cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Детски досетки

  
clock-img

31.01.2012, 19:22

clock-img

nadica

pencil-img

4381

еве сега во моментов ги разјаснуваме знамињата кое чие е и што значи а таа
„Мамо кое е на Дизниленд знамето?“

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

31.01.2012, 20:19

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Нина сега бои и ми вика: мамо, машковците бојат навор од линијата user posted image user posted image user posted image а ние женските внатре!
Значи постојат женски и машковци. user posted image user posted image user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

01.02.2012, 12:22

clock-img

zapce

pencil-img

361

Е сега ми текна на една случка на брат ми кога беше мал.
Беше лето и за распустот бевме кај баба ми на гости, и таму кај нејзина комшивка нижеме тутун во дворот и баба ми му вика на брат ми кој имаше околу 5 или 6 години „Стефанче оди бабо со Драган(другиот брат) , со Сашко, со децата оди со нив“ а тие се едно 7 или 8 години поголеми од него. И тој одговара па бабо јас сакам да одам ама они ме пудат, не ме пуштат со нив не саакаат мало машко. И се утепавме од смеа.

< Поракaта ја уредил zapce -- 1.2.2012 12:23:22 >


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

clock-img

01.02.2012, 12:26

clock-img

zapce

pencil-img

361

Еве уште една од летоте кога нижевме тутун во дворот на комшивката на баба ми. Сите седиме и работиме и брат ми Стефан 5-6 години и тој се занимава, демек ниже и едно време вика„Баба Бона  затвори ја вратата има промаја„user posted image user posted image , а ние седиме во дворот, ама беше отворена портата, и можеби го фатило детето промаја од некадеuser posted image user posted image

_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

clock-img

01.02.2012, 19:15

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Да кажам и јас една моја досетка од детството
Летно време сум и јас вредната на чешма сум перела едно мало крпче и баба ми поминала и ми рекла: Убава таа на баба, баба кога ќе остари, ќе ја периш, а јас на тоа: Кога ќе бидиш крпче бабо? user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

01.02.2012, 22:42

clock-img

suzeto

pencil-img

1297

go skarav eden den sin mi i on i vika a zosto me rodivte za da me karateuser posted image user posted image user posted image user posted image ,,,, sega non stop go koristi toj zbor zosto me rodivte, stom go skarame nesto ili nesmee da gleda crtani ili da igra na kom.

clock-img

02.02.2012, 12:06

clock-img

mama toci

pencil-img

240

Vcera nastavnickata mi kazuva deka se iznasmeale so koleskite za soznanievo na sin mi.:Makedonski ucele za Japonija(ke im dosle nekoi luge od Japonija pa nastavnickava sakala da gi zapoznae decava so taa zemja).Gi prasala dali nekoj znae nesto za Japonija a mojov(Nikola-7g) odma krenal raka."Japonija e KARATSKA zemja nastavnicke"?!?!Molam? Pa site Japonci znaat karate nastavnicke-seriozen kako da ja otkril Amerika.

clock-img

02.02.2012, 12:57

clock-img

mami2

pencil-img

417

Утрово станува од спиење и додека се спремаме со мм за на работа а А. за во градинка, тој не гледа и вели: „кажаа на телевизија дека денес кој ќе оди на работа ќе го избркаат и казнат ако отиде“
п.с. Н. паузира од градинка две недели и нема да оди цел февруари. Изгледа не му се седи дома со бабите, минатите денови плачеше и глумеше, ама од денес смени тактика.

clock-img

02.02.2012, 17:19

clock-img

bocence

pencil-img

161

sinoka pred spienje maliot(4 god)me zacudi.gi izvedovme site rituali veceranje mienje zabi,lice itn.otide vo spalna zgasna svetloto,si ja pusti noknata lambicka i si legna .jas vleguvam palam svetlo za da stavam drva vo peckata i on mi vika ne pali svetlo a jas treba da stavam drva zosto?a on mi vika aj gona slip user posted image mu vikam od kade nauci i vika od tomijeri i gluvcetouser posted image

clock-img

08.02.2012, 18:24

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Сабајлево стануваме и одма ми побара да мочка. Го седнав и по ритуал „ете ги мочките“, „ете ги каките“ и на крај да пушти вода и да каже чао на каките ги гледа и вика „каки капи“ (каките се капат, дека во вода)user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

08.02.2012, 20:48

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Матеа денес сакаше да носи фустанче. Јас избрав едно, а таа друго, и ми вика - носам две. Јас и велам - како ќе ги носиш двете, не може да носиш две фустанчиња. А таа - мамо, носам т(р)и.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.02.2012, 12:07

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Пред некој ден играме со куклите, и ја прашувам Матеа:
- Како се вика оваа барбика?
- Бабика
И велам- па дај и некое име.
А Матеа: - Еве бабико, повели. И и го подава со рачето.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

29.02.2012, 20:38

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Пред некое време татко му, му вика леле камчина ти се нозеве, бос беше, а тој му вели не се камчина, обечам чорапи, е како знаеше дека камчина значи дека се ладни се чудев

Денеска му велам ајде ќе одиме кај баба ти, ќе јадиме зелник, ќе правела, а тој ми вика и кобавчина(колбавчина), ги памти од Василицаuser posted image

Вчера јадевме и по некое време ми вели Вода сакам, и јас му викам Готово не јадиш повеќе, а тој Е како не јадам, јадам

Полн е со бисери, само не ми текнуваат сите

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

01.03.2012, 14:27

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Мартин во последно време си зборува сам со себе, вчера растури се што имаше на масичкава во соба и почна да вика ама викање

Матине, оти атураш тука, мое Матинеuser posted image .

