cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Чистач на пареа

clock-img

01.04.2014, 23:20

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Линак јас го имам тој чистач на пареа,и ептен сум задоволна,посебно од чистењето на ламинатот.Не му се плаши чисти си слободно,навистина е одличен.Посебно како чисти залепена храна на ламинатот,експерт еuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

27.04.2014, 00:39

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Женски да ве прашам дали може со чистачот на пареа да се исчисти гарнитура за седење.Мојава беше многу светла ама ете веќе 4 години има како е купена и стана многу темна и веќе на ништо не личи.А пробував ете и со вениш да ја исчистам и со арис ама не бидува.Никако да побели.А за несреќе не се вадат ни навлаките од перниците и ниту можам да ги ставам во машина ниту пак смеам многу да ги киснам со вода.Абе нервите ми се искинаа веќе.Не можам да ја гледам таква.Ако може да ја замолам тетка ми да ми ја позајми, а ако не може да не ја малтретирам џабе жената.

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 27.4.2014 0:44:05 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

27.04.2014, 08:21

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Мене гарнитурата ми е комбинација еко кожа со штоф и деловите што се со штоф ги поминувам со парочистач откако претходно ќе ги поминам со средство за гарнитури (и за теписи мислам е истото). Исто и перниците. А зошто да не смееш да ги киснеш со вода? Каков материјал се? И парочистачот остава влага на нив, и им треба време да се исушаат. А мора прво со средство да ги поминеш, зошто само со парочистач нема да се исчистат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

27.04.2014, 08:39

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Па од штоф само наслоните се од еко кожа ама страв ми беше многу да не се накиснат па така ќе направам многу пена со вениш и така со пената ги чистев ама ништо не излегува.Ама ете штом може со парочистач во комбинација со средство за гарнитури баш ќе пробам.Добро тоа сепак не би требало ептен да ги навлажни па после една недела да ги чекам да се сушат нели.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

08.01.2015, 10:09

clock-img

Zola

pencil-img

45

Здраво .. ако може препорака за чистач на пареа кој може да се користи за повеќе намени а не само за под ..на при за прозори купатило , лабавоа..

clock-img

24.02.2015, 15:28

clock-img

mamita83

pencil-img

60

Дали со парочистачот можам да чистам паркет?

clock-img

24.02.2015, 18:02

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Мамита јас немам пробано бидејќи знам дека лакирани површини не се чистат со пареа, некои рингерајки ете имаат пишано дека чистеле и паркет, зависи и каков е парочистачот, дали има регулација на пониска/повисока температура.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

Последни статии

article-img