cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Предвреме родени деца

  
clock-img

03.02.2010, 19:20

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Гушки за малата Миа.

Јас сакам да се пофалам дека Јана си дојде домаuser posted image .
Ја пуштија многу мала, само 1730 г и кога дојде дома за три дена намали 120г но сега е добро и почна да напредува. Полека се приближуваме кон 2000 user posted image .

Сакам да им кажам на сите мајки со прематурни дечиња дека не треба да губат надеж и вера. Иако на моменти изгледа безнадежно сепак по дождот доаѓа сонце а тоа сонце ќе биде најсветлото во нивниот живот.



Баш вчера мислев на вас Тања, ги читав неколку пати твоите постови, и размислував за твојата ситуација... Драго ми е што пиша, искрено баш ме израдуваuser posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

03.02.2010, 19:29

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања
Сакам да им кажам на сите мајки со прематурни дечиња дека не треба да губат надеж и вера. Иако на моменти изгледа безнадежно сепак по дождот доаѓа сонце а тоа сонце ќе биде најсветлото во нивниот живот.

Така е Тања. Го имаш најубавото сонце, пружи му ја цела твоја мајчинска љубов, а тоа да возврат ќе ти подари насмевка, топлина, радост и многу љубов. user posted image за сите мајки - вистински борци, хероинки user posted image user posted image user posted image


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

03.02.2010, 19:51

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

I jas se porodiv vo 34 nedela ama fala mu na Gospod se e vo red so mojata princezicka.Zatoa ne gubete nadez verbata e najvazna.

clock-img

03.02.2010, 20:02

clock-img

BILE.F

pencil-img

670

Тоа е најбитно, бебчињата да се добри! Внука ми се роди во седми месец со 1,9кг и машала сега на 7 години и повисочка и покрупна од многу нејзини врсници!
Бебчињата што се родиле пред време и самите се мали борци!user posted image user posted image user posted image user posted image

Поздрав до Билјана_Г и Тања! Многу ми е мило! Гушки за вашите душички!
Само напред!


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

clock-img

03.02.2010, 21:34

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Сакам да се пофалам дека Јана си дојде домаuser posted image .
Ја пуштија многу мала, само 1730 г и кога дојде дома за три дена намали 120г но сега е добро и почна да напредува. Полека се приближуваме кон 2000 user posted image .



ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Кога на Јана прв пат и правеа скрининг беше сеуште во болница. Нејзиниот прв преглед беше добар но имало девет дечиња на кои им било извршено ласерска корекција. За среќа корекцијата се врши веднаш и постапката трае неколку минути.



Драга Тања,конечно вест и од вас...Јас пред некое време баш се прашав што се случува,зошто те нема...Баш ми е мило што сте веќе дома и се гушкате...Големи бакнежи од мене за куклата Јана,а секако и желби за се најдобро понатаму во животот...Расти,расти,мила наша Јана...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

16.02.2010, 13:44

clock-img

Palce

pencil-img

123

Здраво женски user posted image

Одамна ви немам пишано ама додека се адаптираме дома и еве конечно да седнам и да ви кажам дека сме супер..Од Љубљана се вративме на 11 јануар и Миа е добра,полека си напредува..Веќе стана 3170г и долга е 56цм..Сеуште е на мое млекце ама се мислам барем 2 оброци да и додавам аптамил за побрзо да пркне..Инаку за 1 месец она качи само 670г...Педијатарката вика дека е тоа добро,ама јас сепак мислам дека треба малку повеќе..Што мислите вие,дали да и додавам и аптамил барем 2 оброци..Што да ви кажам друго...Миа е мирно бебе,плаче само кога има грчеви и давав едни капкки Саб Симплекс,ама сега земав едно сирупче Колик бејби па ќе видиме како ќе биде..Инаку сме многу среќни што сме дома...Јас и мм сами си ја чуваме,бабите само ќе дојдат малку да ни запеглаат и ручек да ни направат инаку се друго околу неа е моја обврска и на мм..Не сакам никој да ми се плетка user posted image
Еве и јас да ја поздравам Тања и нејзината Јаничка и не се секирај се ќе биде добро..Миа се роди 1250г и еве сега е веќе 3170г...Ќе видиш како брзо напредуваат...До душа Миа не сака многу да папа па се молиме по 1 саат,ама се надевам дека што повеќе ќе расте ќе си бара повеќе,јас па сакам повеќе да цица ама па детето си јаде толку колку што сака...Леле се распишував,епа така кога не сум ви пишала одамна...
п.с
И сакав да ви казам дека треба да направиме едно здружение на мајки на предвреме родени бебиња,зошто кај нас не се збори многу на таа тема..Во Љубљана секоја година си се собираат во еден парк и се дружат..А и државата треба да има малку поголеми бенифиции за овие деца а богами и за мајките...барем породилното да ни е подолго..ние не сме сакале да се породиме порано..
Ете така,ајде доста од мене,одам малку да прилегнам додека Миа спие па ви ветувам дека сега ќе бидам поредовна на форумов...
Бацкии до ситееее големи и мали user posted image

