cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Ви одат ли на нерви децата

clock-img

24.02.2014, 08:46

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

И тоа како,леле детево ептен ми води инает.Значи јас ја карам ,а таа прво наведнува глава,па ме гледа под око и следна фаза воопшто не ме погледнува и продолжува да прави тоа што не треба user posted image .А да и тогаш се врти и ме гледа во очи и чека реакција.Или тоа погоре кажаното од Сноу.Секое излегување е бркање по дома да се облечеме,кога ќе стигнеме некаде не сака да влезе,а потоа пак не сака да излезе.И сето тоа со плачки.А спремањето за градинка е хаос.Војна се води дури да ја спремам.Е баш утрово со мм се изненадивме кога за 20 минути и без натегање се спремавме.Од нокшир,до облекување,пиење витамини и средување на коса.Е си кажавме ова утро има да ни го извади низ нос следните четири до петок.user posted image user posted image
Незнам дали кога ќе потпорасне ќе се смени ама моментално е лошотија невидена user posted image .

clock-img

24.02.2014, 08:56

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Леле
Не да ми оди на нерви, ми иде косава да си ја кубам...од такт ме вади кога ќе дојде време за спиење.
Еве пример од сношти: Легнува во 22:15, измочкана, сокче напиена, куклите легнати да спијат, ставени пижами - се. И почнува:
Мамо, уште една голтка сокче да се напиев? Мамо ја слушам Мина дека плачи да ја легнам до мене? Мамо ме чеша ногава запали ја ламбата да видам. Мамо, Мина ми кажа дека сака и Јаготка да легни до неа...Мамо, на Јаготка и се какало, ми кажа...Мамо - не - мене сега ми се кака...Мамо што мислиш, спие сега Маша? А со Медвед спие? Мамо еве до десет да избројам и заспивам...Мамо, ај и на англиски да бројам...Мамо, ај раскажи ми за Пепелашка...Мамо, ај сега јас да ти раскажам...(ова трае 45 минути)
Јас: Миа спијај
Taa: Како да спијам, не не оставаш да спијам, само зборуваш, кога се спија не се зборува - Ина ми кажа...Досадна една, невоспитана...главата ми ја пукна, не изводи...
Миа ти зборуваш не јас: Па морам да ти кажам - не зборувај, кога се спие не се зборува, Ина ми кажа...невоспитана една...ме заболе главата од тебе.

Татко и (погласно): Миа престани!
Таа: Тато, само ти не ме сакаш, мене сите ме сакаат, само ти не ме сакаш.
Татко и почнува да ја гали: Ама како не те сакам, те сакам најмногу во светот, уба таа...и ја гали ја гали (таа молчи)
и по едно 5 минути престанува да ја гали:

Таа: Гали ме тато...ама нешто ме боли грбов, масирај ме...и на ракава масирај ме...и на ногава ме боли...Тато ме боли и вратов, запали ја ламбата да најдам крем...


Заспа дури во 23:30 со судни маки...и секоја вечер така заспива.
Не да ми оди на нерви....а жал ми е ја ја потчукнам по газето...user posted image



< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 24.2.2014 8:58:28 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

27.02.2014, 02:05

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

А во последно време и малото почна да ми оди на нерви,значи стана толку напорно што ми доаѓа и мене да викам заедно со него.Ми оди на нерви посебно кога ќе се налути за нашто и ќе легне на земја и ќе почне да плаче и да се дере дури почнува и да се тресе.После пак ќе стане и ќе почне да си ја удира главата од ламинат.Е тогаш ми доаќа буквално да го изнесам надвор па таму да продолжи да се дере само да не го слушам како пишти низ дома.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

27.02.2014, 09:44

clock-img

Lidina

pencil-img

259

Ве читам се смеам, а кај мене сите работи собрани во едно мало дете. Не сака да спие, зборува, муабети по саат и пол в кревет. Не сака да се облекува, сака гол да шета. Не сака на нокшир да седи, сака во шолја на крајот во пелена ќе заврши работа.
Не сака да се капи. Ладно му е. Плаче, се дере, цртаните повторно пушти ми ги на Бумеранг. Не можам да го убедам дека не МОЖЕ завршиле!
Не сака патики да одиме надвор. Сме стасале до врата на гости, не влегува туку легнува на под и плаче Не влегувам и готово!
На моменти стварно не знам што да правамuser posted image

clock-img

27.02.2014, 20:16

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

абе овие нашиве деца изгледа решиле да не излудат скроз.Во овој и во сите постови овде верувам дека сите ќе си ги препознаеме своите деца.Ха ха ха мислам дека сите се исти и дека она што нам ни оди на нерви нив изгледа ептен ги забавува.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

09.05.2014, 09:52

clock-img

petra27

pencil-img

385

Izminative 4-5 dena e strasno razligaven...ima 3 ipol godini....i eve malku ima slaemce i ne spie ubavo...
I me vika po 100 pati navecer...kenka,neznae sto saka...a jas sum 8 mesec trudna so bliznaci....ako odi tatko mu go brka i se treska od zemja dur na dojdam jas...
I taka nokeska si dobi kotek od tatko mu no pretera...lele puknav od zal,on place,jas placam...sto da vi kazam...uste mi e maka

clock-img

20.10.2014, 02:03

clock-img

marchi

pencil-img

948

Auu...Kako da Ne se nerviram koga sekoja vecer se otskriva I Ne saka da se pokrie a navecer e ladnicko ognot go gasnime pred zaspivanje a za inaet..da Ne pravime muabet

Последни статии

article-img