cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Детски досетки

  
clock-img

29.04.2014, 14:17

clock-img

miana

pencil-img

6152


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

kerka mi koga me gleda kako go dojam maliot, mi vika:
- mamo koga ke porasnam sakam da bidam golema kako tebe i da imam ^i^ki da go dojam brat miuser posted image user posted image user posted image


user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

30.04.2014, 13:27

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Golemiov sin mi vika:mamo zivotot e mnogu kratok.Tolku e ubav,zashto nemoze da bide podolg tuku samo 100goini se zivee.user posted image user posted image


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

01.05.2014, 23:47

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

А:Мамо имаш нешто на забот!
Јас :на кој заб??
А: мамо дојди да ти покажам отвори ја устата,оти јас тој заб го немамuser posted image user posted image
Таа ги менува запчињата,од млечни -трајниuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

02.05.2014, 11:09

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Леле делукс ме изнасмеа Ана user posted image
Еве една и од нас.
Мм ја учи Ј да каже гитара.
Мм - Ајде кажи гитара.
Ј - Таја.
Мм - Ај вака, кажи ГИ.
Ј - ГИ!
Мм - ТАРА!
Ј - ТАЈА!
Мм - ГИТАРА!
Ј - Даааа!
user posted image Опасно снаодливи се уште мали.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

04.05.2014, 13:51

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Мамо Пинк пантер е женск! (розовото го асоцира на женско, ама сега како да каже женско кога пантер е во машки родuser posted image )
За Велигден брат ми и тетка ми му донесоа поклончина и сега за Јана имаше фустанче и едно комплетче со пантолончина и блузичка, а за Михаил бермуди, блуза и патики, ама патиките му беа мали па брат ми ги зеде да ги смени и сега на свекрва ми и ги покажуваме и тој вели: Мамо зошто на Јана три работи а мене две? Е како две, му велам, ами и патиките? Ааа, вика, е така за мене четири работи сеuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

03.06.2014, 13:27

clock-img

mama_06

pencil-img

395

Оваа досетка е од комшиско девојче, ми ја кажа свекрва ми.
Таа ручала и дошла Сара ( 4 години), и рекла:
Бабо ти јади си јас не сум гладна, дома јадев месо со рачка ( пилешко копанче).user posted image

clock-img

26.06.2014, 12:11

clock-img

princessa

pencil-img

1056

Е јас се газам веќе втор ден од смење. Вчера ќерка ми нон стоп на мм му викаше по име наместо "тато". И ние цело време ја учиме дека тоа не е правилно и дека татко и и е татко а не другар па да му вика на име. И ги објаснуваме семејните релации и и велиме: "еве брат ти е син на тато". И таа со воодушевување вели: "а јас сум зелена на тато". И мм и вели: "зелена си зелена па нема до дека"user posted image user posted image user posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

clock-img

26.06.2014, 12:23

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Пред некое време бевме кај моите на гости и мајка ми правеше ручек за нас некои прженици, а за следниот ден си направила боранија. И викам дека Филип не јаде прженици, а јаде боранија, да му даде од неа.
И тој лапна 2-3 залчиња и вика „Не сакам веќе, сакам кајгана“. И мајка ми стана му испржи кајгана, нели баба мора се да удоволи.
Јас му викам „Филип добро нели ти јадеш боранија и во градинка кога ви даваат ја јадеш ли“.
Тој ми вика „Па во градинка цела ја јадам, ама таму нема друго, што ќе ти дадат, тоа ќе јадеш“.

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

27.06.2014, 08:43

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Пред некој ден ги изнесовме маливе покрај езеро ги начекавме лебедите имаат шест мали многу беа слатки. И сега нормално таткото и мајката се бели а малите се сиви и синко се врти и ми вика: Овие какани се мамоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

09.07.2014, 09:28

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

- Мамо, од тато таблетов е женски.
- Зошто женски?!?
- па има штикла! (штикла = потпирачот од футролата)

user posted image user posted image user posted image user posted image

На одмор..... Има бранови, а ние шетаме покрај плажа, а дете буквално збесна од радост. Скока, трча, ги турка брановите..... и јас и велам - Кажи колку е забавно? Таа ми вели - Е не е забавно. Само на роденден во иготека може да биде забавно.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

09.07.2014, 22:20

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Κај мајκа ми бевме и имаа напρавено κиснато и Михаил не саκаше да јади и јас му велам
Михаил, пρобај од κиснатово, пишман ќе бидиш, а тој ми вели, Е не е то пишман, буρеκ е :)
Исто κај мајκа ми бевме, ќе си одевме, навечеρ беше,а мајκа ми сабајлето ќе одеа на бавча и му вели на Михаил спијај κај нас сабајле ќе те сκоρниме да идиш со нас, а тој иди κај мене цел уплаκан и ми вели Мамо не саκам да ме κоρнат за κоса :)

