за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Кога купувам облека за син ми сакам да е убава и квалитетна. И не е дека имам вишок пари, ама моето досегашно (2 ипол годишно) искуство покажало дека кога ќе си платиш поскапо, добиваш гардероба со подобар квалитет. Досега не ми се случило да купам нешто скапо, а да ми се расипало, растегнало и сл. Купувам во Окаиди, Зара, Енци менци, ова повеќе кога купувам за дотерување. Исто и од H&M во Солун. Исто така, досега имам купено многу работи на колекцјата Tilla, тоа е македонски бренд кој се произведува во Прилеп и имаат преубави работи. За долен веш и пижами, купувам прозиводи на Тритекс и сум презадоволна од нивниот квалитет.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
08.11.2014, 21:52
Dilina
533
Кажувајте каде има попусти малава се надмина себеси со растењето треба да се купува баш се
09.11.2014, 00:44
Snowhite RR
5042
Женсκи од сκ κажете на фб гледам ρеκлама за бутици κои пρодаваат бρендиρана облеκа втоρа ρаκа за ептен ефтини паρи. Κидсмол се виκаат бутиците, дали сте посетиле неκој од нив или можби сте κупиле нешто, дали навистина е бρендиρано κвалитетно, еднаш облечено, а може и со етиκета да се. На веб стρаната гледав фаρмеρκи по 200 ден, блузи по 120, ама неκаκо немаше избоρ, а можеби немаше ставено се на стρанава
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.11.2014, 17:50
Neurotoxin RR
413
Има во Ѓорче, карши фармахем лабараторијата, јас не сум влегла, ама колешката ми кажа дека биле поизносени од она што ние го имаме од нашите деца а сме го дале за хуманитарни цели. А мене ми е малку шубе на детето да му купувам веќе носена(од непознати)облека
10.11.2014, 21:20
Snowhite RR
5042
Κога ќе ρазмислам подобρо јас не саκав носени од познати да му облеκувам,па сега да κупувам таκви, па маκаρ и бρендиρани да се освен со етиκета аκо се, тоа е дρуго
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
11.11.2014, 12:39
Ki4iko
438
Немам навика да купувам од такви бутици ,можеби навистина е ефтино, но и по бутиците со нова облека може да се најдат убави бебешки и детски парчиња .Јас еве и од пазар сум купувала и навистина е многу поефтино,така да ,не гледам зосшто би купила веќе носена облека,освен ако некој близок не ми подари,од семејството
11.11.2014, 15:44
Neurotoxin RR
413
Една другарка исто ми кажа дека бутиците од таков тип демек ги отварале за да ја оправдаат и крадената роба, ама како што ми кажа колешката не биле нови за крадена роба, него баш износени, дури и се гледало дека се носени. Луѓето паѓаат на тоа дека е брендирана и тоа од САД.
11.11.2014, 15:59
Mihaela 2010
4230
Ima da po fb vrtat nekoi detski butici vtora raka,ama jas samo gi gledam Nikogas ne bi kupila obleka za moeto dete od vakvi prodavnici,bar sega kako sto kaza nekoj pogore ima eftina garderoba sto za nas sto za deca. Koga mozam si dopustam da i kupam brendirana obleka,nesto sto ke mi se svidi epten,a e kvalitetno,no ne sekogas pa i tie brendirani se kvalitetni.
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
12.11.2014, 19:06
Dilina
533
Луѓе не трошете пари по локалните продавнички каде што има турска роба! Тркнете на шутка има да се изнакупувате.. јас и купив на илина јакна за 700д што во бисер е 1350 и кога продавачката ми кажа цена ми се идеше да и се изнасмеам... ама ај они кирии плаќаат.... инаку за 2000 го опремив бебчево за цела зима.. освен обувчиња дебелки, купивме се шо ни треба од бит пазар и шутка.... а за втора рака ќе ви кажам мн поефтино ми е да и земам алишта од пазариве одколку да дадам 200 д за брендирана од втора рфака... ако е со етикета тоа е друго ..
12.11.2014, 20:05
Ki4iko
438
Dilina, апсолутно те поддржувам и јас така купувам за синчето,од пазарите е навистина поефтино и може да се најдат истите парчиња облека како по бутиците.
02.02.2015, 10:56
Marija Vensova
2
Јас секогаш купувам во Wenice евтино , квалитетно и убаво.Прво што купив беше комплетче за од болница на Idil baby и продолжив да купувам и се друго што ќе ми понудат од тој бренд. За разлика од кинеските парчиња кој ги нудат продавниците што е страшно, овде купувам исклучиво турско барем знам дека е подобро. А за услугата да не коментирам премногу се љубезни барем во таа продавница кај што одам.
02.02.2015, 11:19
Hopeful RR
2349
Ова Wenice го имам видено некаде, ама не ми текнува, ај те молам потсети ме каде е
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
02.02.2015, 11:34
Marija Vensova
2
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Ова Wenice го имам видено некаде, ама не ми текнува, ај те молам потсети ме каде е
Јас си купувам од Бисер, има и во Рамстор и Сити мол.
21.09.2017, 18:57
Nina.Nina
3
ИЗВОРНА ПОРАКА: Marija Vensova
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Ова Wenice го имам видено некаде, ама не ми текнува, ај те молам потсети ме каде е
Јас си купувам од Бисер, има и во Рамстор и Сити мол.