cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Предвреме родени деца

  
clock-img

28.12.2009, 01:04

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Само ти одмори се убаво Палче, ти треба енергија и тоа многу. Ние сме тука и секогаш расположени за дружба. Кога можеш пиши ни и известувај не за сите промени кај Миа. А кога ќе си дојдете ќе направиме една убава журка во нашиот бар, па ќе се почастиме за убаво добредојде на нашата Миа домаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

28.12.2009, 09:19

clock-img

mami

pencil-img

8680

]user posted image user posted image user posted image user posted image Уште еден голем борец, добредојде Палче. Ви посакувам што побрзо закрепнување и прибирање по домаuser posted image user posted image user posted image

clock-img

28.12.2009, 11:35

clock-img

betpet

pencil-img

302

Zdravo Palce, bravo za tebe i malata Mia,i Vie ste golemi borci.Nie makedoncinjata sme mnogu jaki i izdrzlivi, eve vie ste uste eden primer za tao.Znam niz sto se pominuvas,no zelbata za edno vakvo malo koe go drzam sega vo race ne moze da se zameni so nitu edna druga.ti si silna zena i toa go pokaza so odlukata da se zamine vo druga drzava. Iako velat deka tuginata e teska, no nas ni stana vtor dom, so iskreni prijateli i luge vo koi ja gledame nasata nadez.Vi posakuvam brzo vrakanje doma i drzenje vo race, beskrajni baknezi i slatki maki vecerni.pozdrav od mene do tebe samo hrabro i ke vidis deka se se zaborava kako maki,i pozdrav od Teodora do Mia.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

clock-img

28.12.2009, 13:13

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Jas sum nova na forumot i ve pozdravuvam site. I jas imam bebence koe e pred vreme rodeno vo 26-ta nedela so tezina od 980gr. Bese vo inkubator 2,5 meseci na GAK na Neonatologija i golema blagodarnost do personalot i posebno dr.Elizabeta Petkovska i dr.Jadranka Zivkovik za nivnoto zalaganje i grizata sto ja pokazaa za zdravjeto i negata na moeto zlato. Nikola sega ima 1 godina, odlicno napreduva i e mnogu e temperamentno i veselo dete koe so svojata smea ni go razveseluva domot. Palce, na tebe i Mia vi posakuvam se najubavo i sto poskoro da si se vratite doma da si se raduvate site zaedno. 

clock-img

28.12.2009, 13:15

clock-img

mami

pencil-img

8680

мамасане прекрасно што ни се придружи..ете да зне теодора дека има другарчиња кои поминале низ тоа што и сама поминала...Какви борци се нашиве деца, да се чудиш..Само вие растете здрави и силни, еден ден ке се смеете на сите потешкотии низ кои сте поминалеuser posted image user posted image user posted image

clock-img

28.12.2009, 15:07

clock-img

betpet

pencil-img

302

Sega odnovo gi procitav po neznam koi pat site razgovori na ovaa tema, i da nadopolnam deka mnogu e tocno toa sto go ima napisano Eca za pustanjeto muzika, jas redovno i mnogu i pustav muzika, mnogu reagirase na muzikata i mislam deka i taa mnogu pomaga.So mobilniot redovno bev na stomakot, potoa vrz inkubatorot , a sega od sabajle do vecer. ima mnogu znacenje, Palce dokolku si vo moznost pustai i muzika, taa ke ti vrati so osmeh, kako mene sto mi pravese i mnogu zboruvaj i za vas i sto se ke pravite zaedno, taa slusa i razbira.
Pa koga ke si dojdete ke se slusneme. 


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

clock-img

28.12.2009, 15:17

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Пресреќна сум што ни се јавуваат уште мајки кои поминале низ еден тежок период, но сепак ја добиле битката и сега имаат најголемо богатство - своето ангелче дома. user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

28.12.2009, 15:35

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Палче мамасане вие сте мајки борси затоа и родивте такви дечиња,борци.ме расплакавте и разнежнивте од вашите стории.Ви праќам уште ногу сила да ги пребродите сите пречки.На миа и посакувам да ги победи и надмине сите бариери и конечно да си дојде дома.Се ќе помине и ќе видиш како еден ден и ти гордо ќе се радуваш на твоето злато како што мамасане гордо пишува за нејзината битка и победа со нејзиниот никола.Имај верба и таа верба ќе го победи секое зло.Ви праќам гушки и бакнежи за побрзо надминување на проблемите.Цела рингераја е со вас.

clock-img

28.12.2009, 22:45

clock-img

Palce

pencil-img

123

Здраво женски..

