cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Исхрана на деца од 3 до 6 години

  
clock-img

06.01.2013, 13:06

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Бидејќи многу рингерајчиња веќе пораснаа, а се надевам и ќе ни се приклучат мајки на поголеми дечиња ја отварам темава за мајките да си разменат искуства.

Еве еден убав текст:
Секое дете на оваа возраст си има свој дневен биоритам и сој систем на исхрана.Научниците со многу научни тези покажале и докажале дека децата во периодот од 3 годни до предшколска возраст, чинат својствена аверзија кон храната и одредени нутритиви.Сето тоа го гледаат и сондираат од сопствените родители кои на трпезата форсираат одредена исхрана и одредени продукти.На пример ако мајката има аверзија кон печурки несвесно или ненамерно ги исклучува од секојдневната исхрана.
Катастрофална грешка.Печурките се идеална замена за месо затоа што се богати со протеини.Идеална замена се затоа што ги содржат сите масти како и месото но сепак се многу поздрави.

Како треба да изгледа исхраната на едно дете?
Доручек: најдобро е да се започнува соприродно исцеден сок од овошје и зеленчук, разблажен со вода и една лажичка мед или малтекс.Дајте му на детето 4 сезонски овошја.
Потоа дајте му житарка во која ќе има сушено овошје или неговиот омилен доруче.Но тоа не смее да бидат конзевирани продукти како паштети,виршли, маргарин,пржени јајца,салами, мајонез.Може лепче со маслинов путер, домашен џем,свежа салата.Наместо млеко форсирајте АБ ултура, односно Био јогурт.Ужината нека биде нешто лесно кое нема да му го засити желудникот пред ручекот.

Што за ручек?
Ручекот е главниот оброк на вашето дете.Македонскаа кујна изобилува со разновидни специјалитети.Ако направите едно недело мени на исхрана, ќе бидете побликсу до посакуваната цел а тоа е 30 дена во месецот ниту едно јадење да не ви е повтори.
на менито треба да има риба, квалитетно месо,печурки, грав, лежа,грашок,соја,боранија,ориз,компир,пченка,плаента,пита,просо, јачмен.....Било каков ручек да има секогаш треба да има свежа салата.Учете ги децата да јадат дајкон, цвекло,ротква, пашканат....Овие се извор на енергија.
Учете ги децата да јадат варива.
Темелот за начин на исхрана е во оваа возраст.Аверзијата кон грашок,леќа,боранија настанува во оваа возраст.Не потклекнувајте.Учете ги наместо смоки ,чипс да грицкаат свежи бадеми, ореви , лешници, семки од тиква , сончоглед.
Немојте после ручек на децата да давате торта или колач.Ако имаат соодветен оброк правилно искомбиниран нема потреба од десерт.
Ако се прашувате дали на детето да му дадете лепче со ручекот одговорот е да.Да, самоа ако има потреба од тоа.Лебот не треба да е бел и се дава само во комбинација со грав леќа,грашок и боранија.Никако со риба, месо, јајца,млечни производи.

Вечера?
Вечерата треба да е комбинирана различно од ручекот.Ако на пример основа на јадењето биле протеини ( риба) за вечера нека бидат јаглехидрати и обратно. Вечерата треба да биде обилна и богата со свежа салата.Не треба да е пренатрупана со многу тешка храна.
Секојднево внесувајте им здрава и правилна исхрана на тој начин ќе бидат здрави и посреќни.Имунолочкиот систем ќе им биде јак и здрав а и неподложен на вируси , бактерии и други заболувања.Научете ги храната да им биде задоволство и уживање а не опсесија и оптоварување.

Извор: Доктори.мк
Автор:Тања Турунџиева Станкоска

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 6.1.2013 13:14:07 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

06.01.2013, 15:33

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Миа јаде исто што и ние, ретко кога подготвувам за неа нешто посебно. Денес на пример јадеше:

- бисквити со млеко
- сок од 1 лимон
- ќофтиња во каша
- баклава user posted image

засега, па до вечер ќе видиме.

