cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Музика за свадба

clock-img

04.06.2012, 20:12

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Дечки сакаме да ангажираме бенд за свадба ама ни бараат 200 евра...не е ли тоа многу малце или ок е цената?



Охооо, па ептен е ефтино. Пед 3-4 години нас музичарите ни зедоа 400 евра.
Инаку ни свиреше група Модус од Битола и ако со нешто сум задоволна од мојата свадба, тоа беше единствено музиката.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

04.06.2012, 23:05

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Евтино е икана, нас ни зедоа 250 еу пред две години ама се нашле некои си таму пријатели, сега кај сестра ми им зедоа ( други беа) 350.Супер беа и двете групи.
А имаше и некои кои бараа и 500 евра само за во ресторан ( без одење по невеста)

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

05.06.2012, 08:33

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Икана, тоа е дури и преевтино за во Скопје. Ние во 2009 плативме 350 евра за музика. Ама група баш свадбарска. Не знам дали сакаш таква или некој бенд?
Кумашините наши имаа бенд од млади дечки на свадбата, ги платија 200 евра. Ама поим немаа од свирење, па ја уништија цела свадба.
Прво убаво распрашај се, слушајте ги како свират, па после одлучете.

_____________________________

Live and let live

clock-img

14.03.2013, 16:13

clock-img

Pip0

pencil-img

1

Кажете ми знаете ли некоја група Весели Скопјани и дали се добри за свадба? Исто така препорачајте и друга добра група, итно ми треба.

clock-img

02.09.2013, 16:03

clock-img

Snow Queen

pencil-img

302

Кај нас не беше група, туку од повеќе групи собрани музичари, кои со години и години наназад така си работат. Истите свиреа и кај брат му пред 5 години и од таму ги знаевме. Навистина бевме презадоволни.

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

clock-img

27.10.2013, 11:37

clock-img

andrijance90

pencil-img

176

Nekoe iskustvo so Fantazija bend imate li? user posted image

clock-img

12.04.2014, 16:03

clock-img

delfini

pencil-img

3

Мотив Бенд Битола

Ve molam site onie koi imaat otideno na svadba kade sto svirele ovie momci da spodelat dali e dobra grupata ili ne?gi imame rezevrirano za svadba, gi nemame slusano predhodno pa bi sakala da spodelite iskustva...

< Поракaта ја уредил delfini -- 12.4.2014 16:04:26 >

clock-img

21.05.2014, 09:20

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Според мене музиката на свадба е всушност најважниот дел од целата свадба. Ако ја утнеш музиката, си ја утнал свадбата. Нас ни свиреше групата Дрим тим од Кавадарци и свадбата ни беше феноменална. Дечките се ептен добри, нема свадба на која свиреле тие, да не е весела. Креваат на нозе и старо и младо, имаат и посебни музичари за забавен дел. Не ја плативме однапред, туку колку си фатија толку (што не беше воопште малку, тие рекоа дека се презадоволни). Е сега, имав и список на песни кои беа забранети да се свират, и дечките си го испочитуваа, ниедна од тие песни не ја свиреа.

clock-img

02.12.2014, 00:08

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

нас ни свиреа Браво бенд, одлична журка направија, најдобри се, секаде ги препорачувам user posted image

clock-img

02.11.2015, 14:55

clock-img

Sunshine88

pencil-img

73

Нас ептен ни се погоди бендот...Ги слушнавме прво на друга свадба, веднаш знаев дека тие ќе свират и кај мене. Направија невидена забава...Нормално имаше ора, и тоа имаше и некои брзи што јас прв пат ги гледам, ама играа бре тоа гостите растураа. Имаше забавен дел, со строга забрана за турбо фолк и имаше чочек каде невестава одлепи до даска, па сега се срамам снимката да ја гледам. Исто и по невеста(мене) истите беа. свиреа од приземје до 6-ти спрат цело време по скали..

clock-img

02.11.2015, 15:20

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Ние имавме посебен бенд за народна музика и посебен за забавна. Се менуваа на околу еден саат како блокови од почеток до крај. За народната беше еден локален бенд и имаше строга забрана за одредени песни (од типот глупите како ерген одев или таа четири месеци свадба се спрема или онаа со Радика што трае цела вечност). За забавната ни беше бендот на Тоше со Роки на чело и ептен направија добра атмосфера. На луѓето не им се одеше дома, а и тие од ресторанто не молеа да си поседиме до кога сакаме торта сечевме место во 12 во 1 (до кога всушност требаше да заврши свадбата).

clock-img

09.06.2016, 11:32

clock-img

Epet

pencil-img

2

дали може да ми кажеш како се вика бендот? а и цените на двата бенда ако може? репертоарот беше од вас или вие само кажавте кои песни да не се свират? доколку би наброил неколку песни би било супер. фала ти! поздрав

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Ние имавме посебен бенд за народна музика и посебен за забавна. Се менуваа на околу еден саат како блокови од почеток до крај. За народната беше еден локален бенд и имаше строга забрана за одредени песни (од типот глупите како ерген одев или таа четири месеци свадба се спрема или онаа со Радика што трае цела вечност). За забавната ни беше бендот на Тоше со Роки на чело и ептен направија добра атмосфера. На луѓето не им се одеше дома, а и тие од ресторанто не молеа да си поседиме до кога сакаме торта сечевме место во 12 во 1 (до кога всушност требаше да заврши свадбата).


clock-img

09.06.2016, 11:33

clock-img

Epet

pencil-img

2

може ли да го кажеш името на бендот? фала ти однапред. позз

ИЗВОРНА ПОРАКА: Sunshine88

Нас ептен ни се погоди бендот...Ги слушнавме прво на друга свадба, веднаш знаев дека тие ќе свират и кај мене. Направија невидена забава...Нормално имаше ора, и тоа имаше и некои брзи што јас прв пат ги гледам, ама играа бре тоа гостите растураа. Имаше забавен дел, со строга забрана за турбо фолк и имаше чочек каде невестава одлепи до даска, па сега се срамам снимката да ја гледам. Исто и по невеста(мене) истите беа. свиреа од приземје до 6-ти спрат цело време по скали..


clock-img

13.06.2016, 00:37

clock-img

Sunshine88

pencil-img

73

Ти пишав пп....види се со некој од бендот...види што ќе ти понудат..види се и со други бендови...верувај многу е битна музиката..И гледај да го слушнеш некаде во живо кај што имаат свирка...

Последни статии

article-img