за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
пушев се додека не ми кажа доктор дека сум трудна. тогаш ги баталив одма, без размислување. немав запалено се додека ги доев децата. после тоа палам понекогаш, но ретко...или со винце/пивце или со кафе
01.02.2011, 23:01
Bogdancanka
5422
Мозокот и решителоста за одвикнувањето од цигари
Мозочната активност може да помогне во проценка на решителноста на пушачот да се откаже од пушењето, покажуваат резултатите на едно американско истражување објавени во научното списание „Здравствена психологија“.
Американските научници дошле до овие резултати со скенерско набљудување на деловите од мозочната кора поврзани за промени во однесувањето спроведено на 28 загрозени пушачи, кои учествувале во програмата за одвикнување од цигарите.
Истражувањето е спроведено на Универзитеот „Калифорнија“ во Лос Анџелес на тој начин што учесниците гледале серија пораки наменети за одвикнување од пушењето, додека скенерот ги регистрирал активностите на нивниот мозок.
По секоја порака, испитаниците бележеле на кој начин таа влијаела на нивниот план за одвикнување од пушењето и дали ја зголемила нивната решителност.
Резултатите покажале дека пациентите чија мозочна кора, која влијае на промените во однесувањето, била активна за време на емитувањето на пораките биле склони кон намалување на употребата на цигари во следниот месец.
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
15.12.2011, 09:26
Bububebe
564
Пушев пред бременоста ама не многу.После 11 месеци пауза,јас се отрув од цигари,пола ден на тараса го поминувам
29.02.2012, 11:07
Mimushka
136
Слушнал ли некој за откажување од цигари со хипноза?
29.02.2012, 11:33
Viktori
5329
Не сум слушнала и некако не ми е за верување, искрено кажано. Дури мислам и дупче со бургииче да ти направат во мозокот и да ти ги смешаат жичките, пак ќе се бориш со зависноста, безразлика дали е психичка или физичка. Додуша со првата секогаш ќе се бориш. Да е така лесно со хипноза ПУФ и ни наркомани ќе има, ни пушачи, ни алкохоличари...
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
29.02.2012, 12:59
Mimushka
136
јас купив електронска цигара и џабе
29.02.2012, 14:20
kikicka
4218
Погнасно од тоа немам пробано па попрво ке се откажеш од ел.цигара него ли од оваа вистинската
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mimushka
јас купив електронска цигара и џабе
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
29.02.2012, 14:22
kikicka
4218
уште малку и под аспиратор ке се пикнеш
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe
Пушев пред бременоста ама не многу.После 11 месеци пауза,јас се отрув од цигари,пола ден на тараса го поминувам
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
12.03.2013, 08:35
Бушавка
24
Ако не можете да се откажете од пушење, пробајте со медитација или јога. Тоа ќе ја зголеми вашата контрола врз умот и телото
12.03.2013, 08:37
Tanjicka
475
jas vo zivotot nikogas ne sum probala cigara a i ne bi probala, tolku mi e gadno , toa cudo, doma kaj mene nikoj ne pusi, duri i gostite pusat nadvor, mene mi e gad i pepeljara da isturam
12.03.2013, 11:05
Mihaela 2010
4230
pusam od vreme na vreme uz kafe..ne sum strastven pusac da ne mozam bez niv...taka da lesno mozam da propusam i lesno da gi otkazam
22.07.2013, 14:48
Mimushka
136
dali moze nekoj da mi kaze kade mozam da ja najdam knigata od Alen Kar?Ja nema da se kupi vo nasive knizari
13.08.2013, 14:01
Mimushka
136
JA NAjdov
24.02.2014, 17:56
Defne90 RR
1991
Пушењето е причинител на 25 болести од чии последици годишно умираат околу 6 милиони луѓе во светот! Иако, за откажување од цигарите, пред сè е потребна волја, постојат и мали трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од оваа грда, скапа и нездрава навика, со која си штетите самите на себе, а и на тие во ваша околина.
1. Кога ќе забележите силна желба да запалите цигара, воздржете се и сконцентрирајте се на тоа, колку тој порив трае. Никотинските кризи надоаѓаат во бранови, а траат околу 3 минути. Стрпете се. Три минути брзо поминуваат, а вам ќе ви биде полесно кога ќе знаете дека сте се избориле со желбата.
