cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Прекумерна телесна тежина кај децата

  
clock-img

02.03.2013, 10:19

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Вчера имав еден непријатен разговор со педијатарот на ќерка ми и тоа ме натера да отворам ваква тема и да слушнам ваши мислења.

Докторкава ме убедуваше дека моето дете е дебело, набиено, со стомак и дека јас како несовесна мајка која му бута се со сила, си имам проблем со главата и дека не перцепирам добро. Како јас не сум можела да видам дека ќерка ми е дебелка?! И тоа се пред неа збореше. Запрепастена, почнав прво да се правдам, дека не и бутам со сила, дека здраво се храни, јаде овошје за појадок, не јаде леб....И кажав дека е многу висока, има 4 години, а е висока 112 цм. отприлика колку девојче од 6 години и тоа во нејзината ординација ја мерев.
Ме советуваше докторкава да не и давам да јаде ако не побара сама, добро тоа сокови и благо не, само на овошје и зеленчук да биде. Ми рече дека ако вака продолжиме со јадење ќе била навистина дебела, а премногу била убава за да биде дебела.

Што за вас е дебело дете? Колку мислите дека треба да јаде едно дете од 4-5 години? Да го сметаме за бебе и да му мериме во мл/гр. или да го третираме како возрасен човек (нормално не можат да изедат колку еден возрасен)?

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 2.3.2013 10:38:54 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

02.03.2013, 10:42

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Нина воопшто не ми личи на дете со прекумерна тежина. А не знам и која е таа докторка што како прво си дозволува да зборува такво нешто во присуство на детето. Па зар не знае дека тие се слушаат, и се им влегува во главата. Нашата докторка кога зборуваме за некоја осетлива тема, секогаш гледа да не ја слуша М, или ни објаснува одоколу за да не може да ја разбере што ни кажува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

02.03.2013, 10:49

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Инаку за тие што имаат ваков проблем, еве неколку совети што ги најдов на максид.цом.мк

Како да се спречи прекумерната телесна тежина кај децата

Постојано на ТВ и во весници слушаме за глобалниот тренд на пораст на бројот на деца и тинејџери со прекумерна телесна тежина, во последните две декади. Можеби се прашувате зошто лекарите и научниците се толку загрижени за овој тренд? Исто така, како загрижени родители можеби се прашувате: Кои чекори треба да ги преземеме за да спречиме нашите деца да се здобијат со прекумерна телесна тежина?
Зошто прекумерната телесна тежина кај децата се смета за здравствен проблем?

Лекарите и научниците се загрижени за порастот на бројот на деца и млади со прекумерна телесна тежина поради фактот што прекумерната тежина може да предизвика некои здравствени проблеми:

срцеви заболувања предизвикани од:
висок холестерол и/или
висок крвен притисок
дијабетис, тип 2
астма
апнеа во сон (прекини во дишењето при спиење во траење од неколку секунди до минути)
социјална дискриминација

Дополнително, студиите покажуваат дека децата и тинејџерите кои се прекумерно тешки, со поголема веројатност ќе бидат дебели како возрасни.
Што можете како родител да направите за да се спречи прекумерна телесна тежина кај Вашето дете?

За да му помогнете на Вашето дете да има здрава тежина, воспоставете баланс помеѓу калориите што Вашето дете ги консумира од храната и пијалоците и калориите што тоа ги троши преку физичка активност и нормален раст.

Треба да се запомне дека целта кај деца и тинејџери со прекумерна телесна тежина е да се намали процесот на наголемување килограми, а истовремено да се овозможи нормалниот раст и развиток. Децата и тинејџерите НЕ ТРЕБА да се подложуваат на редукциона диета за намалување на телесната тежина без консултација со стручно лице.
Балансирање на калориите: да им се помогне на децата да развијат здрави навики на исхрана

Еден дел во балансирањето калории е да се јаде храна која ќе ги обезбеди нутритивните потреби и соодветен број калории. Како родители, можете да им помогнете на Вашите деца да станат свесни за тоа што јадат со развивање здрави навики во исхраната, изнаоѓање начини како да се направат омилените оброци поздрави и со редукација на искушенијата кои изобилуваат со калории.