Инаку јаде се`, не е пребирлива како брат и` фала Богу.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

06.01.2013, 15:59

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Матеа пак не е некој голем „јадач“. Ако за појадок убаво се најаде, па потоа има и ужинка, ручекот и е само салата или само супа. Многу јадења има и што не сака да јаде, воопшто не пробува, колку сакаш пробувај, измислувај приказни, ама џабе. Ако земам нешто што не и познато, прашува - Мамо, што е тоа? Јас не сакам. Значи не ни чека да и кажеш што е, уште пред да ја понудиш, си кажува дека не сака. Се тешам барем што иако не јаде се, пак има барем еден вид овошје или зеленчук што го сака и го јаде - сега моментално јаболко, банана и зелка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

06.01.2013, 16:36

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Нина не е многу пребирлива, ама па тешко седнува да јаде. user posted image Се е со молење и уцена. Посебно оваа година, откако наполни 3 години. Претходно немавме проблем со јадењето, јадеше се што ќе и дадев, не се бунеше. Ама оваа година, се потешко и потешко се убедуваме да јаде.
Секогаш гледам денот да го започне со овошје, за викенд секогаш јаде овошје за појадок, а деновите кога оди во градинка мм и дава или цеден сок или пак банана да јаде по пат кон градинка. Обично јаде наутро банана, портокал/мандарина, крушка, јаболко. Киви јаде, ама не често, а и грјпфрут сака ама само како сок. После ова може да касне и некоја житарка, на пр. оризови снегулки или овес потопен во сок од портокал.
За ручек јаде многу често супа, 3 пати неделно со телешко месо имаме супа. Јаде грав, грашок, боранија, леќа (моментално омилено јадење), компир манџа. Ориз и спанаќ престана да јаде оваа година, дури и добива нагон за повраќање од нив. Спанаќ и правам како саката - ситно исецкан спанаќ, пченка, малку рендан морков, сол, маслиново масло и балсамико. Вака го јаде.
Вечерата ни е најчесто најпроблематичниот оброк, или јаде со саати или одбива скроз да јаде. Најчесто бара корнфлекс со млеко или тост со сирење и доматен сос. Ова се јаде со саати, со плачење...

Пие сокови и тоа многу, ама јас и цедам по цел ден портокали, мандарини, калинка и цедев додека имаше убави калинки. Сака и тетрапак сокови, ама избеднувам да и давам.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

06.01.2013, 23:31

clock-img

niki

pencil-img

4299

vozrasnava grupa ne opfaka uste 20tina dena pa da iskoristam sansa da se iskukamuser posted image
kerka mi e problematicna so jadenjeto od raganje, dete nejadac, a po 3 rodenden i prebirlivka
imavme eden period koga jadese samo meso oriz, kompir i makaroni
najproblematicna so jadenjeto mi bese minatata godina koga trgna vo predskolsko, dva obroka tamu, spremeni od doma normalno i po nejzina zelba sekako i pak vo najgolem broj slucai gi vrakase doma bez da proba voopsto, kosata mi se digase na glavata, i nisto ne mozev da napravam, ni zborenje, ni forsiranje od ucitelkite ne pomagase, taa gladna po cel den
zatoa letovo pocnav da i voveduvam hrana odnovo kako na bebe, i da ja hranam za da izede nekolku lazicki i da se navikne, so placki, ucenuvanja, duri i nagon za povrakanje dobivase no jas uporno pak po nekolku dena i go spremav istoto jadenje, veke ne priznavam ne mi se sviga, tuku insistiram da se izede barem 1 lazica, insistiram da proba, barem edno parce, se nagoduvame na sekoj obrok kolku lazici ke izede, nekoi raboti gi navikna i gi jade, nekoi seuste ni se sporni
seuste e mnogu teska na novi raboti, znaci ako nesto nikogas ne probala mi treba najmalku polovina cas da ja ubedam samo da proba, a ona sto najmnogu me nervira sto e takva i za sezonskite ovosja i zelencuci, sekoja sezona nie odnovo se ubeduvame da jade praski, jagodi, cresi, lubenica, dinja, grozje isl.
i voopsto ne e strvna, da vidi nekoe dete nesto da jade i da posaka, nikogas
se nadevam posle 6 rodenden ke se smeni malku


