за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Да, овесот сам по себе не содржи глутен, но бидејќи се одгледува заедно со глутенски житарки, се контаминира. Кај нас, само овесот од Кам е вистински безглутенски.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
30.09.2014, 10:15
lolla RR
925
Дефинитивно треба да се избегнува белото брашно, како и белиот ориз, поради слабата нутритивна вредност (има само празни калории) но интегралниот ориз на пример е многу хранлив. И мислам не шкоди ако се јаде по 1 кришка интегрален леб дневно, или пак интегрална проја или домашна вегетаријанска пица со интегрално брашно. Компирот е исто многу хранлив, доколку не е пржен.
Ова со храната е комплексна работа, и мислам не треба да се забега премногу.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:23:11 >
30.09.2014, 10:21
Hopeful RR
2349
lolla, скроз си во право, кај нас стана помодарство нетолерантноста на глутен Познавам луѓе што имаат целијакија и затоа знам дека овесот од Кам е ок, ако на некого тоа му е битно, макар што јас јадам секаков овес и немам проблем, фала богу. Советите за исхрана се повеќе во контекст на зголемување на протеинскиот, а намалување на јаглехидратниот внес (посебно белите продукти), а глутенот е апсолутно спореден.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
30.09.2014, 12:29
SOLE
514
za kafeto - sum citala deka kafeto ima mn benefit no dosle ET ne bilo dobro da se pie, jas se budam so kafe, prvoto nesto sto pravam e toa no potoa vo tekot na denot uste edno I smetam deka ne e toa mnogu , vie piete li kafe I po kolku solji?
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:23:43 >
30.09.2014, 12:32
Hopeful RR
2349
Мислам дека може во некои мали количини
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:24:16 >
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
30.09.2014, 20:43
kapina
4327
za nizok pritosok preporacano e od lekar oti po edno dnevno ne e stetno.
Pcenkata ne sodrze gluten I zatoa koga mozam si zemam I pcenkaren leb inace drugo sto sakav da po et jas jadev presno meko sirenje oti sodrzelo selen kolku e tocno neznam jas si jadev da napomenam domasno si sirenje ne od marketI kupeno selenot e mnogu biten za implantacijata.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:24:51 >
01.10.2014, 11:57
Kvisko
1325
идеата е да се избегне глутен или само јаглехидрати?
Ако се избегнува глутен тогаш и оној пченкарен леб што го има во обични продавници содржи глутен бидејќи има и пченкарно брашно. За скроз безглутенски леб треба сами да го правитедома само со пченкарно брашно и тој се рони максимално многу бидејќи глутенот е проетин што му дава конзистентност и еластичност на тестото.
за намалиен внес на јаглехидрати тогаш треба да се избегнува секаков леб без разлика дали содржи или не содржи глутен. Затоа пишав да се бара LCHF (палео диета) како опција за избегнување јагехидрати.
Инаку јаглехидратите се избегнуваат затоа што го покачуваат нивото на инсулин во клетките и тоа може да влијае на квалитетот на јк. Заради квалитето на јајце клетките кај некои жени при ИВФ се воведува и метформин. Не заради друго туку заради контрола на инсулинот. Ова е особено важно кај ПЦОС.
Затоа и некои лекари препорачуваат да се оди на протеинска исхрана повеќе баш заради инсулинот.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:26:27 >
01.10.2014, 15:58
Палешка РР
7505
Јас мислам дека дел од советите кои денес можеме да ги прочитаме за забременување се чисто помодарство. Значи компаниите не бираат средства кога станува збор за маркетинг и удираат таму каде што е најболно. А жена која сака дете СЕ ќе проба. Порано не се знаело за овие модерни болести, па жените немале олкави проблеми со плодноста. Сето е од нездравата исхрана, нездравиот начин на живот и ред други фактори... Ќе се склопат коцките за сите кои очекуваат две цртички
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
02.10.2014, 11:28
LoveableMe RR
5035
За жал, исхраната и витамините кои се препорачуваат при ИВФ воопшто не се помодарство, туку базирани на реални истражувања поради зголемениот проблем со неплодност кај паровите како резултат на стрес, загадување, пушење, прекумерно пиење алкохол и прекумерно конзумирање кафе и слично. Соочени со се поголемиот проблем на неплодност, а и заради подобрување на успехот на ИВФ постапките, извршени се истражувања, кои докажале дека одредени витамини и соодветна исхрана придонеле за поголем успех на ИВФ постапките. Тоа не значи дека сите треба да ги применуваат, но оние кои сакаат поголем процент на успех, секако да.
