ИЗВОРНА ПОРАКА: Ring
Nekoe iskustvo od Nea Flogita ?
Mi ja preporacaa kako dobro mesto so malo dete . Dali nekoj bil sega brzo, kako e za smestuvanje i ceni odprilika ?
Ринг, да, прочитај на претходната страна имам нешто пишувано.
Ние плаќавме студио по цена од 30 евра, а бевме и подалеку од плажата. Ние го најдовме преку интернет пред да одиме, а сега кога бевме и видовме колку многу смештај има, чудо едно, одлучивме да ако следниот пат одеме таму, бараме смештај на лице место.
Не знам како се движат цените секаде, еден човек ни има нудено и за 20 евра смештајот, ама не знам ни какво е ни што.
Значи да речеме ете некоја најниска цена би била 20 евра по соба. Ако одите повеќе, пример две фамилии и сакате и можете заедно, може да земете и еден убав голем апартман пример и ќе ви дојде така по 25 евра/ноќ по семејство.
Да напоменам дека студиото каде бевме е нов, чист, убаво опремен, кујничка комплет опремена со се. Позади вилата имавме и убаво уреден двор со тревичка и играчки за деца, место за скара, одмарање и сл.
А цени овака за други производи, пример има неколку супер маркети и цените се дупло повисоки од кај нас. Ама и очекувано е тоа за туристичко место. Ние си изнакупувавме таму што ни требаше, млечни производи, вода (е вода е поефтина неголи кај нас) и други работи, а дури после неколку дена откривме Лидл кој се наоѓа на само неколку км. одалеченост од Неа Флогита. Поточно излезеш на национален пат и на влезот од Неа Мојданиа, и таму се цените ок, како кај нас.
Е единствено ми е чудно што во целото местенце има само еден единствен банкомат, и тоа така не кај плажата, малку на ридот, чисто да си знаете да не се фрустирате што не може да го најдете како ние. Само прашајте некого да ве упати за правецот да го најдете.
За лежалките и чадорот порачуваш пијачка и остануваш колку сакаш. Фрапе со вода пример е 3 евра.
Ама има доста место за приватните чадори и лежалки, ако сакате да носите со вас.
Гиро (преубав) е 2,5 евра, ммм ми се пријаде сега
Сладолед на едно убаво местенце е кугла 2 евра, седнуваш порачуваш и со сите тие декорации две кугли сладолед(полна чаша
) е 6 евра. Ама вреди за сите пари
Има доста места за деца, некои се во склоп на кафичот/башта, а некои се и онака успат.
Има дооолго шеталиште покрај морето, навечер е преполно, тука има сешто и кафичи и луна-парк.
Плажата е долга може и повеќе од 2 км. Неа Флогита има новиот и стариот дел. Во стариот дел е поживо, а и е поубав, повеќе музика и на плажите, а во новиот дел е помирно (барем беше така), повеќе фамилијарно. Ние повеќе тука бевме, а и беше ни поблиску.
Исто е добро бидејќи има место за паркинг секаде, има ладовина дури и за колата да ја оставиш
Ете малку поопширен извештај, можеби ќе се најде некому.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."