е. user posted image

Последни статии

article-img