Во однос на внесот на кафе, испитувањата покажуваат дека преголеми количини кафе може да ги намали шансите за успех при ИВФ, особено доколку се конзумираат повеќе од 5 шолји кафе дневно. Пиењето на една до две шолји кафе дневно не покажало дека ги намалува шансите за успех при ИВФ. Наодите покажуваат дека преголемите количини кафе еднакво штетат како ипушењето во текот на ИВФ постапката. Она на што повеќе се обрнало внимание е дека можеби стресот, а не кафето, придонесуваат за помали шанси на успех при ИВФ, затоа што жените кои пиеле повеќе од 5 шолји кафе дневно биле под стрес од самата ИВФ постапка и прибегнувале кон пиење кафе како начин да се релаксираат, што напротив придонело за преголем внес на кофеин во организмот и со тоа намалени шанси за успех при ИВФ.
Студијата е презентирана на состанокот на ESHRE Турција. (д-р. Авнер Хершлаг, шеф на Центарот за хумана репродукција NSLI ЈХS, Њујорк и д-р Улрик Шиолер Кесмодел, Аарус универзитетска клиника, Данска)
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
02.10.2014, 17:09
Hopeful RR
2349
Ќе беше фино да беше помодарство, ама факт е дека со лоша и несоодветна исхрана е потешко да се забремени. Се согласувам со Loveable Me, и да додадам нешто што прочитав за стресот - во периодот по ЕТ, се покажало дека стресот всушност не влијае на самата имплантација на ембрионите. Но, во претходниот период - да, влијае на растот на фоликулите, нивниот квалитет, и слично.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
21.12.2014, 21:03
kapina
4327
Sega slucajno citav za selenot imase nekoj na fb spodeleno i vika deka e najdobar za zenskata plodnost go imalo vo sardinata tunata brazilskite orevi i presnoto sirenje
22.12.2014, 15:57
LoveableMe RR
5035
Витаминот Д може да ја намали шансата за успешно ИВФ
Една студија покажа дека жените во постапка на ИВФ со повисоки нивоа на витамин Д имаат поголеми шанси да имаат бременост од ИВФ отколку оние со пониски нивоа на витамин Д. Оваа студија е направена во неколку ИВФ центри и резултатот е скоро ист. Клучната улог на витаминот Д се смета дека е во матката и дека има големо влијание на дебелината на ендометриумот. Податоците покажуваат дека витаминот Д може да биде корисен и да помогне за подобрување на шансите за бременост, исто така и при природно забременување.
Витаминот Д се поврзува со квалитет на ембрионите и зголемени шанси за имплантација
Жените со недостиг на витамин Д имаат половина шанси да забременат преку ИВФ отколку жените кои имаат доволни количества на овој витамин, покажува студијата објавена во Журналот на ендокринолошкото здружение JCEM. Витаминот Д е стероиден хормон кој е важен фактор за плодност. Г. Алесио Плафони од една поликлиника во Италија потврди дека жените кои имаат доволни количества на витамин Д имаат повкалитетни јајце клетки и потоа ембриони од оние кои имаат намалено количество на витамин Д. Истражувачите направиле испитување на група на жени и од нив во текот на ИВф постапката 154 жени имале недостиг, а 181 жена имале доболни количества витамин Д, поточно оние со над 20 ng/ml витамин Д во крвта. Бројот на бремени жени кои имале доволно витамин Д по ИВФ постапката бил двојно поголем од оние со ниски нивоа на витамин Д.
Извор: endocrine org
Зголемени ИВФ шанси со витамин Д
Жените кои почнуваат ИВФ, треба да ги зголемат нивните нивоа на витамин Д за да ги зголемат шансите за успех, се вели во една студија издадена во Журналот на Канадското лекарско здружение. Студијата покажува дека жените кои имале доволни нивоа на овој витамин значително имале поголеми жанси за квалитетни јајце клетки и бременост. Особено е важно што кај 55% од жените кои биле испитувани со нивоа на витамин Д поголеми од >30 ng/ml имале повисока стапка на забременување од 53%, додека тие сп помали нивоа 35%.
