за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Eца...случајно се вклучувам и што ќе видам... биди силна, како што ме бодреше ти мене кога ми беше најтешко, иако знам точно како ти е. Да те потсетам дека останувањето во болница нас не спаси после 30 дена маки, така што тоа не е најстрашното нешто туку е најбрзиот начин да се помине низ ова. Ви посакувам најбрзо на свет да оздравите и со тебе сум! Софија беше дома два месеци и пред два дена најпосле ја пративме во градинка. Сега се разбудив од што слушам дека има шлајм. Ако се повтори, не дај боже, не знам како ќе се издржи. Ќе се молам двете ангелчиња да се добри! Чувајте се и се надевам дека утре ќе прочитам дека Мила е добра. Лесна ноќ!
28.02.2010, 18:06
Еца
6692
Само што се вративме од Козле, фала му на Бога Мила се подобрува. Докторката во петокот ми рече дека давањето течности има значење колку и самиот антибиотик и затоа морам да давам максимум половина литар течност, па така јас цело време си бев со шприцот во рака и сега докторката ја прегледува (а се знаеме со докторката уште од лани кога лежев со Мартина)и му вика на мм сигурно и низ уши и низ нос и давала течности да пие ех и јас да се насмеам после некое време онака. Здравје до среда одиме на дренажа во Козле и во среда контрола. Малку ми олесна, но многу полесно ми беше со вашата поддршка. Колку значи да имаш вакви пријателки
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
01.03.2010, 09:14
Софиленд
13
Супер вести! Мило ми е што сте подобри и двете :) Ајде уште некој ден и после дома, во карантин, чувајте се! Многу поздрав
01.03.2010, 09:27
zami
574
, bravo za mama Eca i malata Mila Se e dobro, koga dobro ke se zavrsi
_____________________________
Allways look on the bright side of life!
04.03.2010, 20:20
Еца
6692
Еве ме имене со опструктивен бронхитис ми дадоа вентолин пумпица, а антибиотик тек утре морам да се консултирам со педијатрите од Козле што смеам да пијам, бидејќи Мила се уште прима терапија Панцеф и Вентолин, па и јас ако пијам преку млекото да не настанат некои проблеми
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
04.03.2010, 20:31
viksa
220
Баш ми е жал Еца. Но, ќе помине. Ке примаш соодветна терапија и се ќе биде во ред
_____________________________
Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.
04.03.2010, 20:35
agnes77
1959
еца
04.03.2010, 20:37
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
Еве ме имене со опструктивен бронхитис ми дадоа вентолин пумпица, а антибиотик тек утре морам да се консултирам со педијатрите од Козле што смеам да пијам, бидејќи Мила се уште прима терапија Панцеф и Вентолин, па и јас ако пијам преку млекото да не настанат некои проблеми
04.03.2010, 21:35
pacuvce
1289
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
Еве ме имене со опструктивен бронхитис ми дадоа вентолин пумпица, а антибиотик тек утре морам да се консултирам со педијатрите од Козле што смеам да пијам, бидејќи Мила се уште прима терапија Панцеф и Вентолин, па и јас ако пијам преку млекото да не настанат некои проблеми
Леле,еве го и Андреј со температура...Денес му земаа брис од нос и грло...Му проверуваа еозонофили,а за антибиотик ни рекоа да ги чекаме резултатите...Вечерва ќе биде журка,изгледа...А тек како ми е страв за малото да не го фати нешто...
_____________________________
Love is in the air
04.03.2010, 22:00
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce
Леле,еве го и Андреј со температура...Денес му земаа брис од нос и грло...Му проверуваа еозонофили,а за антибиотик ни рекоа да ги чекаме резултатите...Вечерва ќе биде журка,изгледа...А тек како ми е страв за малото да не го фати нешто...
сонце, ќе биде добар...и кај мене има отсутни дечиња, таков е периодот...а што се еозонофили? не сум чула до сега
04.03.2010, 22:10
pacuvce
1289
Па колку што разбрав се проверува веројатноста дали тоа што носот често му е затнат да е на алергиска база...Ако е на алергиска база,потоа да се продлабочат испитувањата...Да се исклучи можноста за појава на астма...
