за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Superr ajde so pozitivni mislii :)) So sreka i moja preporaka samo relaksirano i optimisticki :* I ajde da ne izraduvas pobrso so
02.10.2013, 09:41
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum
Јас денес одам на ехо па се надевам ќе е време за прегнил и четврток инсеминација,таков е планот Да ти кажам јас си се тешам дека повеќето со мака што имаат пишуваат на форумиве а тие што имале успешни инсеминации ги нема да споделат ама само си се тешам на сите нас посакувам ајде да ни тргне да си бидеме
Wanna be mum, еве на овој линк, може да видиш кој досега што пишал на форумов имал успешна инсеминација. Секако дека има и такви со успешни инсеминации. Позз, со среќа
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 2.10.2013 19:26:48 >
02.10.2013, 12:26
Milicka 30
392
Јас денес сум ептен тажна добив , ништо од мојата прва инсеминација, сега ќе одам до матичниот гинеколог да се консултирам дали овој месец да правам инсеминација или преку еден месец треба, како што читав некаде по форумот за инвитро од фондот барале преку месец а јас баш гледав на нивната веб страна никаде не пишува. А може и треба да се јавам да прашам најдобро ,зошто мојот сопруг има тератоспермија
02.10.2013, 12:42
wanna be mum
203
LoveableMe RR фала убаво е да се прочита за успесите и од гинекологија денес ме охрабрија дека имаат успех да го скршам мразот утре еднаш па ќе видиме што ќе биде Едно прашање секаде прочетав дека не боли самата постапка, а има ли грчеви крварење после??? да си се спреам психички
Milicka 30 баш ми е жал, ајде никој не застанал на една има уште шанси
02.10.2013, 12:47
Milicka 30
392
ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum
LoveableMe RR фала убаво е да се прочита за успесите и од гинекологија денес ме охрабрија дека имаат успех да го скршам мразот утре еднаш па ќе видиме што ќе биде Едно прашање секаде прочетав дека не боли самата постапка, а има ли грчеви крварење после??? да си се спреам психички
Milicka 30 баш ми е жал, ајде никој не застанал на една има уште шанси
Не боли воопшто ич да не се секираш, јас не осетив ништо, исто како обичен преглед. Ајдее со среќа , а ете и јас за да си дадам храброст читав по интернет дека има доста успех од инсеминациите. Поздрав и ти посакувам успешна инсеминација
02.10.2013, 14:05
LoveableMe RR
5035
Миличка 30, не очајувај, меѓутоа од она што го прочитав за сопругот, да те советувам да направите спермокултура да видиш дали има некоја бактерија. Со мојот сопруг беше истата дијагноза -тератозооспермија, кога направивме спермокултура испадна има стрептокока бактерија, ја третиравме со антибиотици потоа правевме спермограм на Клиника на Институтот и спермограмот му излезе добар. Плус, му давав јаткасти овошја да јаде - бадеми, лешници, ореви, ф`стаци и пиеше цинк. Провери за тебе и за него бактерии дали има и дали е се чисто Ова за жал многу не го проверуваат при инсеминациите докторите, па после се неуспешни. Ако го решите тоа, можно е следниот пат да биде успешно.
Wanna be mum, има благо крварење, неколку капки при самата интервенција. Потоа јас чувствував грчеви, но не е страшно. Ти посакувам успех
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 2.10.2013 14:06:50 >
02.10.2013, 19:39
Milicka 30
392
советувам да направите спермокултура да видиш дали има некоја бактерија. Со мојот сопруг беше истата дијагноза -тератозооспермија, кога направивме спермокултура испадна има стрептокока бактерија, ја третиравме со антибиотици потоа правевме спермограм на Клиника на Институтот и спермограмот му излезе добар. Плус, му давав јаткасти овошја да јаде - бадеми, лешници, ореви, ф`стаци и пиеше цинк. Провери за тебе и за него бактерии дали има и дали е се чисто Ова за жал многу не го
LoveableMe RR досега сопругот има правено два спермограми со спермокултура, првиот спермагромот беше теразоотоспермија а спермокултурата беше негативна, а на втората спермокултура пишува вака (баш сега пребарав) - Изолирана е бактерија Е.коли и пиеше антибиотик ама не се сеќавам кој. А јадеме и двајцата, бадеми,лешници со мед...а да ти кажам кренавме раце од витамини пиеше секакви , имаше едни и од грција ги купувавме ама без резултат, а да ти кажам тие витамини се доста скапи оти они обично се за 10 дена. И сега пие само Ц,цинк и селен. Кај мене резултатите се супер, имам и нормална овулација, хормоните ми се добри, немам бактерии,пап тестот ми е добар. Сега си порачав матичен млеч со мед читав имало многу добри резултати и за двајцата. Јас инаку се спремам за втора инсеминација, мислев да одам наредниот месец ама докторот инсистира па од утре почнувам со кломифен па ќе видиме. Затоа девојки доколку имате совети слободно пишувајте. Извинете за долгиот пост.