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

07.01.2013, 10:16

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Ники, слобоно коментирај на темава, иако ќерка ти ќе има полни 6 user posted image ептен сакам да читам совети во врска со исхраната кај деца од тебе. интересно беше тоа што го прочитав во темата што здраво јадеше моето дете денес.
И Н. е тешка кога треба да се проба нешто ново. Вчера на пр. пола саат ја убедувавме дека треба да проба урма и за чудо и се допадна, па изеде 10. После ај да проба сушена кајсија и смова (има веќе пробано, ама забораила) и не и се допаднаа и како бебе некое почна да плука.
На пр. пиперка никогаш нема пробано и вика дека била грозна и нема шанси да ја обедам да проба.
Јас се надевам дека кога ќе наполни 4 години, ќе може да оди на некој спорт, па ќе троши повеќе и ќе бара повеќе храна.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

07.01.2013, 21:57

clock-img

niki

pencil-img

4299

kaj nas ni trosenjeto energija ne pomaga
piperka ni mojava nema probano sveza, i ja butam vo supi, corbi, izblendirana da ne ja vidi, polnetite piperki gi ostava samo vnatresnosta ja jade

zaboraviv da kazam deka omilena recenica na kerka mi i e: ne mi se sviga
uste ne sum go napravila rucekot, ne mi se sviga
ke i serviram, ne probala, ne mi se sviga
pred da proba a sto ako ne mi se sviga?
ke proba: ne mi se sviga
za se
averzija nevidena, i tocno ubavo si pisuva vo tekstot, samo ne sekogas se majkite tie koi prenesuvaat averzija kon jadenjeto, vo nasiot slucaj e tatkoto, so negovite izjavi pa ako ne i se sviga neka jade nesto drugo


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

07.01.2013, 22:04

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Тоа е лошо, ако едниот од родителите попушта и детето одма ќе си врзе во крпче дека може да бира. А не секој ден имаме на избор 2-3 здрави јадења, па да одберат.
Јас сум во состојба да ја ранам Н. само за да го изеде она што сум и го приготвила, затоа што она сама може и 5 саати да чепка. А мм па, ако види дека не јаде сама, ќе ја стане од маса и не и дава да продолжи да јаде: мисли дека така ќе ја натера да побара сама. Тука ние двајца малце се разидуваме во мислењата.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

07.01.2013, 22:23

clock-img

niki

pencil-img

4299

mojata uredno bara da jade koga e gladna, no gladta i isceznuva vedans bidejki ne go bendisuva jadenjeto, vsusnost se inaeti i gleda kako da izmanipulira i dobie nesto posimpaticno, citaj makaroni, tost ili pomfrit, seto drugo ili ne mirisalo ubavo, ili bojata ne e pogodena, ili e pretoplo ili preladno, kiselo, gorko, soleno, slatko, se nesto mu fali

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

07.01.2013, 22:37

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Niki,потполно истиот случај и кај н ас. Како што викаш дека ќерка ти од третиот роденден станала пребирливка, така и ние од 2,5 години станавме ептен пребирливи. Како бебе ич немавме проблеми, се јадеше, и другото лето на 1,5 година јадеше и праски, каајсии, палиџаан, потоа и цвекло, морков, портокал, мандарини. Сега ништо од тоа. Морковот дури и во супа да го види, не го сака, и ако случајнно и влезе во уста одма го плука. А ние се јадеме, не е дека некој од нас не сака, па таа гледаа и ајде и таа не сака. Дури и криво ми е, што толку овошје купувааме, а таа ништо не каснува. Само јаболка јаде и евентуаално банана.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

07.01.2013, 22:42

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

mojata uredno bara da jade koga e gladna, no gladta i isceznuva vedans bidejki ne go bendisuva jadenjeto, vsusnost se inaeti i gleda kako da izmanipulira i dobie nesto posimpaticno, citaj makaroni, tost ili pomfrit, set_o drugo ili ne mirisalo ubavo, ili bojata ne e pogodena, ili e pretoplo ili preladno, kiselo, gorko, soleno, slatko, se nesto mu fali




Дури и ова исто - ако нешто и нудиме што не пробаала, АМа неќаам му лути. Кај нас дури и маката е поголема, ако ја прашаш па што сака наместо тоа, не знае да кажеuser posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 7.1.2013 22:44:31 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

07.01.2013, 22:44

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Еве сега направив супа со телешко месо, брокула, морков, компир, целер, пашканат и магдонос. Ќе ви кажам утре дали ќе јаде или пак ќе се бунтува. Планирам брокулата да ја изблендирам за да не ја осети.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

07.01.2013, 22:44

clock-img

niki

pencil-img

4299

majka mi vika od imanje se zbesnati decava denesni, ke pocnam da mislam deka e vo pravo

