за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Рингераја е моето второ семејство.Почнав да се дружам со неа за време на втората бременост.Добивав совети и информации за се што ми беше потребно.Го следев календарот на бременоста,секоја недела си добивав интересни совети преку него Потоа многу ми помогнаа советите на мамичките кои ме потсетуваа за се што сум заборавила од првото детенце,рецепти за кашички,совети за капки и се што е поврзано со малите бебиња.Така секојдневно си црпам од мојата Рингераја се што ми е потребно.Те сакам Рингераја
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
27.12.2013, 11:28
LoveableMe RR
5035
Од Рингераја научив многу, таа во најтешките моменти ми беше пријател, другарка, семејство...научив многу работи околу неплодноста, проблемот со стерилитет, начините како тоа да се надмине, но читам многу и за секојдневни ситуации со децата, семејството, партнерските односи од оние што веќе имаат набилдано искуство. Многу сум благодарна на Моја Рингераја за сето тоа.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
28.12.2013, 20:31
Yummy Mammy
1690
Nauciv deka ne postoi eden edinstven nacin na majcinstvo, ne e samo moeto tocno i pravilno. Nauciv deka sekoja majka go dava najdobroto od sebe, kolku sto znae i umee.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
30.05.2014, 11:24
Mila mamicka
387
Од РР научив многу работи, а пред се поврзани со бременоста, бебињата, дечињата. Многу корисни совети од искусните мајки ми помогнаа во некои моменти од растењето на моето детенце. А секако, тука се и домаќинските совети. Едноставно, ти благодарам што постоиш РР.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
30.05.2014, 15:22
LoveableMe RR
5035
Од Рингераја научив да бидам стрплива, слушнав за многу судбини со неплодност и проблеми и дека се си доаѓа во свое време, а да не зборувам за совети за бракот, семејството, практични совети за дома, за патување и сл.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
30.05.2014, 19:02
princessa
1056
Рингераја ми беше ѕвезда водилка и во двете бремености, дури и кога не пишував активно, читав редовно. Никогаш не бев сама, еве и децата ми растат со неа. Кога ми треба позитивна енергија секогаш е рр тука за мене, во најубавите моменти и во најтешките секако. РР стана мое второ семејство. Секое утро кога станувам прво отварам рр после друго. И покрај проблемите што некогаш се појавуваа на рр, таа опстана и стануваше посилна. Само нека има членови кои ќе шират позитивна енергија и да нема омраза, љубовта кон семејството сепак е она што сите не поврзува и не одржува посилни.
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!