clock-img

16.02.2010, 14:05

clock-img

zami

pencil-img

574

user posted image user posted image user posted image , do dvete,
samo hrabro kako i dosega,
za nekolku meseci, ke si se smees samata na segasnive grizi.

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

clock-img

16.02.2010, 14:15

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Палче баш се радувам што сте дома и што се гушкате сите заедно домче.Гушки многу за Миа.Ти си многу храбра мајка.

clock-img

16.02.2010, 14:19

clock-img

biljana16

pencil-img

340

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image za Mia i za Jana bas premnogu ve mislev sto ste napravile ama sega koga gi procitav vasite postovi premnogu me izraduvavte.
Da se zdravi i zivi nasite borci i da imaat premnogu sreka vo zivotot.
Sega samo uzivajte vo momentite so malite angelcija.

clock-img

16.02.2010, 14:20

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ајде терајте ............баш ми е мило што се добро се заврши.поздрав и цунка до Миа

clock-img

16.02.2010, 14:27

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

user posted image

Добре ни дојде,мила наша Миа...Голема да растеш...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

16.02.2010, 14:31

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  user posted image за Теодора,Миа,Никола,Јана..тие се нашите мали(но најголеми) борци!
и не знам по кој пат ја препрочитувам оваа тема!

бакнежи и прегратки до ситеuser posted image

clock-img

16.02.2010, 14:32

clock-img

nadica

pencil-img

4381

палче не се секирај ако добро напредува со мајчино млеко немаш потреба да додаваш па не се роди миа 4кг па за месец да се поправи 1кг не претерувај мила user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image слушај ја миа и немаш гајле user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

16.02.2010, 14:40

clock-img

betpet

pencil-img

302

Pozdrav i od mene i Teodora, backi za Mia i mama. Palce mi se dopaga idejata, da si formirame edno zdruzenie-(dokolku veke nema) i da se druzime na svetskiot den na predvremeno rodenite deca , a toa e 17 noemvri.Mozam da pomognam mnogu vo taa rabota.
Mozeme na toj den da se sobirame, druzime i razmenime mislenje majkite so predvremeno rodeni deca.Mislam deka koga ke bideme pobrojni ke mozeme da napravime i poveke za nasite deca i nivnite potrebi, dokolku e potrebno.
Pozdrav i za malata Jana i backi za nea i mama.
Nasite deca se golemi borci, pruzajki im mnogu lubov tie ke znaat da ni vozvratat.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

clock-img

16.02.2010, 14:42

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

може и ние да дојдеме,ако не сме со предвремено родени,ние ке ви држиме децатаuser posted image ,а вие мајките менете искустваuser posted image user posted image
ете така јас можам да помогнам,ама сериозноuser posted image

clock-img

16.02.2010, 14:54

clock-img

zami

pencil-img

574

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

може и ние да дојдеме,ако не сме со предвремено родени,ние ке ви држиме децатаuser posted image ,а вие мајките менете искустваuser posted image user posted image
ете така јас можам да помогнам,ама сериозноuser posted image