Научил и на тел да зборува го зема вика дај нолот авиме ( некој ќе каже) и зборува ало , кај си ти , аен си [sm=smiley36.gif.

Татко му кога одмара и бос стои и му оди леле тато босо , обуе чоапи и бара чорапи му ги обува, а бидејчи не може се нервира и мора татко му да се обуе.user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

03.03.2012, 14:28

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Во неделата бевме во зоолошка јас, Филип, кумашинката и ќерка и. Доаѓаме дома и мм го прашува Филип што видел во зоолошка.

Филип: Имаше чичко.
Мм: Каде имаше чичко?
Филип: Мама имаше чичко!

А тоа јас зборев со еден човек во зоолошка што носеше папагал на рамо, прашував дали може кумашинчето да го погали.

Сме се утепале од смеење user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

03.03.2012, 14:49

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Nedela dena sme vo Borovec i S. veke zbesna, uopste ne sednuva na masa da jade kako prvite denovi, nego mora da se molime i karame i brkame niz cel restoran, za vcera mrtva seriozna da mi rece:

- Ama dosta veke mi davas, trgni toa viluskata, ti sakas jas da bidam debela?

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

04.03.2012, 14:21

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Во неделата бевме во зоолошка јас, Филип, кумашинката и ќерка и. Доаѓаме дома и мм го прашува Филип што видел во зоолошка.

Филип: Имаше чичко.
Мм: Каде имаше чичко?
Филип: Мама имаше чичко!

А тоа јас зборев со еден човек во зоолошка што носеше папагал на рамо, прашував дали може кумашинчето да го погали.

Сме се утепале од смеење user posted image



user posted image оди да те видам направи нешто одма ќе те каже, и М. се прекажува

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

04.03.2012, 15:23

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Ova ne e dosetka, tuku horor prikaznauser posted image Mu vika na tatko mu" Bidi umen tato , oti ke ti go dupnam okoto i ke go soshijam posle so igla i konec"user posted image
Od kaj mu se na detevo ovie muabeti ne znam, ama primetuvam deka fantazijata turbo mu rabotiuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

04.03.2012, 15:55

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Denes za rucek pravev pleskavici za nas a za M telesko so spanak.Pleskavicite gi ostaviv na masa vo kujna ,M zemal edna kutija se potkacil zemal pleskavica i sednal vo dnevna na trosed, a jas cistev vo spalna gledam go nema vikam po nego a toj si sedi i si jadeuser posted image

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

04.03.2012, 16:12

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Некни М се раскашла веќе ептен и му велам, А Михаил да одиме кај докторката нешто да ти дај (мислев на сирупче) а тој ми вика „Балон“, user posted image Околу Нова година, тој период исто беше поднастинат и на секое одење кај докторката му даваше балони и сега еве се сети на тоаuser posted image

Јатрва ми и внукот пред некое време беа дојдени на кафе и внуков и бара нејзе да му пушти цртани на компјутер и таа му вика „стрина ти еве ќе ти пушти“ и Михаил ја слуша и вика „Не е таа стрина, мама е, оваа е стрина“ и покажува на кај неаuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

04.03.2012, 20:57

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ау ова го заборавив, вчера излезе малку во двор на сонце со татко му, му намести мм една столица и му го донесе врапчето му го обеси над него да го гледа, арно ама му светело сонцето в очи и не можел да го гледа и му рекол Чекај да го изгаснам, и слегол од столица, а во дворот имаше еден кабел со прекидач за сијалица и на него чкрапнал, го „гаснел“ сонцетоuser posted image user posted image user posted image
А па исто пред некој ден, ѕвончето ни се одлепи, имаме од оние мобилните и мм го внесе внатре и Михаил го зеде и сега стега на него и тоа ѕвони, и тој трча накај вратава и вика Иии, некој ѕвониuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

08.03.2012, 22:10

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Вчера кога го зедов Филип од градинка ми вика „Симпатијата Мина бегаше. Сакав бацам“. Сум се утепала од смеење!
Ја прашав сабајле учителката и ми рече дека со Мина биле најдобри другари, си разговарале и навистина тргнал да ја баци, а таа му бегала.
Швалериште на мама!


_____________________________

Live and let live

clock-img

08.03.2012, 22:16

clock-img

bombica

pencil-img

917

хахаха Ф. стаса до симпатииuser posted image срцуш мал

clock-img

08.03.2012, 22:18

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Да, и тоа не сум му кажала јас. Сигурно така им викаат во градинка штом толку се блиски. user posted image Ѕверче едно. 

_____________________________

Live and let live

clock-img

09.03.2012, 18:10

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Доаѓа Н. денес од градинка и ми се жали: Мамо, Јована денес не ми `узгаваше`?
Со мм се чудиме, што е ова, кога ми текна - Не разговараше со мене!!! И навистина, денес другарка и не и зборувала и не давала Н. ни да ја пипне, а камо ли да `узгава со неа`user posted image user posted image user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

Последни статии

article-img