Фала во на сите за убавите зборови и се надеваме дека набрзо ќе си одиме дома..Ќе видиме што ќе кажат докторите...И мене ми е мило дека се јавуваат мајки што бебчињата им побрзале да излезат порано..Мамасане мене ме интересира како помина ти на клиника со толку рано родено бебе...Нас ни кажаа дека најдобро било после 30 недела за кај нас и затоа ние отидовме во Љубљана...Какви беа др и сестрите, те пуштаа ли да го посетуваш Никола...Ние овде буквално сме по цел ден со Миа...ја држиме,повиваме,се не учат.Ај баш пиши ми сакам да знам..
Инаку бетпет јас постојано и пуштам музика,уште во стомак кога беше а и сега секој ден...Од интернет симнав Моцарт за деца а и други композиции и постојано си слуша,и јас и пеам,и и зборам цело време...
Ја правевте ли вие во Бугарија методата кенгур...да ти ја ставаат на гради голичка само по пелена..да те осети..Овде се применува таа метода..и многу е убаво чуството...
Ве поздравуваам сите најмногу на свет и ќе се читнеме утре пак...
Фала ви уште еднаш за подршката...

_____________________________

"WHAT DOESN'T KILL US, ONLY MAKES US STRONGER"

clock-img

28.12.2009, 22:59

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Draga Palce,me rasplaka so tvojava prikazna...Sekoja majka e hrabra na svoj nacin,ama ti si navistina pohrabra od site nas ovde,momentalno prisutni...Od srce vi posakuvam sto pobrzo da si se priberete doma,da se guskate i da rastete vo eden zdiv...Sto bi rekla baba mi-Kako da ste kasnale kvasec,pa ste narasnale...A za Mia samo user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

29.12.2009, 15:31

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Mila Palce, za zal jas nemav moznost da bidam sekoj den so Nikola zasto pet dena posle poroduvanjeto me otpustija od bolnica a Nikola ostana tamu vo inkubator na intenzivna na GAK. Poseti bea dozvoleni dva pati nedelno po 30 minuti i veruvaj toa bea i najubavite i najteskite momenti vo mojot zivot, zasto mozes samo da si go gledas bebenceto niz staklo a dusata te boli sto ne mozes da si go zemes vo pregratka. Prv pat mi dozvolija da go dopram po nodzeto posle mesec i pol i od pregolema vozbuda ne mozev da stojam na noze. A sto se odnesuva do doktorite i sestrite jas bev navistina zadovolna od odnosot i grizata sto ja pokazuvaa za bebinjata, samo sto nikoj ne mozese da mi dade garancija deka se ke se zavrsi vo najdobar red iako velea uste od samiot pocetok deka Nikola e golem borec. Navistina doktorkite bea krajno posveteni na svojata rabota, barem takvo e moeto iskustvo i uste ednas golemo blagodaram do site niv.Non stop mu pravea ispituvanja, bese i anemicen pa tri pati primase transfuzija na krv. Isto taka ni rekoa deka otkako ke si go zememe doma treba da se izvrsat pregledi za vidot, sluhot, na ortoped i da go nosime na redovni kontroli vo Centarot za razvoj na visokorizicni deca vo sklop na Poliklinika Bit Pazar za da se utvrdi da ne ima nekoi ostetuvanja predizvikani od predvremenoto ragjanje. Posle site tie pregledi ustanovija deka Nikola nema nikakvi problemi i skoro vo se gi ima stignato svoite vrsnici. Ne znaes kolku sum mu blagodarna na Gospod sto mi gi uslisi molitvite i mi go podari ova prekrasno detence da ni go razubavi zivotot na mene i maz mi. Istoto so celo srce ti go posakuvam i na tebe, da bidete dobri so Mia i da si dojdete pobrzo doma. Se sto te interesira slobodno prasaj me i ke ti odgovoram kolku sto mozam pobrzo. 

clock-img

29.12.2009, 15:47

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image После вакви постови можам само прегратки да пратам за малите ангели, големите наши борци Никола и Миа, но секако не ја забораваме и нашата Теодораuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

29.12.2009, 15:52

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Солзи ми надојдоа во очите од приказната на мамасане.Го посакувам истото и на миа да издвои победа и да се врати што поскоро дома.

clock-img

05.01.2010, 20:41

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Со солзи во очите ги читам вашите постови. И јас се наогам во слична ситуација. Пред три недели се породив во 31 недела. Бебето се роди 1460 г на ГАК во Скопје иако јас сум од Струмица. Ја видов само неколку пати и по три дена ме отпуштија дома. Заради грипот посети не се дозволени така што од тогаш ја немам видено а татко и ја нема видено ниеднаш. Секој ден се јавувам да прашам како е и верувале или не смислата на мојот живот се состои во исчекување на тие неколку минути кога докторката ми кажува колку тежи денес и дали сеуште има потреба од кислород. Првите две недели само намалуваше и секој ден ми велеа дека се наога во критична состојба и дека сеуште ништо не се знае. Сега почна да качува, а од пред два дена и го исклучија кислородот па јас се надевам дека ќе биде добро.
Јас немам можност да и пуштам музика или да поминувам време со Јана но секој ден се молам Господ да ја чува за да може да си дојде дома и да ставиме крај на оваа агонија.

clock-img

05.01.2010, 20:56

clock-img

mami

pencil-img

8680

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image незнам што да кажам освен дека сите сме со тебе...ти ја пракам сета сила за овој кошмар побрзо да ви помине и да си се гушкате дома со Јана...нека расте здрава и голема

clock-img

05.01.2010, 21:04

clock-img

biljana16

pencil-img

340

Samo politivna energija Tanja i se ke bide kako sto treba. Treba da bides silna i  naskoro ke si se guskate so malata Jana doma.