potpis,
eve i jas se prijavuvam

clock-img

17.02.2010, 08:35

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Палче и Тања, многу се израдував кога прочитав дека веќе сте си дома и си се гушкате со вашите принцези Миа и Јана. user posted image Браво за вас и за вашите мали срциња на храброста и сега ви останува само да уживате заедно. Баш ми се допадна идејата да се состануваме повремено и да си ги размениме искуства па се надевам дека набрзо ќе преминеме од идеја на реализација и едвај чекам да се дружиме. Се подразбира дека сите се поканети за дружба и сечие искуство и мислење е драгоцено. Ве гушкам сите user posted image

clock-img

17.02.2010, 09:16

clock-img

mami

pencil-img

8680

Значи морници ме лазат секогаш кога ја читам темава...Колкава храброст и сила е собрана во овие мали дечиња и нивните родители... баш се израдував кога видов дека веќе сите ни се дома и растат заедно со мама и тато...

Палче, според тоа колку е родена си напредува супер, и мислам дека нема потреба да и додаваш аптамил, баш како што ти пиша и Надица...

И user posted image user posted image user posted image за идеата, еве и јас како зами и мотхер29 можам да помагам...
Само напред наши храбри мајки

clock-img

17.02.2010, 11:41

clock-img

Palce

pencil-img

123

Здраво мои пријателчиња...

Фала ви на сите за убавите желби и поздрави...
А за ова здружениево дави кажам ми текна уште додека бев во Љубљана зошто видов дека таму многу се грижат за ваквите бебиња, родителите можат да си поразговараат и да си поделат мислења,и ете додека некое бебе лежи на интензивна да и се помогне на мајката со муабет,зошто многу е тешко да си го гледаш така бебето,додека другите си ги држат бебенцата во раце,човек треба да биде многу многу силен...и да ја чува силата за понатаму за да го одгледува тоа дете...Плус мора да се иницира да се воведе и таа вакцина РСВ...знае бетпет колку е потребна таа вакцина посебно за овие деца кои немаат имунитет,посебно за плуќата...Секаде ја има,само кај ја нема..Ете Теодора не е вакцинирана и мора многу да се пази,а Миа доби само три дози..а преостанатите неможеме да ги доиеме зошто кај нас ја нема,а и е многу скапа,и да ја купиме нема кој да ја стави зошто нема да сакаат да ризикуваат...И такви некои други работи...Ете на пример во Англија..кога некоја мајка вози недоносено бебе имаат посебни лепенки на колите и има посебно место за нив за паркирање,значи секој кој што ќе ја види лепенката се трга за да се паркира мајката...Абе кај нема ништо...Да тргнеме само од Детската клиника и интензивната нега...Не викам дека нема ништо,ама треба да има многу за тие деца,таму се немаат основни средства...Не ми е јасно како можеше до сега да немаат апарати за мерење сатурација -ниво на кислород во крвта туку така од тепка им пуштале на децата кислород и голем дел од нив добија ретинопатија-ослепеа...Срамота едноставно...Плус...треба да имаш врски за да го носиш детето на лекар или приватно за да не се буткаш со толпата болни деца,знаејќи дека твоето дете е без имунитет и треба многу да се пази..Не викам дека и другите бебиња не треба да се пазат,ама овие посебно...Па ќе ми рече свекрва ми...Леле па вие претерувате со миењето раце и дезинфекција...Си викам...да знаеш во душава што јас не претрпев па и на јогуртот ќе дувам..И така женски..се изнапишував...Има милион работи кои треба да се истражат и да се направи здружение и да се бориме за правата на децата...И не само на предвреме родените..А иова ќе кажам...Никаде неможам да најдам помал број облека од 56..ретко некаде...Само Премама а таму изгор скапо...Па што за овие деца нема облека?? Мора се да им е големо?? Јас да не и купев помали работи од Љубљана овде немаше што да и облечам,во се ќе пливаше хихи
И така...И ајде побрзо од идеја да направиме реализација...Треба само да се распрашам каде може да се регистрираат здруженија..
Ајде сега чаос одам да ја ранам па ќе ви пишам вечер..
Бацкии до сите..