Охрабрување на здравите навики во исхраната. Не постои некоја голема тајна околу здравата исхрана. За да им помогнете на Вашите деца и фамилија да развијат здрави навики на исхрана, потрудете се на следните начини:

обезбедете доволно зеленчук, овошје и производи од цели зрна.
вклучете млеко и млечни производи со мала или без масленост.
изберете попосно месо, пилешко, риба, леќа, грав и други мешунки како извор на протеини
сервирајте порции со разумна големина
охрабрите ги Вашите домашни да пијат многу вода
да ги ограничат пијалоците засладени со шеќер
да го ограничат консумирањето на шеќер и заситени масти.

Запомнете дека мали промени секој ден може да доведат до рецепт за успех!

Изнаоѓајте начини за да ги направите омилените оброци поздрави. Рецептите кои ги подготвувате вообичаено и во кои Вашето семејство ужива, со мали промени можете да ги направите поздрави.

Отстранете ги искушенијата кои изобилуваат со калории! Иако во се може да се ужива умерено, редуцирањето на искушенијата кои изобилуваат со калории од масти и шеќери може да помогне околу развивањето здрави прехранбени навики. Дозволете им на Вашите деца само понекогаш да јадат таква храна како би можеле вистински да и се насладуваат. Како замена за висококалоричните посластици, понудете им посластици со ниско ниво на масти и шеќери како јаболко, банана, грозје, моркови и сл.
Балансирање на калориите: да им се помогне на децата да останат активни

Друг дел во балансирањето калории е да им се овозможи ангажман во соодветна количина физичка активност и да се избегне премногу седење. Покрај тоа што е забавно за децата и тинејџерите, регуларната физичка активност има многу здравствени придобивки меѓу кои:

зајакнување на коските
намалување на крвниот притисок
намалување на стресот и анксиозноста
зголемување на самодовербата
помош во регулирањљето на телесната тежина

Да им се помогне на децата да останат активни. Децата и тинејџерите треба да практикуваат најмалку 60 мин. физичка активност со умерен интензитет повеќето од деновите во неделата, по можност секој ден. Запомнете дека децата ги имитираат возрасните. Почнете да внесувате физичка активност во Вашата дневна рутина и охрабрете го Вашето дете да Ви се придружи.

Некои примери на умерена физичка активност вклучуваат:

брзо пешачење
скокање јаже
играње фудбал
возење ролерки
пливање
танцување

Редуцирање на времето поминато во седење. Покрај охрабрувањето на физичката активност, на децата треба да им се помогне да избегнуваат премногу седење. Иако одредено време поминато во седење поради читање или извршување домашни задачи е во ред, би требало на децата да им се ограничи времето потрошено на гледање телевизија, играње видео игри или сурфање по Интернет, на не повеќе од 2 часа дневно. Исто така, не се препорачува гледање телевизија децата на возраст од 2 години и помали. Наместо тоа, треба да ги охрабрите Вашите деца да изнајдат забавни активности кои ќе ги прават сами или заедно со членовите од семејството.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

02.03.2013, 10:53

clock-img

meU87

pencil-img

454

Според мене нема дебели , но има буцкасти дечиња.
Дури можам да кажам среќни се тие мајки чии деца сакаат и не прават проблем при јадење, за разлика од другите. Јас за пример, тежев 20кг во прво одд, не сум јадела ништо, е после се здебелив, ама навистина се здебелив(додуша на сила ме дебелеа), што според мене е многу погрешно и не е вистинско време за тоа, зошто до ден денес ја имам истата мака.
А додека се дечиња, посебно кога проодуваат, се додека тежината не смета на ’рбетот и стапалата, при проодување и сл, нема проблем.
Е сега колку би требала да биде тежина на 1год дете??? Дали навистина е од 9-11кг???
Има ли некаде табела по која би се воделе?

