tasana, јас имав со години хеликобактер и што се не пиев - тројна терапија неколку пати, други лекови, џабе. Се смирува привремено, но пак се јавува. Го средив со храна, и еве сега, имам само обични киселини како heartburn, какви што се нормални за бременост.
Треба да почнеш да јадеш многу свежо овошје и зеленчук, да гледаш да ти биде тоа 70% од исхраната. Сабајле, цеден лимон со млака вода на гладно, и после тоа само свежо овошје и 2л вода до ручек, ништо друго. Ако пиеш кафе или чај, без шеќер и без млеко. За ручек, гледај да јадеш еден тип храна со свежа салата само од зеленчук - на пр. риба и салата, јајца и салата, компири и салата, боранија и салата... Кога готвиш, никако похувано или пржено, туку само варено или печено. Исклучи млечни производи и ако правиш месо или тестенини со сос, нека биде тоа само сос од зеленчук, без хопли, бешамели и слично. Во манџи никако запршка од брашно. За вечера нешто скроз лесно - печена тиква, свежа салата, супа од зеленчук (домашна, не купечка), печени костени, такво нешто. И многу битно - немој да пиеш готови сокови, купечки, и никако газирани пијалаци.
Ова мене многу ми помогна, и на многу други луѓе, така што сигурна сум дека ќе ти помогне и тебе. Делува тешко, но не е - после недела две, ќе се навикнеш и одма ќе осетиш разлика.
Се надевам ќе ти помогне ова и за што било друго, пиши ми
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015