02.10.2013, 20:57
Hopeful RR
2349
Девојки, еве ме и мене со втора неуспешна инсеминација... Се уште немам добиено, ама прееска направив тест и видов само една глупава линија, која на ниедна од нас не и ја посакувам... Инаку, денес е 20 ден од инсеминацијата, со Кринон завршив во саботата а со прогестерон ампула ме боцнаа последно во неделата. Очекував да добијам до денес, ама ете, доцни. Не се лажам сама себе како минатиот пат дека тестот не е точен и сепак има нешто и пробувам да се помирам со ситуацијата. Се осеќам толку оддалечено од и ми се чини дека цел свет е и против мене, и против нас двајца...
02.10.2013, 21:13
vezilka RR
4931
Знам дека така мислиш во моментов и нема да ти викам да не тажиш. Исплачи се, изнавикај се, нека излезе се негативно, и полека ќе се спремиш за повторен обид. Тоа е тоа што го сакаме силно, и ќе ги совладаме сите пречки. Еве јас се пријавувам мене да ми се издереш ако ти треба :) Ајде те чекаме заа некој ден во ново руво.
02.10.2013, 21:14
Milicka 30
392
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Девојки, еве ме и мене со втора неуспешна инсеминација... Се уште немам добиено, ама прееска направив тест и видов само една глупава линија, која на ниедна од нас не и ја посакувам... Инаку, денес е 20 ден од инсеминацијата, со Кринон завршив во саботата а со прогестерон ампула ме боцнаа последно во неделата. Очекував да добијам до денес, ама ете, доцни. Не се лажам сама себе како минатиот пат дека тестот не е точен и сепак има нешто и пробувам да се помирам со ситуацијата. Се осеќам толку оддалечено од и ми се чини дека цел свет е и против мене, и против нас двајца...
И јас се чуствувам исто како цел свет да е против мене, се ми смета, си се исплачав и малку ми олесна . Сите околу ми даваат подршка пред нив сум силна ама кога сум сама уште потешко ми е. Мислев дека подобро ќе се сносам со ова ама не било лесно воопшто а уште долг пат не чека....ама мора да бидеме попозитивни. А ти Hopeful направи си уште еден тест за секој случај,никогаш не се знае, можеби пријатно ќе не изненадиш.
02.10.2013, 21:29
Hopeful RR
2349
Milicka30, се плашам дека ако направам утре уште еден тест ќе забегам како минатиот пат, кога бев во denial со недели и дури и кога ми заврши, не можев да се помирам со неуспехот... реално, мали се шансите за успех од инсеминација, сега ептен го контам тоа, ама тоа е тоа низ што мора да поминеме... Јас веќе не се ни обидувам да бидам силна пред најблиските и плачам како идиот, а пред не толку блиските не им ни зборам за ова... Реално, она што најмногу ми помага сте вие сите тука... Сите ваши зборови и добри мисли малку од малку ми ја прават поподнослива оваа ситуација и многу ми значи тоа... Vezilka, па баш тебе не би можела да ти се развикам, посебно сега со меше, ќе ми се врати лоша карма Ве гушкам сите
02.10.2013, 21:41

Hopeful потполно те разбирам колку и да сме цврсти ваквите работи не кршат на 1000 парчиња. А знаеш мислам дека и спомнав претходно денот кога правев инсеминација во систина до мене седеше девојка која беше бремена од прва инсеминација...така да не смееме да губиме надеж. А кога се консултирав за каде да правам инсеминација сите доктори ми укажуваа на тоа дека многу емал процентот за успешна инсеминација, матичниот мене ми вика да ги истерам сите 4 инсеминации една по друга, така да гледам и тој некако не се надева.... ама јас не се предавам, така да мора да се храбримее, нема предавање.