clock-img

02.03.2013, 11:09

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Јас не сум се водела според ниедна табела кога се работи за развој, иако до една година Н. се развиваше правилно (според некои табели на докторите). Имаше некоја табела тука на РР, ама тоа е мислам за бебиња.
На бебињата им било дозволено да имаат меше, ама на деца на нејзина возраст не било. И сето тоа пред Н. го зборуваше, па детево кога излеговме од кај неа ми вика: мамо, нели јас не сум дебела, нели сум згодна? user posted image
Не е дека моево дете е коска и кожа, има малце мевце на ноџињата, а пак и се бројат и ребрата.
Приметив дека зимно време кога не е многу активна, кога не може да трча надвор по цел ден, дека можеби малце ќе се поправи, ама тоа не е нешто загрижувачко. Се јавив вчера и кај неколку пријателки, кои имаат деца колку моето и сите отприлика се иста тежина, околу 17-19 кг. Само една кажа дека ќерка и има 22кг, а има 4 години. Детето воопшто не изгледа дебело, баш е висока и тенка. Вчера стварно помислив дека нешто не е во ред со мојата перцепција, па затоа се испојавував кај пријателките user posted image
Оваа докторка веќе не и е педијатар на ќерка ми, во пон. се префрлуваме кај друг доктор, се надевам со осет и со подобар речник.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

02.03.2013, 11:41

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Маца, зошто ми остана во глава дека неодамна прочитав некаде во твојот пост, дека ти кажале дека керќа ти била неухранета user posted image Така ми остана нешто во глава...
Како и да е, децата имаат периоди, кога се извишуваат па стануваат и изгледат потенки, и кога рецимо стагнират со растење во висина, па изгледат побуцкасти. После некој период пак ќе ти изгледа извишена.
Јас не би и мерила колку јаде, ако не јаде само теста и благо, зошто да се грижиш? Остави го детето да си јаде раат, па и што викаш сега кога повеќе ќе се движи надвор, повеќе ќе троши.
И нешто сликите што видов од керќа ти,никогаш не би кажала дека има прекумерна тежина, нормална е. И баш ми е криво што таа докторка си дозволи така да зборува пред керќа ти user posted image

clock-img

02.03.2013, 11:54

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Точно Бетани, во градинка летоска ме прашаа дали јаде, затоа што била многу слаба. И се броеа ребрата тогаш стварно. Ама лето, цел ден надвор трча, полесна храна, многу овошје и зеленчук, си го прави своето. Исто како и кај возрасните. Мислам дека секој сака неговото дете да биде здраво и со здрави навики за јадење, па така и јас се трудам како мајка навистина да ја научам на правилна и здрава ихрана. Ова ми беше шок! user posted image
Тоа е, што не ќе слушнеш денес. Само ми е криво што тоа го слушам од човек на кој што му верував многу и некој кој треба да се грижи навистина за здравјето на децата, а не да ми вика да не и давам да јаде.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

02.03.2013, 12:56

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Имам еден прирачник Мајка и бебе и има табела кога треба да е тежината и висината на децата но до 2 години.Ако некој го интересира што пишува нека ми прати пп.
Еве за крајната возраст момче на 2 години треба да е високо од 82,7см до 94,6см ,тешко од 10.570гр до 15.830гр.
За девојче висина од 80,1см до 93,3см,тежина 9.800гр до 15,600гр.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

02.03.2013, 12:57

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Е сега колку би требала да биде тежина на 1год дете??? Дали навистина е од 9-11кг???


А што да правам јас кога ќерка ми има 14 месеци и тежи 8.800 гр.user posted image Си јаде нормално детево со сите оброци и ужинки, никогаш не сум имала проблем со неа за јадењето ама многу е активна. Не стои во место ни една секунда. А може и таква е, едноставно нема да се дебелее, штознам. Додека си јаде детето нормално и здраво мислам дека нема потреба од грижа, па не се сите деца исти, некои се склони на гоење повеќе од други. Да не треба на диета да биде девојчето на свои 4 години само затоа што имала стомаче, Бог да чува. Епа таква и е конструкцијата може, аман веќе, само безпотребно не оптеретуваат со тие бројки и табели.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

02.03.2013, 14:33

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

еленак зависи и колку е родено детето. ако е 3 кг родено, на 6 месеци би требало да ја дуплира родилната тежина значи 6кг, а на 12 месеци 9кг. Ама секое дете е различно и мислам дека нема правила. Се додека детето е здраво, крвата му е ок, па нека е и послабо нека.
Не знам, никогаш не сум сакала да се водам по некоја табела, битно ми е да ми е детето здраво и среќно. Вчера гледав баш во картонот на ќерка ми, тежина и висина од бебе, родена 3320, на година била 9660. Точно до грам. На две години имаше околу 11 кг, на три имаше 14кг, во јануари ја мерев еднаш имаше 16кг еднаш 18кг. Треба пак да ја измерам.
Н. дома јаде многу малку, додека во градинка си јаде нормално. Никогаш не рекла дека не и се јаде, додуша појадокот баш не го обожава во градинка, секој ден леб, ама затоа ручекот и салатата си ги јаде. Дома има уште еден оброк и ужинка и тоа е тоа. И млеко пред спиење. Мислам дека е доволно.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