clock-img

05.01.2010, 21:09

clock-img

niki

pencil-img

4299

Уф, какви приказни, за секоја посебно плачев.
Мамички само храбро, издржете го ова искушение, верувајте и еден ден се ќе помине ко лош сон.

user posted image user posted image user posted image за малите борци


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

05.01.2010, 21:57

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Тања еве една прегратка за тебе да ти даде уште поголема сила од сите нас тука на рр да издржиш и да ни напишеш за моментот кога ќе ти го дадат ангелчето дома, а едната за неа да се опорави што побрзо за да може мамичка да ја земе во својата топла прегратка. И тогаш се ќе биде добро!



< Поракaта ја уредил Еца -- 11.1.2010 8:00:41 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

05.01.2010, 22:18

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Dobro ne mozam da razberam zosto ne im dozvoluvaat na majkite da bidat so nivnite bebinja...Jas veruvam deka Tanja bi bila vo sostojba da stoi 24 casa na noze samo da e pokraj svoeto malecko sonce...Mislam deka toa bi go pocustvuvale i bebinjata...Majcinata toplina ne ja zamenuva nisto...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

06.01.2010, 01:52

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Фала ти Еца :)
Во право си pacuvce во состојба сум и да стојам пред инкубаторот по цел ден за да бидам со моето дете.
Не можам да ви опишам какво е чувството да седите дома кога знаете дека дел од вас е на 200 км и се бори за живот.
Навечер не можам да заспијам мислејки на неа, цел ден чекам да дојде 14 ч за да се јавам и да ми дадат некоја оскудна информација и по јавувањето започнуваат нови бескрајни 24 часа до наредниот повик.

clock-img

06.01.2010, 01:58

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Тања не можам да ти кажам дека знам како се чувствуваш, кога не знам, но со тоа што сум мајка разбирам барем малку како е да не можеш да си до своето малечко да го гушнеш, да му шепнеш дека мамичка го сака и секогаш ќе биде тука за него. Но верувај дека и покрај се ја чувствува твојата енергија, ја чувствува твојата мака и затоа се бори. Не смееш да тагуваш, мораш да бидеш силна и за тебе и за неа, а и за сопругот кој нема сили да ти опише како му е...user posted image user posted image user posted image Еве Божиќ е, вечер на Бадник може паричката ќе се падне во неа, како и да е бидете благословени и од се срце посакувам во најбрзо време да ни напишеш дека конечно сте дома и сите заедно се гушкат.

Овој Божиќ мојата мисла ќе биде насочена кон Вас и сите мали борци кои секојдневно се борат да успеат да стигнат до прегратките на мамичка и желбата за побрзо доагање дома на сите вас!

< Поракaта ја уредил Еца -- 6.1.2010 2:01:12 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

11.01.2010, 07:58

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Тањичка мила, се расплакав кога ја прочитав твојата приказна зашто знам низ што поминуваш и се уште свежи ми се сеќавањата на тие најтешки два и пол месеци во мојот живот кога бевме разделени со Никола. Ама те молам биди силна и имај верба дека се ќе биде во ред зашто и мене само вербата ме одржуваше. Знам дека ти е многу тешко што сте разделени и што не можеш да ја видиш, само мисли на тоа дека таа е таму за да зајакне за да може што побрзо да си дојде домче кај мама и тато. Ви праќам многу бакнежи на двете, да бидете силни и што побрзо да си се гушкате дома.

clock-img

16.01.2010, 17:14

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Не можам да ви опишам какво е чувството да седите дома кога знаете дека дел од вас е на 200 км и се бори за живот.
Навечер не можам да заспијам мислејки на неа, цел ден чекам да дојде 14 ч за да се јавам и да ми дадат некоја оскудна информација и по јавувањето започнуваат нови бескрајни 24 часа до наредниот повик.




Драга Тања,како е твоето бебенце...Кажи ни некоја нова информација...Те нема неколку дена ,па помислувам дека можеби веќе си се гушкате дома...Или???Ајде чекаме да не израдуваш!!!

_____________________________

Love is in the air

clock-img

03.02.2010, 19:16

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Драги мои фала ви за грижата.
Сакам да се пофалам дека Јана си дојде домаuser posted image .
Ја пуштија многу мала, само 1730 г и кога дојде дома за три дена намали 120г но сега е добро и почна да напредува. Полека се приближуваме кон 2000 user posted image .

Сакам да им кажам на сите мајки со прематурни дечиња дека не треба да губат надеж и вера. Иако на моменти изгледа безнадежно сепак по дождот доаѓа сонце а тоа сонце ќе биде најсветлото во нивниот живот.

< Поракaта ја уредил Тања -- 3.2.2010 19:20:49 >

clock-img

03.02.2010, 19:17

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ајде сега нека расте здраво и весело user posted image
Добредојде дома! user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

Последни статии

article-img