cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Незгодни прашања

clock-img

28.01.2012, 10:57

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Offff gi imalo mnogu no aj ova ke go izdvojam:
-mamo bebinjata doagjaat od stomaceto na majkite-vika sin mi
-bravo sine mamino pametno,bash taka bebinjata doagjaat od stomacite-vikam jas
-a mamo a neznam samo kako vleguvaat tamu vo stomakot -on prashuva
-odi obleci si gi pizamite sine-JAS!!!



ИЗВОРНА ПОРАКА: SkCura77

Син ми уште е бебе за да ме праша нешто, но кога го чував внукот го имаше она бескрајното А ЗОШТО? за се што ќе се случеше. Најчесто беше барање причина за нечие човечко однесување, зашто децата многу повеќе ги чувствуваат другите луѓе отколку ние возрасните. 




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

30.01.2012, 19:37

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Леле не ми се верува, уште сега детево почнува да ми поставува незгодни прашања, вчера ми ја трга блузата и ме прашува Мамо шо е ова? Па му кажував дека од тука бебиња цицаат млеко, дека и тој оттука пиеше млеко кога беше бебе, а тој ми вика Даа, пијав чајuser posted image user posted image
Исто пред некој ден влезе со мене во купатило и никако не сакаше да излезе, а мене многу ми се одеше во ВЦ и видов не видов пред него си завршив работа и кога се облекував и ме гледа долу дека немам куре и ме прашува Шо е ова?
Па како да му објаснам на 2 годишно детеuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

05.01.2013, 17:51

clock-img

Simona_k

pencil-img

299

хахахахах сите се добри леле срцки убави ме изнасмеавте...
Еве јас имам синче 2год и 4 месеци почна да прикажува некои гестови интересни на пример:
си игра со диносауруси,си ги крстил овој Тино,мама,тате...Нешто ги доближува мама и тате (саурусите)го прашувам што прават мама и тате?а на тоа ми вика се гушкаат и бацуваатuser posted image
И уште еден пример секојдневен:бремена сум (влагам во 7ми)и веќе убаво ми се познава стомакот,цело време ми го бацува стомакот покажува како ќе го гушка бебето,а што е најинтересно кога ке се најаде му се надувува стомакот(зошто си е мешлаче) и доаѓа ние да му го бациме мешето зошто и он имал бебе...Секој ден му објаснувам дека неможе да има бебе,ама он е убеден дека имаuser posted image мал е ќе разбере...user posted image

clock-img

06.01.2013, 00:37

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Н: мамо, ти си женско и ти ме роди мене како женско, така?
јас: да мама
Н.: епа сега речи му на тато да ми роди едно братче! он е машко и машките раѓаат братчиња!

Логиката на ќерка ми. И и објанив дека тато не може да роди бебе, и ме праша ЗОШТО?

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

06.01.2013, 12:33

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


Исто пред некој ден влезе со мене во купатило и никако не сакаше да излезе, а мене многу ми се одеше во ВЦ и видов не видов пред него си завршив работа и кога се облекував и ме гледа долу дека немам куре и ме прашува Шо е ова?
Па како да му објаснам на 2 годишно детеuser posted image


Како на голем човек да објаснуваш user posted image .И Мартин иде со мене некогаш во вц и ме прашува кај ти е курето.
А исто еднаш бевме на гости и таму го преслакаа девојчето негова врсничка и тој се нацрта тамуuser posted image за да праша кај и е курето на Ивана.user posted image Оттогаш му објаснувам дека машките како него како тато имаат куриња а мајките и девојчињата како Ивана немаат туку имаат друго нешто.Мислам дека е мал уште да разбере дека има машки и женски род и дека имаат различни тела но бидејќи црпката му фаќа повеќе отколку што мислам јасuser posted image мора да му кажувам така како што е навистина.


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

16.11.2013, 01:27

clock-img

marchi

pencil-img

948

user posted image e bas ste me iznasmeale user posted image

clock-img

16.11.2013, 19:03

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Еднаш М ме праша Мамо што е ова? и ми покажува на тестисите. Леле не знаев стварно како да му кажам. Му кажав, ама му реков дека е срамота и дека пред други не треба да спомнува

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

16.03.2015, 22:35

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Кога бев бремена Лука ме праша еден ден како бебето се нашло во стомакот,јас не знаев што да му кажам а за да не го мавтам му викам мајката и таткото кога многу се сакаат и кога ке се гушнат во стомакот на мајката се создава бебе.И тој стои ме гледа сериозен и ми вика што зборуваш ти ништо не разбираш јас ке си го прашам тато ова се машки муабети.Се смеев три дена .user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

20.10.2015, 10:57

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Со Тина веќе сме во фаза кога ја интересираат разлики меѓу половите. Знае што е машко и каков полов орган има, и знае што е женско и женски полов орган.
Знае и од каде ги вадат бебињата - и кажав од дундето, а не прашала како доаѓаат во меше.
Многу и се интересни моментите со бакнување - ако види сцена на тв каде се бакнуваат во уста, па јас веќе извесно време се трудам да најдам соодветен начин како да и објаснам кога и кој се бакнува во уста.
За сега се убеди дека кога се мажат/женат, тогаш смеат да се бакнуваат на тој начин, и овој став до негде ми е ок, за да не си земе премногу слобода - во градинка се случува да ми каже дека се бакнале машко и женско во уста. Објаснувам дека така се пренесуваат бактерии и се разболува, но од друга страна ми е страв да не и створам па некоја фобија од бакнеж....и јас сум ептен збунка по ова прашање.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

Последни статии

article-img