02.03.2013, 15:11

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

Од кога 18kg кај дете од 4 години се многу? Јас знам деца кои на 1 и 2 години имаат по толку, па ниедна докторка не ги ставила на диета.

clock-img

02.03.2013, 15:33

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

Моето девојче на 4 години имаше 24 кг и беше висока116 см а сега има 26 кг и висока 130 см а има 6 ипол години и мислам дека е слаба сега ама па е висока за возреста во класот муе највисока кога бевме на систематски .Јас мислам дека на 4 години воопшто не е многу 18 кг аман веќе ако е слабо оти е слабо и ова докториве не знаат на кај тераат user posted image

clock-img

02.03.2013, 15:47

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

И да се надополнам јас лично бев пресреќна оти беше буцкаста не можам да кажам дебела оти беше висока и се убаво и стоеше и фустанчина,и кратки пантоломчина за разлика од сега ,е сега е веќе друга прикаска сега веќе е истанчена и цела е во нозе и носиме алишта за 8 годишни девојчина .Затоа мила Мацо ај не му се замарај со таа матична докторка пушти си го детето нека си ужива кога ке почни да расти во висина па ке вика дека е слаба:А мене исто ми рече докторот кога бевме на систематски дека Ј бил многу слаба и се броеле ребрата ама јас убаво му кажав дека е восока и дека ке се надокнади кога ке стагнира во растење во висина

clock-img

02.03.2013, 16:15

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409


ИЗВОРНА ПОРАКА: meU87
Е сега колку би требала да биде тежина на 1год дете??? Дали навистина е од 9-11кг???
Има ли некаде табела по која би се воделе?



Јас не се водам по табели. Мене кога имаше Филип 4-5 месеци педијатарката ми викаше да му давам помалку млеко зашто бил дебел. До душа стварно беше бумбар, ама како на бебе од 4 месеци да не му дадеш млеко???
На 6 месеци имаше 9.800, на 12 месеци 12.800, а за три месеци ќе полни три години и тежи 15 кила. Навистина е покрупен од другите врсници, ама во никој случај не би рекла дека е со прекумерна тежина.

А таа докторката што ти рекла дека Нина е дебела, Мацо, да и кажеш да оди да се преиспита и да се лечи!

_____________________________

Live and let live

clock-img

02.03.2013, 16:59

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Вчера бевме на педијатар и имаше едно детенце на 3 години имаше 33 кг. , ама беше и доста високо за негова возраст. Личеше на дете од 6 годинкиМајка му го имаше донесено , загрижена дека не јаделоuser posted image Буце беше , ама многу бе слатко, како топче, ама д-ркава на шала и рече не се секирај таман малку ќе ослабеuser posted image Во ниеден момент не и префрли за тежината пред детево, тоа пред се не е етички.

clock-img

02.03.2013, 22:04

clock-img

Beatris

pencil-img

3116

Една работа ми има кажано педијатарот, и многу ја почитувам, особено затоа што и јас го мислам истото - Прекумерна тежина не е добра ни за возрасен ни за бебе ни за дете. Идеална комбинација е слабо, а здраво дете. Сметам дека се што е прекумерно потоа ќе се одрази понатаму во животот.

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

clock-img

02.03.2013, 23:20

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Мацо,ти стварно немаш потреба да се грижиш,Н ми личи сосем ок за возраста...Туку да ви кажам дека познавам девојче од 4 години со 38 кг.:( Ти се чини ќе експлодира,има целулит и испукани капилари по нозете и чудно црвенило на лицето.Јадеше пача од 2 годинки,пие 2 литри млеко на ден и еден куп глупости што и даваат мајка и и баба и.Ја прашав оти не превземат нешто и мајкава и било жал да не му дава храна кога плачело за јадење.Докторката ги советувала подитна диета,ама за жал никој не му помага на детето.Ужас!!! Инаку сите се фамилијарно дебели.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

02.03.2013, 23:41

clock-img

Beatris

pencil-img

3116

Страшно! Греота за детето! Инаку Мацо Нина ако е дебела тогаш не знам кој е слаб - Твиги??? Нина е висока, манекенка, кој дебил може да каже такво нешто? Што не ќе чуе човек....