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.07.2014, 10:06

clock-img

princessa

pencil-img

1056

Вчера ручаме и на масата имаше пилешки гради и на самото пакување пишуваше 2%масти. И Н гледа и ми вели "Мамо на попуст ли ја купи шункава?"user posted image user posted image user posted image . Ме изнасмеа до солзи. Ама важно каква луда асоцијација си направила на човек да не може да му текне. Нели сезона на попусти е и секаде стојат %%% по продавниците.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

clock-img

11.07.2014, 10:39

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Вчера бевме излезени со мм и децата и отидовме до плоштад да се повози М малку со велосипедот.Јас и мм седевме на клупата и дојде М и рече ајде јас малку да одморам додека другарчето се вози со велосипедот.И јас така го кревам да седне и тој ми вели.
-Остај ме мамо па не гледаш дека јас сум пораснал,ќе ми се смеат другарчињата ако видат дека ме креваш да седнам на клупа.
И сите нормално се изнасмеавме на детската досетка на нашето големо маже.
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

17.07.2014, 12:29

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Ми земала ќерка ми една влошка без да ја видам, си ја отворила, доаѓа кај мене и ми вика ,,Мамо сакаш пелена?,,user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

17.07.2014, 22:13

clock-img

princessa

pencil-img

1056

Вчера додека јадевме со ќерка ми во кујна, Д беше во дневна и немаше глас од него. И кога завршивме со јадење Н оди во дневна и ми вика: "Мамо, мамо дојди Д направил хавалија, да не му го дадеш сега поклонот од тато"user posted image user posted image user posted image . Ми раствори многу работа ама Н со нејзината фраза ме изнасмеја. И како да се лутамuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

clock-img

21.07.2014, 12:52

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Вчера ни влезе лептир во соба и го избркавме.
После неколку минути...

Филип: Мамо, лајк.
Јас: Што, Филип?
Филип: Лајк зашто го избрка лептирот.
Јас: Што е тоа лајк, Филип?
Филип: Ми се допаѓа.

_____________________________

Live and let live

clock-img

27.08.2014, 17:00

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


Бевме на одмор со децава и арно не протера вирус сите по ред, е ми дојде редот и на мене- вирус со повракање... Керками седи до мене и ме дружи и си разговараме...Не и е јасно како тоа повракам, од каде ми доаѓа повраќаницата.. И ајде јас и објаснувам како оди целиот процес на јадење, варење на храната и исфрлање на истата. Е таа се замисли и ми вика - мамо, па јас цело време мисев дека во стомакот имаме некои луге што одат во продавница ни ги купуваат гомцата и ни ги ставаат во газот да ги какаме user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Епа ако што лежев кога сум рикнала да се смеам на цел глас... Ете тква дилема имало моето дете user posted image user posted image




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

30.08.2014, 16:39

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Еве една и од ќерка ми, тазе денешна. Почнуваме во градинка во понеделник па ја припремам нели.
Јас - Мама, учителката во градинка се вика тета Мара, таму нејзе ќе и кажуваш дека ти се мочка, добро?
Ј - Добро.
Јас - Кажи како ќе и кажеш?
Ј - Буба Маро ми се мочкааа!
user posted image user posted image user posted image


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

02.09.2014, 12:46

clock-img

miana

pencil-img

6152

Најнов кикс на керками.. Требаше да одиме на повојница кај бебе на пријатели во друг гради и решивме децава да ги оставиме дома..И сега керками ме прашува
таа: мамо, зошто не не зимате и нас?
јас - за да не се малтретирате по пат, кога ке дојдат во новиот стан во Скопје, ке одиме сите заедно.
таа - а кој нов стан?
Јас- па во тој што го купија бе сине, да го средат и ке им одиме...
таа - мамо, а како се купува стан? Како го носат? Дали го носат во раце, дали го туркаат, не ми е јасно user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

clock-img

15.09.2014, 21:03

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Миа и Марио на телефон

- Маио дојди да јадиме
- Јадев Миа
- Шо јадеше
- Кокошка печена
- Кај најде кокошка?
- Баба ми прати
- Појде со кокошка на факутет?
- Да
- Со книги се оди на факутет, не со кокошка

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

24.09.2014, 07:41

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Utrovo ja budam A za na uciliste,vo 7 casot.Taa i se spie oci i mizat.Se spremi nabrzina i legna na krevet duri da dojdi vreme za izleguvanje.Mi vika:mamo vo kolku casot me razbudi?
Jas:Vo7
Taa:utre vo4 da me razbudis, da se naspijam ubavo do 7user posted image user posted image
Genijalna idejauser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

24.09.2014, 10:11

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Михаил сношти ме прашува дали тој се родил прв, па после сестра му, после прошири за мене и вујко му кој се родил прв и после ми вика, а баба ми?, јас велам таа втора и сега не знам од кај му дојде и вика
А дедо ми највтор се роди?user posted image user posted image
Ме пресмеааuser posted image user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

24.09.2014, 14:12

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Јована (2,9 месеци)
Јас- Леле какво е убаво ова твое мало прсте, сега ќе го изручкам.
таа - Не може мамо.
Јас - Е оти не?
таа - Оти тоа не е манџа мамо.
user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

29.09.2014, 17:30

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Миа: Мамо леле лелеее да знајш шо се случи во градинка
Јас: Кажи маме, нешто интересно?
Миа: Леле, учителките на децата му турија салата во манџата, леле свеста ми се зеде ко видов.
Јас: (паднав од смеење)
Миа: И учителките така јадеа, леле ко ги видов свеста ми се зеде

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

29.09.2014, 22:36

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Haha svesta mi se zede lele Mia smeski euser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

Последни статии

article-img