2. Грицкајте нешто или лижете бонбони. Шеќерот помага во убивање на желбата за никотин, но можете да употребувате и бонбони без шеќер. Исто така, чаша ладна вода ја смирува желбата за цигара.
3. Прошетка и вежбање се совршен пар во борбата против пушењето. Телото на тој начин побрзо ја надминува никотинската криза, која е нормална појава кај оние кои се трудат да се одвикнат од пушење.
4. Во моменти кога буквално се тресете за цигара, подгответе си топла купка и додајте во неа некое етерично масло, како лаванда или јасмин. Тоа ќе ве релаксира и смири, а желбата за никотин ќе исчезне.
5. Никотинските гуми за џвакање помагаат да се преброди кризата, посебно во првите 10 дена.
6. Во моментот кога ќе посакате да запалите цигара, одете до бањата и измијте ги забите со ментол паста. Ладниот вкус на ментол ја убива желбата за никотин.
7. Наместо навиката – кафе и цигара, напијте се чај. Чајот има моментално дејство како и кофеинот.
8. Џвакајте гуми за џвакање со мирис на нане или грицкајте стапчиња од цимет. Тие исто така ја намалуваат желбата за пушење. И не заборавајте – кризата трае само 3 минути.
9. Подгответе го телото за откажување од никотин, така што ќе внесувате повеќе зеленчук и овошје. Подгответе си пијалак така што во пола децилитар јаболков оцет ќе помешате два децилитри вода. Овој пијалак ја гаси желбата за никотин. Пијте мултивитамини. Здравствени предности од откажувањето од цигари:
После 20 минути: се смалува бројот на отчукувања на срцето и се намалува крвниот притисок.
После 12 часа: нивото на јаглен моноксид во крвта се спушта до нормала.
После 2 до 12 недели: се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови.
После 1 до 9 месеци: се смирува кашлицата и недостатокот на воздух.
После 1 година: ризикот од коронарни болести на срцето е дупло помал, отколку кај пушачите.
После 5 години: се смалува ризикот од мозочен удар.
После 10 години: ризикот од рак на бели дробови е дупло помал, отколку кај пушачите. Намален е ризикот од рак на уста, грло, бешика, матка, панкреас.
После 15 години: ризикот од коронарни болести е ист како кај непушачи.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
24.02.2014, 18:02
Defne90 RR
1991
Ама како во глава да влезе тоа малку потешка приказна.Ќе се воздржувам додека синко цица,па за после се надевам дека барем нема да се отрујам на тераса од што немам пушено долго време.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
24.02.2014, 20:20
Палешка РР
7505
Се распушив по 8 години...блесава И се навлеков толку многу што нема шанси да ги откажам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
24.02.2014, 20:29
nadica
4381
леле палешке да знаеш во какво искушение сум и јас последниве 2-3 недели не пушам веќе 6 и пол години ама . . .
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
24.02.2014, 23:34
Melanija RR
7052
ИЗВОРНА ПОРАКА: SkCura77 Да не знаете каде на форумов има тема ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ или нешто слично? Се ставив на диета па сакам и цигариве да ги баталам ама тоа ќе ми биде најтешко!!!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
Леле Скцура целосно те сфаќам како ти е и јас сум пушач ама сега баш не пушам дека синко го дојам ама како се воздржувам јас си знам.Ми доаѓа да запалам посебно после јадење,ама си велам ем си штетам мене ем му штетам на моето дете.И така се откажувам.Мислам дека само цврста волја треба за да се успее во намератада се откажат цигарите.Јас девет месеци не пушев после пак почнав по една две на ден и сега пак ги прекинав.Ти стискам палци да успееш во намерата да ги откажеш цигарите.Тешка мисија е тоа ама сепак со цврста волја се е можно.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
25.02.2014, 10:50
princessa
1056
Најновото научно истражувања донесе неверојатни вести. Можете да ги намалите килограмите изграјќи го легендарниот Тетрис.
Вистинскиот класик меѓу игрите - тетрис, кој настана во далечната 1984 година, може да ви помогне не само при симнување на вишокот килограми, туку и во текот на процесот на одвикнувањето од пушење и конзумирање алкохолни пијалоци.
Научниците тврдат дека е доволно само три минути дневно да се помине во играње на Тетрис за да може мозокот некое време да „заборави“ на грицките, цигарите или алкохолот.
А во пракса тоа изгледа така што во текот на сложувањето на тетрис формата, мозокот ја губи врската со визуализацијата на храна и пороците од кои лицето сака да се ослободи.