Извор: vitamindcouncil org
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
23.02.2015, 10:09
LoveableMe RR
5035
Teмата е пишување исклучиво совети и доколку дојдете до одредени истражувања, испитувања, а не размена на мислења и прашања.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
26.03.2015, 14:59
scared RR
1349
Sibela прашањето ти е преместено во соодветната ТЕМА
< Поракaта ја уредил scared RR -- 26.3.2015 15:12:10 >
06.07.2015, 20:49
kapina
4327
dali e dobro pred ivf da se vezba aerobik jas pocnav da vezbam pred dva meseci no vikaat oti ne bilo dobro zasto ne mi e jasno
07.07.2015, 08:24
Bea
394
Kapina, стручно мислење не можам да ти дадам, но од она што имам читано, поготово кај странските ivf центри, физичката активност е интегрален дел од поготовоката за ivf третман - за регулирање на телесната тежина, нивото на естроген, подорување на циркулацијата, ослободување од стрес итн итн. Секако, зависи и од претходниот степен на физичка активност што си ја имала. Доколку сега почнуваш со аеробик - тоа да биде постепено, умерено и без претерано оптоварување на срцевиот ритам. Значи сама ќе си ги одредиш границите, зависно од твојата физичка подготвеност.
07.07.2015, 11:04
Hopeful RR
2349
Физичка активност и те како се препорачува, од повеќе аспекти - циркулација, хормони, расположение, ... Јас вежбам со години и продолжив да вежбам интензивно се до почетокот на стимулацијата, тогаш ми рекоа да паузирам и еве, уште сум на пауза Капина, слободно вежбај со интензитет што тебе ти одговара, и со среќа!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
26.11.2015, 11:06
Pinky30
462
Devojki nekako sube me fati...Pisuva tuka Ananas ne treba a jas eve tri dena jadam intenzivno...mozno li e da sum napravila steta??? se isplasiv i strav mi e....
26.11.2015, 13:39
Kvisko
1325
Не се секирај не си направила некоја штета. Ананасот во принцип се јаде до овулација а потоа демек се прекинува заради конткации на матката иако за ова треба да изедеш веројатно неколку кила ананас дневно. Сепак советиет околу ова се исто поделени. Некаде па пишува треба после овулација да се јаде за имплантација и слично. Слични совети има и за цвекло а јас сок од цвекло, морков, портокал и јаболко пијам скоро цело време после откако почнав со ИВФ па до сега.
26.11.2015, 17:22
Pinky30
462
Da cveklo,avokado,aronija,sok od praska jadam sekoj den ko kasa...a i plus cveklo za rucek...Ananas ne jadam poveke sube mi e neznam sto kako...caevi isto mi rece dr.da ne pijam...kafegjika ne sum...no edno ke se napijam na 8-9 den od ET
27.11.2015, 08:31
Bea
394
Pinky30 без гајле. Ананасот содржи ензим бромелаин кој во големи, ама големи количини (како на пример 5-6 свежи ананаси на ден) може да предизвика контракции во матката. Бромелаинот се наоѓа еден дел во сокот и еден дел во кората, со оглед на тоа што ананасот без кора го јадеме нормално, тоа количество што си го конзумирала сигурно не направило штета. Што се однесува до кафето и јас сум голема кафеџика и пиев по една шоља кафе на ден. Си купив и безкофеинско кафе за кризни ситуации. Мој совет ти е - Да, внимавај на исхраната, пред се на внесот на витамини и проетини - но немој да и стануваш роб и да се оптоваруваш со секоја намирница, бидејќи и тоа предизвикува напнатост и стрес. Ако ти се јаде благо - касни си. Како и за сите работи во животот и тука мое мислење е дека треба да се биде умерен. Ти посакувам многу среќа!
22.01.2017, 11:33
sibela
140
Devojki 5 nedela sum bremena so ivf me interesira vase mislenje dali pri mastrubiranje moze bebeto da ispadne ili pa nesto da my se sluci
22.01.2017, 11:55
kapina
4327
Sibela cestitki za bremenosta odnosi jas ne bi ti preporacala vo prvoto tromesecie no neka ti kazat i drugite sto mislat
22.01.2017, 12:12
sibela
140
Fala kapina da znam odnosi ne smeam da imam so mm megjitoa ete Samo mastrubiranje imav i toa ednas so orgazam normalno Ama bes da imam odnosinpa malce me plasi toa pa ne veruvam deka ke ispadne bebeto
23.01.2017, 01:00
kapina
4327
Ne i jas ne veruvam oti toa ke mu nasteti na bebeto ama prasaj si go doktorot sto ke ti kaze zatoa kade go pravese invitrotokaj koj doktor te prasuvam oti i jas se spremam za invitro