за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
i vo MANA se naogaat dosta ubavi raboti a eftini. ne e bas 200 ama za 300-400 ima ubavi maicki
11.03.2013, 14:50
sandriana RR
2924
Во Беверли во подрум, од кај рампата за паркинг, право надолу до крај, дуќанот на ќош. За ГТЦ не знам.
11.03.2013, 14:56
Gardenia
682
Од Пренди си имам купено 2 фустана летото,абе ги убив од носење многу пријатен памук супер ми се погодија за по жештините
11.03.2013, 15:16
anaana
1126
jas sum bila vo peveks i iskreno se naogjaat dosta dobri raboti. jas si kupiv farmerki lele masta im ja izvadiv bas planirav denovive da vidam sto ima
11.03.2013, 15:18
Pepelaska *
3820
Ја си изнакупив маички од Певекс за 50 денари ќе се најдат за по дома летово секако ќе се преслакаме по 10 пати
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
11.03.2013, 15:23
Cipi Ripi
1010
Ехеее Дака е закон. Уште летоска кога ја отворија си купив едно прекрасно фустанче. Од тогаш детево во Дака го шетам, го вртиме цел Капиштец пошто тука се шетаме и на крај во Дака влегуваме со се количка, ме знаат веќе и го занимаваат Д додека пробувам. Имам 4 фустанчиња и тренерките им се мераци, за 300 денари се супер.
11.03.2013, 15:33
Natuska85
3613
Абе кај е дака во гтц кажувајтее
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
12.04.2013, 10:44
dostickage
2181
Nikoj ne znae kade e Daka vo GTC?
12.04.2013, 10:55
rina13
1147
Јас ја имам видено летоска продавницата кај Пирамида ,ама пред некој ден ми кажаа дека имало продавница се по 350 доле кај Нептун на приземје порано што беше продавница за кондури до трафиката со реквизити. Ама дали е Дака сеуште нз.
12.04.2013, 10:56
Luci
2250
Карши влезот на Соравија е Дака во ГТЦ, до Рубин кармин
< Поракaта ја уредил Luci RR -- 12.4.2013 10:57:18 >
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
12.04.2013, 11:02
dostickage
2181
Fala
12.04.2013, 14:19
Luci
2250
ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage
Fala
Од фала не се живее, најди таму нешто 3-4хл ко за мене и купи ми го
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
10.06.2013, 10:01
Mihaela 2010
4230
si kupi dve letni ubavi pamucni maicki od Novo Lisice edno prodavnice po 250 den
10.06.2013, 11:14
bucko mal
1431
kupuvam poveke na popust I ic ne se stramam da kazam deka e poeftino,vazno mi e da mi e ubavo
10.06.2013, 11:18
bebence19
291
jas obavezno si odam do prodavnicite sto se so ceni od 100 den pa do 300-400den, i sekoja si kupam nekoja majcka,preubavi se i stalno me prasuvaat e od kaj e i koga kazam deka e od tamu ej vidi jas pa neni pomisluvam da vlezam. Da vo tie prodavnici moze da se najde i po nesto ubavo i interesno
_____________________________
знам дека можеме :)
10.06.2013, 11:20
Еки82
95
Јас така купив прстен демек од Индија ги носела алпака материјал уникати нема исти вакви... 600 ден го купив и после некое време во Зебра го видов истиот за 200. Така и тоа што е скапо прашање е дали е квалитетно, дали воопшто вреди за парите. Златно Певекс во последно време се наоѓаат супер работи!
10.06.2013, 12:21
Felly RR
7977
Јас си имам купено едно фустанче од пренди,ама на прво перење се скуси а материјалот се направи цел со дупки.после долго време не ми текна да земам нешто од таму. Сега се зедов блуза па овој пат се погоди:)
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
10.06.2013, 12:27
rina13
1147
Имам купено неколку фустанчиња и се убив носејќи ги иако коштаа по 350 денари. Од дака претежно си купувам ендаш само згрешив со едни хеланки.
10.06.2013, 12:52
Calypso
1386
Јас некогаш знам во Павиа да влезам... си имам купено убави маички од таму, по 330 ден. максимум, сега последно пред да одиме на одмор си купив лесна ленена кошулка за плажа, како туника долга е, убаво ме послужи на одмор, ќе си ја носам и понатака. Инаку, многу ретко влегувам во овие продавници како Певекс, Пренди и слично, бидејќи во моја близина нема ниедна, мора да се наткревам дури до Бисер да одам, а со дете не можам по продавници, досадно му е, и ме тегне да излеземе. Додуша, има кај нас еден бутик, носат роба од Турција мислам, имаат супер облека, а се прилично евтини. Кога и да одам, гужва невидена е, одвај наоѓаш место да пробаш, а дуќанчево ти е две на две... во секој случај, одлични работи имаат.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
10.06.2013, 12:56
deluxe
2479
Си имам купено повеќе работи за 200 ден и сум задоволна,најчесто летни маички и фустани
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
10.06.2013, 13:00
Bethany
4534
Кај мене во улица има еден бутик- Купи ефтино- се вика. И онака се ефтини работи, а па посебно на крај на сезона, ги намалуваат цените скоро за џабе. Така земав едно летно фустанче за цели 150 денари и веќе три години го носам, во иста состојба е, а и таков класичен е па е секогаш во мода Некако ептен ми дојде мило кога нешто платам ефтино и се погоди, ај овие поскапи работи и очекуваш да бидат демек поквалитетни, ама од ефтино дадеш пари и не очекуваш, па се после повеќе израдуваш.
10.06.2013, 13:03
vezilka RR
4931
Мене во овие дуќанио ме нервира оти немаат поголеми бројчиња за дебелки како мене . Ко ќе ми речат универзални се ми се плаче. Епа јас не сум универзална, дебела сум!
10.06.2013, 13:06
anaana
1126
Мене во овие дуќанио ме нервира оти немаат поголеми бројчиња за дебелки како мене . Ко ќе ми речат универзални се ми се плаче. Епа јас не сум универзална, дебела сум!
nekako se pronajdov vo postov :))) ama jas odvreme navreme si proveruvam, moze i da najdam nesto.
10.06.2013, 13:07
temjanuska75
770
Јас од Певекс имам многу работи купено и им се изнаносив, неколку пара панталони, 2 пара фармарерки, кошули 3 пара, маици 5-6. Во близина ми е на работа и скоро секое поминување влегувам. Мм се нервира како за него немало толу ефтино. И да ви кажам од овој Певекс скржла сум станала, сега во секоја друга продавница ми е скапо, освен во продавниците за кондури
10.06.2013, 13:07
Calypso
1386
Има бе Везилке, како нема. Па и јас не сум универзална, па си наоѓам. Треба изгледа штом ја донесат робата да начекаш, сум забележала дека прво се трошат поголемите бројки. Или кај нас нема универзалка, или носат повеќе помали броеви, па не можат после да ги продадат.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.