Сето ова е потврдено при изведувањето експеримент врз испитаниците, во состав на истражувањето спроведено на Универзитетот Плимут.
Половина од испитаниците ја добиле играта и веднаш почнале да играат, додека другата половина чекале подолго време играта да се вчита. Овие првите, кои веднаш почнале да играат, почувствувале 24 отсто помала желба за пороците, за разлика од оние другите испитаници.
- Желбата за нешто, обично трае неколку минути. Доколку во тие неколку минути мозокот го занимаваме со Тетрис, желбата се намалува. Но, доколку мозокот мисли само за објектот на желбата, таа, секако се зголемува и се потешко може да се одолее на тоа што мозокот го визуализира, тврди професорот Андраде.
25.02.2014, 11:07
Defne90 RR
1991
Можно е навистина,ете на пример мене кога и да ми се припуши цигара јас веднаш седнувам на компјутер.Дома не се пуши па така ќе се задлабочам во нешто и заборавам на цигарите.Овие неколку недели што не пушам успешно на тој начин си ја контролирам желбата за цигара да не стане реалност.Кај мене функционира тоа и се надевам ќе функционира и откако ќе се одбиеме од цицање,затоа што моментално тоа ми претставува најголема пречка за да дојдам до цигарите.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
07.06.2014, 17:02
Defne90 RR
1991
И еве ме повторно во редот на пушачите.Ги почнав пак цигарите една недела пред да го одбијам синко и сега пак кога веќе не цица,барем не чувствувам грижа на совеста што го трујам.И ете ме пак на тераса со кафето во едната и цигарата во другата рака.Ама ќе се трудам да не пушам по многу,сега за сега со една кутија си имам три дена па ќе видиме како ќе се справувам.Додуше јас баш и немам време за да излезам на цигара,тоа само кога малиот ќе заспие па да украдам 10 минути.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
07.06.2014, 17:30
deluxe
2479
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
И еве ме повторно во редот на пушачите.Ги почнав пак цигарите една недела пред да го одбијам синко и сега пак кога веќе не цица,барем не чувствувам грижа на совеста што го трујам.И ете ме пак на тераса со кафето во едната и цигарата во другата рака.Ама ќе се трудам да не пушам по многу,сега за сега со една кутија си имам три дена па ќе видиме како ќе се справувам.Додуше јас баш и немам време за да излезам на цигара,тоа само кога малиот ќе заспие па да украдам 10 минути.
Оф леле Дефне Абре што ти текнало пак на нив Додуша не пушиш многу,мене една кутија ми е за еден ден.Ако продолжиш со тоа темпо добра си,ама ако ги наголемиш уффф....И јас немам време за цигара,ама пак си викам ако не се цигарите нема да застанам да се одморам.Вака си давам 5-10 минути одмор,пушам и продолжувам да трчкам ваму-таму низ дома со Ф
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
08.06.2014, 00:52
Snowhite RR
5042
На толку нервози и мене ми иди да запалам цигара, особено вчера
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
08.06.2014, 19:31
Defne90 RR
1991
ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
И еве ме повторно во редот на пушачите.Ги почнав пак цигарите една недела пред да го одбијам синко и сега пак кога веќе не цица,барем не чувствувам грижа на совеста што го трујам.И ете ме пак на тераса со кафето во едната и цигарата во другата рака.Ама ќе се трудам да не пушам по многу,сега за сега со една кутија си имам три дена па ќе видиме како ќе се справувам.Додуше јас баш и немам време за да излезам на цигара,тоа само кога малиот ќе заспие па да украдам 10 минути.
Оф леле Дефне Абре што ти текнало пак на нив Додуша не пушиш многу,мене една кутија ми е за еден ден.Ако продолжиш со тоа темпо добра си,ама ако ги наголемиш уффф....И јас немам време за цигара,ама пак си викам ако не се цигарите нема да застанам да се одморам.Вака си давам 5-10 минути одмор,пушам и продолжувам да трчкам ваму-таму низ дома со Ф
Што се чудиш делукс времево се затопли па сега не е студено да се појде на тераса да се испуши една две.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
24.11.2014, 16:54
caciana
863
Уфф јас сум пушач... Пушам кутија до кутија и половина . Но сега си порачав електронска цигара, за да не ги трујам луѓево околу мене , и се надевам дека ќе ми помогне да ги оставам цигарите .