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

clock-img

03.03.2013, 09:16

clock-img

niki

pencil-img

4299


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Една работа ми има кажано педијатарот, и многу ја почитувам, особено затоа што и јас го мислам истото - Прекумерна тежина не е добра ни за возрасен ни за бебе ни за дете. Идеална комбинација е слабо, а здраво дете. Сметам дека се што е прекумерно потоа ќе се одрази понатаму во животот.



ova e i moja filozofija

inaku za ponatamosen komentar na konkretnoto prasanje na Maca nedostiga vo temava tezinata i visinata na kerkickata, jas ja nemam videno nikade malata po reakciite gledam deka nesto ne stima no ne e na odmet za site da dobijat pretstava da se stavaat konkretnite merki sto kaj doktorkata predizvikale takva reakcija

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

03.03.2013, 09:29

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

vcera napisav 1 post no ne se isprati,eve sega po 2 pat pisuvam.
Kerkami koga imase 6 god.odd uciliste gi odnesoa na sistematski pregle,i jas bev so nea,no cekavme vo hodnik nie rodditelite.Izleguva kerkami od kaj sto gi merele vo kg.i visina,i nasolzeno mi vika:Mamo jas sum debela?user posted image Trebalo da drzam DIETA taka mi rece tetekata.Jas zbesnavuser posted image Bev spremna da vlezam i da ja prasam kakva ddieta da drzi ova dete? Kerkami veruvale ili ne od togas si ima kompleks so debelinata.Devojceto pocna da mi odbiva za jadenje,lazese ne sum gladna,jaddev na uciliste,i sl. se doddeka eden den na sred jadenje ne gi povtori zborovite na taa luda sestra ili doktorka pojma nemam sto bila:"Dosta e jadenje treba dieta" i tolku prekina da jadi.E togas svativ eka e veke problem,pa aje so mm pocnavme da ja razubeduvame ddeka si e taman detence( Najvisoka e vo oddelenieto,ne mi teknuva tocno kilazata sto bese togas pred godina i pol,ama ne e ama ic debelo dete kratko receno- taman)pocnavme da i objasnuvame sto ke se sluci ako ne jade ,deka nema a rasti visoka kako sto e sega,i ddrugi sl.raboti.SEga veke posle godina i pol taa po malku go zaboravi nastanot,no znae da prasa po nekogas:mamo jas treba da oslabam?ili debela sum? Veke na 7 i pol goini taa tezi 35 kg. a visoka e skoro 150cm.(vo visina ne sum ja merela odamna ovaa merka mi e od oko) no si e takvo detence so obravcinja i na prv pogled deluva deka e debelko a ustvari koga ke poglednes podetalno taa si e taman.Zatoa sakav da ja spoedlam ovaa moja prikazna so vas,sto ostavi tragi vo detskoto dusice,koi se nadevam deka eden den ke isceznat.Mozam da zamislam kako i bilo na kerkami koga pred decata od oddelenieto doktorkata i rekla deka e debela,sigurno nekoe dete togas se ima nasmeano,drugo ima nesto dofrleno,a kerkami mozam da ja zamislam si ja ima navednato glavata i se ima rasplaceno (taka reagira koga e navredena) user posted image

< Поракaта ја уредил deluxe -- 3.3.2013 9:32:12 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

03.03.2013, 10:10

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Луди ли се тие докторки бе
?
После анорексии, булимии, им сервираат на девојчињата во списанија на тв и слично слаби, нездрави девојки.
Секако дека не сум за дебели деца, напротив се сложувам со Беатрис и ники , дека прекумерна тежина не е добра за никого.
Има деца кои се навистина дебели дури и жално е ама мајките се сами криви цело време им пикаат во уста нешто, па после ај синко нема сега јадење.Децата треба да си имаат ред на јадење уште од бебе и тој ред да се пази.
Јас нон стоп добивам коментари дека син ми е многу слаб, дека не сум му давала да јаде.Ич не ми е гајле за тоа, битно ми е детето да внесува се што му треба и да е здраво.
А конкретно Нина на Маца, колку што ја гледам на слики ни малку не изгледа дебело.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