_____________________________
Love is in the air
04.03.2010, 22:12
April
1257
да, можно е...и алергиите се поактуелни периодов
05.03.2010, 10:08
mami
8680
Еца како си ти денес?
05.03.2010, 10:54
Еца
6692
Утрово бев ми земаа крв за детални испитувања, ќе ми направта CRP па попладне ќе ви јавам резултати, инаку ноќеска бев со пумпицата Вентолин, искрено докторката се чудеше како тоа 5 години не сум била болна, картонот ми е празен, ама сега убаво ме средил вирусот
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
05.03.2010, 11:01
mami
8680
Јади витамини мнооогу и чувај ни се..ако треба нешто кажувај
10.03.2010, 12:35
Софиленд
13
Еца, како сте?!
04.12.2010, 15:24
lila_mk
88
posle 3 dena temperatura, 39.5 i poseta na usen lekar koj neznam samo kako uspea da ni prepise BACTRIM ( koj inaku e lek sa stomak) sostojbata ne se podobruvase i otivme vo kozle. krvnata slika idealna, na slusalki ne se slusa nisto a temperaturata ne se namaluva. na rengen koj go pominavme katastrofalno kakao nekoj doktror mengele , mojava dusicka place , jas placam se treseme i dvete ..... haos , pokaza pnevmonija. terapijata ni e ventolin i pancef na domasno lekuvanje. veke vtoriot den sme podobri nemame temperatura odime na drenazi arno ama nikako da go iisfrlime slajmot sto e mnogu bitno vo celata ovaa rabota so pnevmonijata. pieme caj od bel slez i mnogu tecnosti ama nikako ne kaka nitu povraka. slusnav za edna zena koja vadela sljam so perduv, ama koga ja prasav doktrorkata vo kozle i setrirte mi relkoa nikaio. tamu edna sestra so spatula uspea ubavo da i izvadi sljam i da go povratui. naredniot den se pogodi druga sestra ama nisto ne uspea da izvadi .sega sum cela ispanicena neznam kolku e dobra ovaa terapija ? barav da mi dadat infuzija so lendacin bidejki taka voobicano se leci pnevmonija ama ne sme bile za infuzija. sda se nadevam deka ke bideme poarni. inaku koga dr. vo kozle vide deka usniot lekar na tie simptomi i strasni bolkui vo uvo ni dal BAKTRIM se fati za glava ........
26.01.2011, 11:35
misticia
213
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.
Мартин кога почна со градинка за две недели одење заработи бронхопнеувмонија.Имаше 1 год и 10 месеци.Правевме рентген и таму се виде се.Не не задржаа во болница понавме само со едно сирупче макропен(што едвај успевав да му го дадам)с витамин многу сокови цедени,течности,му ставав на градите темјан истолчен на една пелена и така да спие со неа,јагнешка марамица и за некое време помина.Не се сеќавам добро но мислам дека немаше температура. Ива баш ми е жал што еве и вие ќе си имате мака со обаа болест но не се секирај со соодветна терапија ќе помине.Моето пиеше оспен пред да направат снимка и излезе дека тој не е соодветен за болеста.Пиши ни како сте и што направивте. безброј гушки за Тео.
тукушто го пратив девер ми да бара јагнешка марамица низ чаир по месарниците
лежевме во козле со бебето (10 месеци има) 10 дена лежевме 5 дена беше подобро и пак и се влоши состојбата бевме вчера бсакав да ме примат и торба си носев ама ме вратија дома со сирупи денес и е полошо
темјан од која возраст може да се става знае некој?
26.01.2011, 12:18
misticia
213
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
Еве ме имене со опструктивен бронхитис ми дадоа вентолин пумпица, а антибиотик тек утре морам да се консултирам со педијатрите од Козле што смеам да пијам, бидејќи Мила се уште прима терапија Панцеф и Вентолин, па и јас ако пијам преку млекото да не настанат некои проблеми
еве ме и мене баш во истата ситуација како што си била ти лани :( пијам антибиотици дојам, детево пие панцеф вентолин цетиризен катастрофа!!!!