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

21.05.2013, 21:51

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

ajde bidejki i nie porasnavme da se priklucime na temava
ke pisuvam sto jadela denes vo gradinka i doma

rucekot samo mi e poznat mandjicka nekoja so tikvicki,i kolac za uzinka
doma vareno jajce i edva svarena virsla so tetka dadilka
malku sladoled,pola banana i za verera parce proja so kiselo mleko
mleko pred spienje

clock-img

22.05.2013, 00:51

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Фала богу јас немам мака со М на оваа тема, буквално се јаде, од овошје и зеленчук ништо не пребира, освен млеко и млечни производи со друго немаме проблем и месо секакво јади, манџи, салати, ама се и пак е слаб, да го видиш мислиш ништо не му даваме да јади, во 2 години само 2кг е поправен, ама тоа е, битно да е здрав

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.06.2013, 17:45

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Во градника денес - лепче со кремче, грашак, соленки, и откако си дојде дома само патлиџани. За ручек седна со нас и само салата јадеше, после ај лепче со зденка побара и пак патлиџан. Лепчето пола го изеде, а патлиџан уште јаде.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

24.06.2013, 08:48

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Vcera
sabajle edna casa ceden portokal
dorucek skoro go izede celoto vareno jajce (da se nacudi covek)
posle 2 casa palenta so lazicka meleni 4 seminja i kiselo mleko,ama malku kasna
mleko pred spienje so b kompleks
rucek dinstano djigerce so kompiri i ostanati zelencuci,krastavica
vecera krckavo lepce so ABC krem sir so lazenje cela duri kriskauser posted image
sok mnogu voda i mleko pred spienje

clock-img

24.06.2013, 09:21

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние вчера денот го започнавме со млеко, па јадеше јогурт со овесни и оризови снегулки. Потоа за ручек, супа, салата и пилешки стек печен во рерна. За вечера лепче со зденка, и пак млеко пред спиење.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

24.06.2013, 09:28

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

pojadok: ovesna kasa
uzinka: banana
rucek: oriz i salata (meso ne proba user posted image )
uzinka: edvaj edna praska, so molenje...i malo ovosno jogurtce
vecera: leb so pavlaka i malsinki, vareno jajce i jogurt.


_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

24.06.2013, 13:13

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Миа вчера

- млеко и бисквити
- домашен кекс
- пилешко месо со пире и салата од краставица
- цреши
- сок од цвекло, морков, јаболко
- банана и млеко
- јуфки со јогурт

user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

25.06.2013, 08:38

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

vcera
vo gradinka poznat e samo rucekot makaroni mandjicka so salata
doma telesko so zelencuk( kromidce,morkov,kompir,modar patlidjan...) cela cinijauser posted image
dur nie rucavme izede pola krivce suv lebuser posted image
mnogu vodaaaa
malku sladoled
pola banana
vecera krckavo lebce so topeno sirenje
mleko pred nananje

clock-img

28.06.2013, 14:21

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Vcera
vo gradinka
rucek mandjicka so meso i tikvicka
uzinka krofna nekoja
doma:pileska corbicka so zelencuk polna cinija
iscedeno sokce od portokal,malini i kajsija 200ml na eksuser posted image
vecera peceni zu zu pogacki so pola pavlaka
mlekce pred spienje

clock-img

29.06.2013, 16:37

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Dorucek
Polna cinija tarana,so topeno sirenje i kiselo mleko\
Sok od portokal
pred spienje prepeka za palenta so casa jogurt
mlekce malku pred spienje
rucek musaka so krastavica salata ama nezadovoluvaceki,pikasno ke si dojade
za vecera po zelba

clock-img

29.06.2013, 23:29

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Од денеска до 1ви август ќе биде дома и ќе мора секој ден да се пази на исхраната, еве денеска што имавме:

Појадок -една праска, па баварски леб со зденка
Ужина - Супа со зеленчук
Ручек - Салата од краставица Макарони потпечени со печурки и сирење (од денешниот рецепт на рр)
Ужина - сладолед една топка и пола парче чиз кејк (бевме излезени)
Вечера - кифлички од кај баба
Во меѓувреме јадеше и кајсии

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

29.06.2013, 23:40

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Доручек: две банани и праска
Ручек: печен компир и салата
Ужина: парче торта
Вечера: лепче со сирење, маслинка и кромид

Последни статии

article-img