02.10.2013, 21:42
kapina
4327
Ajde nema razocaruvanje kakvo razocaruvanje glavite gore. Jas imav tri neuspesni inseminaciii ivf sto znaete kako zavrsi no srekna sum poradi toa sto ima nadez pak da ostanam bremena so prvata inseminaciiiimav mnogu nadez oti ke uspee no za zal ne uspea I toa go doznav sabajleto na imendenot na mm a vecertatrebase gosti da cekam vikav sabajleto kako ke go izdrzam toa no gospod mi dade sila isto I sega pak bolno e mnogu toa denta da go vides plodot na eho a vecerta pocnav da krvaram no ako gospod taka sakal taka neka bide
03.10.2013, 10:08
Melanija RR
7052
Девојки никако да се разочарувате,баталете тестови, ако ви помага исплачете се но толку, ви треба сила за понатаму, насмевнете се навиот ден ,живот со мажите со блиските околу вас .... чекајте го вашиот ден
Само со убава мисла ќе дојде денот
Јас забременив втор циклус по инсеминација и мислам дека продолженото дејство на кломифенот било од помош, така што водете љубов
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
03.10.2013, 10:40
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30
LoveableMe RR досега сопругот има правено два спермограми со спермокултура, првиот спермагромот беше теразоотоспермија а спермокултурата беше негативна, а на втората спермокултура пишува вака (баш сега пребарав) - Изолирана е бактерија Е.коли и пиеше антибиотик ама не се сеќавам кој. А јадеме и двајцата, бадеми,лешници со мед...а да ти кажам кренавме раце од витамини пиеше секакви , имаше едни и од грција ги купувавме ама без резултат, а да ти кажам тие витамини се доста скапи оти они обично се за 10 дена. И сега пие само Ц,цинк и селен. Кај мене резултатите се супер, имам и нормална овулација, хормоните ми се добри, немам бактерии,пап тестот ми е добар. Сега си порачав матичен млеч со мед читав имало многу добри резултати и за двајцата. Јас инаку се спремам за втора инсеминација, мислев да одам наредниот месец ама докторот инсистира па од утре почнувам со кломифен па ќе видиме. Затоа девојки доколку имате совети слободно пишувајте. Извинете за долгиот пост.
Миличка, ешерихијата многу тешко се искоренува освен со специјализирана терапија, мој совет е уште еднаш да направите спермокултура, некогаш бактериите латентно опстојуваат во организмот, па прават бељи за забременување.
Hopeful, не очајувај, само храбро, не знам, може треба да се послуша Vezilka RR, мислам дека пишуваше по нејзината успешна инсеминација дека мирувала до тестот за бременост, па женски може и тоа е лекот за успешна инсеминација.
Ајде, храбро главите горе,
03.10.2013, 11:14
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Milicka30, се плашам дека ако направам утре уште еден тест ќе забегам како минатиот пат, кога бев во denial со недели и дури и кога ми заврши, не можев да се помирам со неуспехот... реално, мали се шансите за успех од инсеминација, сега ептен го контам тоа, ама тоа е тоа низ што мора да поминеме... Јас веќе не се ни обидувам да бидам силна пред најблиските и плачам како идиот, а пред не толку блиските не им ни зборам за ова... Реално, она што најмногу ми помага сте вие сите тука... Сите ваши зборови и добри мисли малку од малку ми ја прават поподнослива оваа ситуација и многу ми значи тоа... Vezilka, па баш тебе не би можела да ти се развикам, посебно сега со меше, ќе ми се врати лоша карма Ве гушкам сите
Е, нема лоша карма, има само добра кауза. Ти имаш добра кауза. Види, колку и да се мали шансите, сепак постојат. И еден процент да има шанса да се случи, никогаш не можеш да знаеш дека не си тој еден процент. Така шансите од мали, стануваат големи. Така надежта продолжува да живее и да не води напред. А напред, значи успех на крајот од еден пат, а пред почетокот на друг пат.
Ви посакувам многу среќа на сите кои ги чекате магичните две, оти за овие години сватив дека тука навистина и среќата игра голема улога.