25.05.2011, 15:29
baby mama
679
I nie ja imame momentalno.Najprvin ne pokazuvase vidlivi znaci.Nemase dlaboko i cesto kaslanje i nemase temperatura, duri i noseto po mnogu malce i tecese i toa povekje kako vodicka.Po napravena rengen snimka koja pokaza bronhopneumonija vednas ne zadrzaa vo Kozle.Prviod den kerka mi samo povrakjase, voda da se napie ke ja povrati, i toa bese so sljam.Tamu 4 dena lezevme,sega tri dena dnevna bolnica.Uste utre bockanje vo vena imame, a imame i brisevi od nos,grlo i mokraca.Inaku i vo slajmecto i najdoa bakterija.Kakva guzva e vo Kozle, nema mesto kaj da gi smestat itnite slucaevi!
_____________________________
Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.
10.12.2011, 17:42
brineta88
459
И ние со месеци по доктори се нема ништо, ни грло црвено ни на гради се слуша нешто лабараторија супер а детево си кашла и на крај не испратија во козле каде со ренген покажа пневмонија. Не не задржаа во козле не пратија дома со треапија фликсоназе и летизен, без антибиотик демек од алрегија му било. Закажавме и алерго тестови на 19.ока Ама неделеава детево се утепа од кашлање и го однесов кај матичната, му испитаа крв покачени му се леукоцитите и неутрофилите и сеа бактерија имал и ни препишаа сумамед. Па ќе видиме дали ке се смири.
_____________________________
Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...
18.01.2012, 20:36
mila mama
1616
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
После нова година М почна да кашла, бевме на лекар, рече само грлото е црвено и ни даде Цефаклор, ама по два дена уште повеќе почна да кашла и отидовме повторно и не прати на рентген по што се установи дека има вирусна пневмонија. Десет дена со панцеф и сега е добар. За среќа немаше Т, јадеше, пиеше не правеше проблеми за тоа, мислам дека добро помина. Сега уште не оди во градинка, планирам до крајов на месецов да не го носам, зашто е многу ладно, а и да не го вмешувам со деца, да не го повтори пак. Сега мене ме плаши ако некој имал искуство, дали после ова побрзо ќе ми се разболува, дали треба повеќе да го пазам и слично?
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric
Leleee da ne te plasam vnuka mi od brat, detevo glava ne moze da krene od taa pneumonija. Celo vreme ja povtoruva i nikako da zajakne. Sto ne ispi detevo i nema taman ke zazdravi ajde pak Kozle... Daj boze vie da kurtulite od seto toa
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR
Еве една колешка на работа се жалеше дека син и има пневмонија, а ниту нешто многу да кашла, ниту температура, ништо. Се пожалил дека го боли грло, го однела на лекар и шок - секрет спуштен на плуќа, а детево супер се осеќа. Им дале Аугментин и инхалации дома да прават. Каква е оваа вирусна пневмонија не ми е јасно? Со што е поврзана?
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
02.03.2012, 00:41
anchi
18
POZDRAV DO SITE MAMICHKI NA FORUMOV,DALI NEKOJ OD VAS ZNAE DA MI KAZE STO POTOCNO E TOA Mycoplassma pneumonija,so sho se leci ,dali e virusna ili bakteriska ?/?CEKAAM NEKOJ DA MI PISI AKO ZNAE!GOLEM POZDRAV!!!
02.03.2012, 08:21
Felly RR
7977
anchi, вака лаички, јас можам да ти кажам дека е бактериска пнеумонија, и според тоа мора да се лечи со антибиотик. Всушност за пневмонија, мислам дека и за бактериска и за вирусна даваат антибиотик.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.03.2012, 09:20
dostickage
2181
ИЗВОРНА ПОРАКА: anchi
POZDRAV DO SITE MAMICHKI NA FORUMOV,DALI NEKOJ OD VAS ZNAE DA MI KAZE STO POTOCNO E TOA Mycoplassma pneumonija,so sho se leci ,dali e virusna ili bakteriska ?/?CEKAAM NEKOJ DA MI PISI AKO ZNAE!GOLEM POZDRAV!!!
Toa a pneumonija predizvikana od bakterija Mykoplassma. Se leci so antibiotik po antibiogram.