ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna77
Gi procitav site komentari na ovaa tema i navistina se interesni. Imam 2 god. kerka i dosega ja cuvase majka mi, no sega moram da najdam drug nacin za cuvanje. Probavme pred 3 meseci vo gradinka i toa odese samo 1 nedela i potoa ne mozev da ja opravam 1,5 mesec. Bidejki majka mi ne moze veke da ja cuva, a ako ja pratam vo gradinka ke moram i cesto da otsustvuvam od rabota (sto ne e mozno) se resivme so mm da najdeme zena za cuvanje. Zatoa ve molam ako ste imale vie dobro iskustvo so cuvanje na vasite deca od strana na nekoja dobra zena da mi ja preporacate i da mi dadete nejzin telefon za kontakt. Inaku ziveeme vo Aerodrom, no sekako deka moze i od nekoi okolni naselbi. Ve molam da mi dadete i nekoi vasi sugestii na sto da obrnam vnimanie pri intervjuto so zenite.
Bidejki itno mi treba da zena za cuvanje (2 nedeli) ve molam da mi pisete kako iskusni majki!!!
Весна77 мислам дека е најдобро да си го носиш детето во градинка. Тоа што се разболело одма е нормално, ќерка ми еве ја оди веќе 10 месеци па една - две недели во градинка, две недели дома болна. Ама и тоа ќе помине. Првата година е најтешка. Ти во секој случај треба да си имаш и некој (жена) да го чува детето додека е болно. Но немој да мислиш дека таа жена ќе го чува детето како што го чуваш ти, сепак ти си мајката на тоа дете, а не таа.
Немој да ме сватиш погрено, но сите ните очекуваме премногу од тие жени. На пример една жена што ја знам, чуваше две дечиња - едно прво одделение, другото 3-4 годинки. Освен што требаше да ги чува, таа и готвеше, пеглаше, пушташе машина, бришеше прашина, па и мораше и да ги бања пред да си дојде мајка им. ?!?!? Мислам кој нормален би го издржил ова?!?! Покрај сите овие дополнителни обврски каде таа жена да најде време за децата?!?!?
Значи ако бараш жена да ти го чува детето и тоа да биде среќно, тогаш барај некоја позитивна личност која ќе му обрнува внимание, а нема да мисли дали на тебе ти се свиѓал ручекот или не.
Познавам една жена која моментално не чува ниедно дете, да и се јавам да ја прашам за сигурно и ќе ти го пратам бројот по пп.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...