clock-img

17.02.2010, 12:35

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Палче мила, знам точно со што се соочуваш сега зашто и ние откако го земавме Никола од болница се соочувавме со истите проблеми. Поради тоа што немаше развиен имунитет како кај навреме родените деца, потполно се изолиравме од луѓе, опседнати бевме со хигиена и дезинфекција, па мака мачевме додека да најдеме ацелуларна вакцина за вакцинирање од ДиТеПер бидејќи обичната не смееше да ја прими за да не крене температура што е посебно опасно за пред време родените деца, ама додека да ја најдеш триста нервози ќе претрпиш. Ама се поминува и маките се забораваат, само децата да ни бидат добри се ќе се поднесе. Еве сега Никола има 14 месеци, фала богу добар е и малку по малку се опуштаме и почнавме повеќе да се дружиме, зашто треба да се социјализира, на детето му требаат контакти со други деца. Што се однесува до облеката се разбира дека и ние го имавме истиот проблем да не можеме да најдеме мало бројче и најголем дел од гардеробата ми го донесе тетка ми од Америка, а кај нас најдов нешто по приступачни цени во еден бутик за бебиња на излезот од Женски пазар кога одиш спрема Пластичарската улица има нова застаклена зграда и тука има помали бројчиња. Робата е претежно на Бебето (турска) и е со многу добар квалитет. Се надевам ќе најдеш нешто што ќе ти се допадне. Се надевам наскоро ќе се запознаеме и ќе ни пренесеш некои искуства од Љубљана. user posted image

clock-img

17.02.2010, 12:38

clock-img

caci20

pencil-img

1049

Palce sege ima popust vo Premaman i moze da se najdat ubavi raboti

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

clock-img

17.02.2010, 13:17

clock-img

Adrijana

pencil-img

1301

user posted image Me rasplakaa vasite prikazni, ne sakam ni da zamisluvam kako bi mi bilo da sum vo takva situacijauser posted image bravo za hrabrite mamicki i uste pogolemo bravo za hrabrite angelcinjauser posted image . Vi posakuvam da porasnete golemi, da bidete zdravi i pametni, i da bitete gordost na vasite roditeli koi tolku mnogu se grizat za vas.user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Adrijana -- 17.2.2010 13:18:30 >


_____________________________


clock-img

18.02.2010, 20:10

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Ги читам другите мајки и мислам дека се читам себе си. Миењето раце по сто пати, дезинфекцијата, забраната за посети, трчањето низ ходниците во болницата, приватен педијатар за да не се чека по ходници....... Господ да ги чува нашите сонца.

Ја подржувам идејата за формирање здружение. Размената на искуства со мајките што се во иста ситуација  е драгоцена. Тоа го увидов на контролите за ретинопатија кога се собираме по 15-тина мајки со прематурни дечиња. Секогаш доаѓам дома со нови информации, посмирена сум затоа што можам да направам споредба мегу напредувањето на моето и другите дечиња, секогаш учам нешто ново.
Се согласувам дека во светот владее „диктатура од навреме родените деца“ user posted image user posted image user posted image односно не може да најдам соодветна гардероба за Јана, особено надвор од Скопје. Кутрата, не можевме да и најдеме капче кое не и паѓа постојано преку очињата. На крај моравме да и адаптираме една поголемка со подврзување.

Палче и јас сакав да и давам на мојата кукличка по еден оброк ПРЕНан но консултирав неколку педијатри  и сите ми рекоа дека нема потребаuser posted image

clock-img

24.02.2010, 11:45

clock-img

delfinka

pencil-img

416

guski za site bebcinja borci i sekako za nivnizte majkicki

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

clock-img

24.02.2010, 23:19

clock-img

S*B*

pencil-img

309

Голем поздрав до сите бебенца и до нивните родители.Вие сте најголмите борци и децата и родителите.Вашите деца еден ден ќе се гордеат со вас,а и вие со вашите дечиња само напред.Поздрав.

_____________________________

СМЕЕЊЕТО Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ!!!Да се смееме за подолго да живееме!!!