baby bump немој да се нервираш пред време, за еден месец многу работи ќе се сменат, децата менуваат и јас така пред да тргнам се нервирав, како ќе го чуваат бабите, па само со мене е навикнат, па не јадеше, па како ќе го ранат, јас по цел саат го ранам со играње со глупирање пред него, а тие како?? па како ќе го заспиаваат, само со цицање заспива и уште еден куп прашања. А кога почнав на работа и како да знаеше, почна убаво да си јаде, да си заспива во исто време и да си спија ако не е дома и ако не е со мене. Некако одеднаш се смени и се беше како што треба
Мало е за во градинка, носи го кај бабите, оставај го овој месец почесто со нив на саат два, пополека да се привикнува и кога ќе почнеш обавезно барај си пауза да си одиш дома на 1.30, ти следува законски
Ќе биде се, не се нервирај, искористи го овој месец со детето најдобро и најквалитетно што можеш
Среќно
Snowhite, фала ти на утешните зборови, многу ми значат, некако имам чувство дека никој од мојата околина не ме сфаќа како ми е.... пак почнав нон стоп да плачам, еве веќе не ја дојам, а хормоните пак ми се хаос?!!!
А сега откако дознав за оваа ситуација почнав да ја разгалувам, не ја оставам сама ни 1 минутка, и онака беше во раце, а сега ми е стално во раце, дури се научив и како млеко да и спремам со една рака....наместо да ја осамосталувам, јас одам во погрешен правец, поради грижа на совеста од неизбежноста на ситуацијата.
А за тоа 1 ипол час, знам дека фирмата тоа ќе ми го дозволи, така се договаравме пред да се породам, дури и кола ќе ми дадат да не давам пари за такси, ама јас размислувам наместо тоа да го правам на средината на раб. време, да се договорам да си одам час и половина порано од работа до една годинка, како што исто дозволува законот. Ќе пробаме па ќе видиме која солуција подобро ќе функционира.
Знам секое дете го поминува тој период и тоа е нешто што мора да направи, оти во спротивно сите мајки ќе биле домаќинки нели :), ама ми теба време да се привикнам.
Со мм се договоривме за да не биде толку висока цената за 8 часа, ако се одлучиме за жена, да бараме некоја за 6 часа, па 2 часа со баба и дедо, но жената со која се договаравме не сака 6 часа туку 8, оти и требале пари, а плус ќе ми чистела за таа цена???
Епа си велам јас чистачка не барам бре жено, барам бебиситерка, само со бебето да се занимава, да си игра, да ја нахрани, пресоблече, успие, паника ме фаќа, леле како ќе се погодиме.