гледам тука освен што се спомнуваат општи поими, се спомнуваат и лични имиња, па си викам ај и јас да се вклучам во темата.
прво, за натали не знам, ама каролина е добростоечка, да не речам богата, од мала, а со оглед на тоа што работи од 10 години, најголем дел од нејзиното богатство сама си го има спечалено, што повеќе ја квалификува како спонзор, отколку како спонзоруша. повеќето од нејзините дечковци баш и ќарувале (во смисла на поблицитет) од тоа што биле со неа. тоа што повеќето исто така се дебили, би била тема на друг муабет.
друго, не ги гледам спонзорушите како жртви, ама во едно општество што има огромна тенденција да ја третира жената како предмет, појавата на спонзоруши е сосем логична. погледнете само еден блок реклами на тв, ќе ви стане јасно за што зборувам. секоја втора реклама е во најмала рака навредлива за било која просечна жена: на пр. рекламата за златен даб со јахтата, онаа на шпаркасе банка и онаа со дечкото што барбиката ја претвора во жена (плава, глупа и НЕМА). да не зборувам за тоа како изгледаат жените од музичките спотови од регионот (и светот), а пак турските серии ми се посебно болна тема: јаде ќотек од татко и, дечкото ја силува, ама она добра е ќути и трпи и не презема никаква акција, ама е убава и необразована, па на крај како награда некој богат ќе ја земе за жена. е а колку девојчиња кај нас гледаат по 5 такви епизоди дневно заедно со семејството, и што мислите какви модели на однесувње учат од нив. за индиските серии да не ни почнувам.
во главно општеството бара од жената да изгледа добро, да не зборува многу и главна работа да и е да купува и да се дотерува. жените што се јавни личности по друг основ се грубо навредувани врз оснава на низвниот изглед, а многу ретко врз оснава на нивната компетентност. силвана бонева е најмунка, рада е чавка, а весна бендевска имала секси усни... хелоу???
понатаму, ај запрашајте се самите што ви звучи поубаво да ве квалификуваат како феминистка или спонзоруша? некако ова првото не е баш секси, може после нема да може дечко да си фатите, а?
плус, мажите што се плеткаат со спонзоруши точно знаат што сакаат и што добиваат. немојте со тие муабети растурила брак, врска, му го свртела умот - демек тој полуретардиран, па првпат жена видел и не знае што прави. тоа што се растурило и онака веќе не функционирало. не се воопшто наивни мажите. на цела порнографија наоколу мислите дека некој ќе се збудали затоа што некоја многу добро пу*и? тоа си е бре, пазарен однос. тој меѓу другите скапи и убави предмети што ги има си купува и убава жена и е јак фраер, и за возврат ја финансира.
и исто така факт е дека често спонзорушите се жртви на насилство, баш лани едно девојче во унгарија беше силувано и претепано, и оставено да умре, зашто беше промискуитетна, па си решиле тие двајца (јаки фаци, функционери или бизнисмени) дека мора и со нив да спие, па кога не сакала ја претепале. имаше едно многу потресно видео во болница од девојката пред да умре, едната рака и беше ампутирана, во кое ги идентификува напаѓачите. а да, иначе тие беа ослободени, нели спонзоруша била девојката, па нема што да се бара правда за неа. понатаму што се случи не се информирав.
мене лично ич не ми сметаат, и не би нарекла спонзоруши, и мислам мислам дека како портал што е претежно користен од страна на жени, би требало малку повеќе да охрабруваме, отколку да осудуваме. вака некако му доаѓа дека сам себе го убијал. и да не се лажеме, скоро сите ги проценуваме партнерите, меѓу другото и по тоа каков им е и социјалниот и финансискиот статус, и тоа еден вид на пазарење, ама тука нема ништо лошо.
а кога светот ќе стане таков што во пракса ќе промовира образование и толеранција и слобода на избор наместо силиконски гради, нокти, усни, гзови на сите страни, и кога машки разголени тела еднакво ќе се користат за рекламирање на производи од типот на автомобили, ќе нема спонзоруши. сега засега, тие се есенцијален продукт на капитализмот.
и за крај еве ви една софистицирана реклама за тоа како општеството ја гледа жената.