03.10.2013, 12:15
wanna be mum
203
Помина мојата инсеминација само што се вратив не било страшно Ве молам кажете ми, ми замина докторот неуспеав да го прашам претходно ми кажа да ставам вагинално или орално сеедно утрогестан 3 пати на ден ама не го прашав кога да почнам вечер и утре ми рече односи, вие кога после инсеминацијата почнавте со утрогестанот???
03.10.2013, 12:18
Hopeful RR
2349
Ајде wannabemum, со среќа! Јас ставав Кринон гел од следниот ден, пред спиење, после односи. Друго нешто ти препишаа, аспирин? Одмарај сега и дај боже да си ги видиш твоите
LoveableMe, фала ти за убавите зборови, и сега некако ме замисли со ова мирувањето... мене докторот ми кажа дека нема потреба да мирувам, а му кажав дека вежбам интензивно... хмм... ништо, следниот пат со задоволство ќе скокнам неколку тренинзи
< Поракaта ја уредил Hopeful -- 3.10.2013 12:23:52 >
03.10.2013, 12:43
wanna be mum
203
Фала, Само утрогестан и фолна. А на кој го даваат аспиринот треба некоја посебна мака да се има или онака на сите ? имам слушнато и читам ама пак не ми е јасно кај кого конкретно се дава
03.10.2013, 12:47
LoveableMe RR
5035
Wanna be mum, мене за првата инсеминација ми дадоа аспирин, за втората не, веројатно зависи од проценката на докторот. Штом не ти дале, веројатно сметал дека не треба. Утрогестан се ставаат вагинално според шемата што ти ја дал докторот. Сега уживкај и чекај ги .
Hopeful,треба човек се да проба дури не стаса до целта. Позз
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 3.10.2013 12:48:17 >
03.10.2013, 13:54
vezilka RR
4931
Значи не се оптоварувајте со тоа дали сте ирувале или не, дали тоа имаврска или не. Да, јас ги лежев првите две инсеменации кои беа неуспешни, третата, успешната, не ја лежев, бидејќи и онака ја правев ради реда.
Утрогестанот, јас почнував да го земам другиот ден после инсеменацијата.
Јас па некако мислам дека аспиринот не го даваат на сите, мора да има некои испитувања на крвта пред да ти дадат аспирин. Што ако немаш коагулација, туку напротив, обратна ситуација. Во тој случај аспиринот би можел и штета да направи. Е сега коагулација може да настане после повеќе последователни третмани со кломифен, и други медикаменти за стимулација.
03.10.2013, 14:15
Milicka 30
392
ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum
Фала, Само утрогестан и фолна. А на кој го даваат аспиринот треба некоја посебна мака да се има или онака на сите ? имам слушнато и читам ама пак не ми е јасно кај кого конкретно се дава
Со среќаа!!! Дај боже да биде успешна . Мене ми препишаа аспирин а ниту имаа крвна слика од мене ништо,така да може и до самиот доктор да е, ама ти ич не мисли на тоа, имај позитивни мисли, како ти кажал докторот така, убаво е вечер да имате односи, а за одмарање јас прашав ми кажаа дека за инсеминациите оние 15-20 мин додека лежиш во болница биле најбитни, јас два днеа лежев, ама незнам колку има врска тоа.
03.10.2013, 15:58
kapina
4327
Jas prvata inseminacija lezev celo vreme vtorata I taka I taka si rabotev po doma tretata oti znaev oti nema da bideuspesna odev ina rabota
03.10.2013, 23:52
wanna be mum
203
Јас лежев само 20 мин таму и попладнево си отидов на работа тоа ако сака ќе биде лежеле ние или не утрогестан од утре ќе ставам и Миличка исто и д-р рече за вечер односи ама незнам имам грчеви некако и уште ми тече по некоја капка крв не сум во форма некако ама утре не ни бега
04.10.2013, 09:42
macika4
84
Здраво на сите јас правев сега 3 инсеминација уствари дупла инсеминација на 16 и 17 септември, требаше да добијам на 2 октомври ама почна на 30 сеп како да ми доаѓа и така ми правеше еден ипол ден менструацијата ми беше слузава и од тогаш ништо незнам што да правам правев тест ама имаше бледа линија и после се изгуби денес ке одам на гинеколог да видам што ке мии каже дали ви се има случено вакво нешто ...