03.03.2013, 10:15

clock-img

Maca25

pencil-img

7558


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Една работа ми има кажано педијатарот, и многу ја почитувам, особено затоа што и јас го мислам истото - Прекумерна тежина не е добра ни за возрасен ни за бебе ни за дете. Идеална комбинација е слабо, а здраво дете. Сметам дека се што е прекумерно потоа ќе се одрази понатаму во животот.



ova e i moja filozofija

inaku za ponatamosen komentar na konkretnoto prasanje na Maca nedostiga vo temava tezinata i visinata na kerkickata, jas ja nemam videno nikade malata po reakciite gledam deka nesto ne stima no ne e na odmet za site da dobijat pretstava da se stavaat konkretnite merki sto kaj doktorkata predizvikale takva reakcija



Ники, ќерка ми има 4 години, пред еден месец која ја мерев имаше околку 18 кг. (сега башка е болна и не јаде ништо, сигурно има кило две помалце) и е 112 цм висока. Ниту на прв поглед не делува дебело, ниту на втор user posted image Нема буцкасти образи, барем мене ми изгледа дека нема. Не знам, јас стварно не го гледам своето дете како дебело. Ниту како бебе била дебела, ниту сега. Не знам, може докторкава сакаше да каже дека сега може да се здебели, затоа што од 4-5 години малце стагнираат во висина, и што има мало меше.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

03.03.2013, 10:58

clock-img

niki

pencil-img

4299

Vo Grcija imame posebna kniska za vakcinacija vo koja se zapisuvaat i merkite na deteto, isto taka vo nea ima tabeli za tezina, visina i obem na glava od 0 do 18 godini posebno za momcinja posebno za devojcinja
za 4 godini devojce dolna granica za tezina e 13 kg, a gorna granica 23 kg, prosecna tezina po tablata e malku poveke od 16 kg
za visina dolna granica e 95 cm, gorna granica 112 cm, prosecna visina se smeta 104 cm
po ovaa tabela N. se naoga vo ramki na normalno no sepak nad prosecnite vrednosti sto ne bi trebalo da e problem mislm ne sme site po kalap praveni
jas ne bi se grizela bi forsirala zdrava hrana i fizicka aktivnost i tolku, ne bi branela jadenje, tuku bi bila selektivna vo pogled na industriski proizvodi (keksi, smoki, sokovi, cipsovi isl)

inaku i visina se zema kako pokazatel na razvoj kaj deca, deluxe sto veli deka so 7 i pol godini devojceto e 150 cm zvuci preterano, mozebi pogresila, po tabelava sto ja imam taa visina kako gorna granica decata ja dostignuvaat prv pat na 10 godini, a vo prosek tolku visoki se pomegu 11 i 12 godini

pobarajte si od pedijatrite tabeli i obezbedete im na decata sportski aktivnosti da toa sto go jadat go potrosat da ne im se trupa vo organizmot, prekumeren rast kaj nekoi deca se manifestira so prekumerna visina a kaj drugi so prekumerna tezina, vo koja god grupa da se najde deteto ke strci vo sporedba so svoite drugarcinja
vo princip ne e dobro da se sporeduvaat decata pomegu sebe no sepak nabljuduvanjeto na drugi deca e dobar pokazatel do kade e so razvoj deteto i dali treba nesto da se menuva

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

03.03.2013, 13:08

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Niki ај те молам ако имаш информација за 3 годишна возраст да ми кажеш.
Ние ко да сме на долна граница за возраста па малку сум загрижена

clock-img

03.03.2013, 14:00

clock-img

Maria

pencil-img

533

И јас да се пријавам на оваа тема...Маца мислам дека воопшто не е полничка Нина,туку дека е таман дете.user posted image
Ники ај види ако сакаш и за моето дете кое има 6 години,висок е 124см,а тежи 30 кг(зимава се поправи 3 кг,инаку преку летото беше 26-27).user posted image Сакам да видам до каде сме,иако мислам дека тераме накај горната граница.user posted image
Висината толку не ме плаши колку што ме плаши тежината,иако од групата во градинка е највисок и кој и да го види мисли дека има 7-8 години.user posted image
Но, да напоменам и дека, мм е висок 192см,а јас 172 ...па мора на некој да личи детево.user posted image
А помалото има 3 години, 102см е висок,a тежи 16 кг .user posted image

Последни статии

article-img