Еве јас ќе дадам мое мислење... како дете на печалбар... мојот покоен татко беше на сезонска работа баш во Швајцарија... Работеше таму 6-9 месеци годишно, а остатокот се враќаше и седеше тука... тоа траеше со години...Не знам од каде да почнам со предности и маани. Имавме преудобен живот, како дете добивав се, не се што ќе посакам, во смисол на размазеност, но, не мислевме што ќе јадеме, гардероба секогаш имав најнова... Значи, финансиски бевме обезбедени. татко ми како татко нормално дека фали, меѓутоа мајка ми го осети најголемиот терет, таа ни беше и мајка и татко, ја имаше сета одговорност кон домот, воспитувањето, грижата за нашата безбедност, и мојот успех во школо да го следи, ,и сестра ми со дечкото што прави да ја следи, и цевка ако пукне да смени и молери и се по ред... и женска и машка работа... Нејзе и беше најтешко затоа што немаше буквално никој, братот, сестрата, мајка, татко, сите таму, па дури и сопругот... доверба ви треба огромна, љубов уште поголема, и издржливост... Морам да ти напоменам, а и сигурно веќе знаеш, Швајцарија е најтешка земја за турист кај сезонски работник, ние одевме на гости, ама кај баба и дедо, не кај татко... визи посебни треба за таму, не е ЕУ земја...
На крај, јас кога би била на твое место, би се нафатила на овој чекор, затоа што е чекор кон успех, постои шанса можеби да ве повлече и вас, затоа што тешко е во оваа мизерија со две деца и со една плата... ма и две ако се, сигурно не е исто... Швајцарија е јака земја, и ако ви успее, сте добиле Џек-пот, не велам дека лесно ќе е, ама и од љубов само не се живее. Ако имате потполна доверба меѓу себе, иста цел и воља да успеете, ќе успеете.
< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 13.2.2013 23:17:40 >
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!