за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
И јас не давам наутро пред да ги носам, само почетокот кога ја запишав Јана и давав млеко зашто не знаев дали ќе јади таму, зашто почеток и беше, ама сега не давам, некогаш може банана или јаболко да каснат, а може и бисквита, ама тоа ептен ако е на маса да се гледа
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
19.11.2014, 09:16
Mila mamicka
387
Кога е дома, за доручек му давам палента со кашкавал растопен во неа и јогурт, тарана со кисело млеко или урда, варен гриз со овошје, лепче со млечен намаз со варено јајце и краставичка или патлиџанче, понекогаш млеко со бисквити, микс од овошје со бисквити. За појадок не давам само овошје, затоа што, според мене, тоа би требало да биде ужинката. Откако тргна во градинка, пред да одиме не му давам појадок, затоа што нема да го изеде појадокот таму, меѓутоа, обавезно пие или цеден сок од цитрусни овошја и една лажичка мед или маџун, или пак свежо цеден сок од морков, јаболка и цвекло.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
19.11.2014, 10:44
AneLav RR
1110
Веќе неколку дена им правам фурнаринки и ги јадаат со јогуртче. Ме пукнаа веќе стапчиња па стапчиња. Обично за појадок јадеме печени лепчиња со маргарин и кашкавалче, бисквитеи со мелеко и банана, ретко некогаш јадат и кроасанчиња благи.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!