за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
На слатка мака си Гардениа Со малку креативност и труд, може да се направат чуда . Ќе чекаме слики да видиме каков избор си направила А брошовите ми се хит за полабави журки-свадби. Дури со мојата старосватица направивме прототип на нив за мојата свадба, за закониците, ама во последен момент се откажав од идејата.
08.05.2013, 13:48
Gardenia
682
Да душо,ќе ви покажам се што сум одбрала,има време уште еден месец,ама брзо лета времето ќе дојде кај и да е јуни
02.09.2013, 15:52
Snow Queen
302
Можеби и порано имам споманто на форумов, бидејќи приватно си се занимавам со декорација и изработки на ситниците околу свадба, токму затоа и самата ги правев. Ова се декорации од собата:
вратата од собата
китенките за сватовите, корсаж за невестичката,свекрвата и јатрвата...ама како за беља неможам да ги најдам сликите од главните корсажи
бонбоните кои ги делев со тортата,фустанчиња, да ја најдам и сликата само од фустанчето и ќе ја постирам
а вакви бонбончиња имаше на секое тањир пред гостите
а ова си го направив наместо перниче за бурми
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 2.9.2013 16:11:41 >
_____________________________
07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени
02.09.2013, 16:16
Felly RR
7977
Преубави се сите декорации, Браво СноуКвин!!!
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.09.2013, 16:38
mommy_angels RR
1543
се е прекрасно ама ова штикличките ти се неодоливи
09.04.2014, 23:07
Melanija RR
7052
Страосватица сум на крај на месецов, ама збунка сум за колку метри материјал се купуваше за во црква за врзување? Знае ли некој како се викал некој памулен материјал што се растегал?Јас мислам на трико ама да не е нешто друго?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
10.04.2014, 08:39
vezilka RR
4931
За материјалот поиманемам, ама за тоа колку метри нема некоја определена бројка. Веројатно во договор со невестата, за тоа што планира да сошие од платното и метражата ќе ја определиш.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
10.04.2014, 11:13
LoveableMe RR
5035
SnowQueen, браво за декорациите. Melanija, јас си одбрав сама материјали, нормално тие ги купија, за да можам да си сошијам нешто, прашај ја и ти другарка ти што материјал/боја сака. Нема врска дали е трико или не, важно е таа што ќе си одбере. За должината 2-3 метра, зависи што ќе сака да шие, толку материјал се купува.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
10.04.2014, 12:47
Melanija RR
7052
Незнаеше да ми каже метража а ми рече за тој материјал ,па на женски пазар ќе прашам.И мене во сеќавање ми останале 3 метри колку одпосле не се памти
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
21.05.2014, 09:01
Mila mamicka
387
Се замарав со секоја ситница поврзана со мојата свадба, и тоа со задовлоство. Многу уживам во такви работи, да смислувам, да одбирам и сл. Имав китенки за сватовите, и специјални за кумовите, старосватите и деверот нели. Се порачав од една цвеќара во Драчево и ми ги изработија преубаво. И бонбончињата што ги фрлаа мајка ми и свекрва ми, и тие што ги давав со тортата, сите беа прекрасни. Имаа бордо детали сите и многу ми се бендисаа. Па, богами и не беа баш ефтинки.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
02.12.2014, 00:19
caciana
863
Zza sitnicite na mojata svadba ke ja zadolzam sestra mi,Taa e ekspert za Toa.Celosno I veruvam I NEA ke I doverm Se!
02.12.2014, 00:22
scared RR
1349
ситниците највеќе време и пари ми одзедоа, од бонбони, китенки, декорација на домот, тарасата, кутивчиња за поклони за сватовите, украсување на ресторанот, масите, чашите. Добра сум отиде. Ама важно се беш во тон и со моето омилено цвеќе гербер