cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Инсеминација II

  
clock-img

22.04.2014, 15:13

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Lilja Marija после неуспешни инсеминации обично не се прават никакви испитувања. Тоа е под претпоставка дека претходно имаш испитано проодност на канали и имаш направено испитувања за спонтаниот. И после прв спонтан не се прават некои големи испитувања. јас правев испитувања микробиолошки и на трансфузиологија. Во процесот на борба за добивање бебе имам испитано плус хормони (сите хормони на трет ден) неколку пати, иамм правено хистероскопија за отстранување септум, ХСГ за проодност на канали и состојба на матка пред инсеминациите и сега лапаро/хистероскопија после трета неуспешна инсеминација ама тоа најмногу заради стимулирање на моите полицистични јајници. Плус за полицистичните јајници имам правено и ОГТТ тест.
Со среќа и не му ја мисли многу. Прави онакак како што ќе ти каже лекарот. Пак ќе ти кажам искрено ја препорачувам Трајанова бидејќи баш сака да се осигура дека е се во ред и да дијагностицира што не е во ред.

clock-img

22.04.2014, 23:54

clock-img

Lilja Maria

pencil-img

83

Поздрав девојки!
Јас сум утре на гинеколог па утре ќе ми закажи матичниот за на ГАК.Ви благодарам за позитивната енергија што ја ширитеuser posted image Сега сакам да пробам со инсеминација втора,но ќе видам што ќе ми препорачаат докторите од ГАК(зависи кој доктор ќе ми се погоди) па ќе ве информирам за наредните слуќувања,мене мојот гинеколог упорно ме убедува дека имам психолоски проблем ама многу сакам да пробам уште една инсеминација па ќе видиме здравје боже user posted image

clock-img

25.04.2014, 19:03

clock-img

Milicka 30

pencil-img

392

Може ви треба само да се опуштите и да работите на случајот user posted image . Искрено и инсеминациите се оптоварување, вака водете љубов и дади си време неколку месеци акао ништо не бидува е тогаш прави инсеминација.

Јас денес правев 4 инсеминација, имав прекрасни 4 фоликули 22мм, естрадиолот ми беше супер и сега останува да си чекам 2 недели.

clock-img

25.04.2014, 19:22

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Milicka 30 user posted image se bilo super daj boze za dve nedeli user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

25.04.2014, 19:55

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Milicka30,дај Боже за две неделиuser posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

25.04.2014, 23:20

clock-img

Lilja Maria

pencil-img

83

Миличка 30 ти посакуам user posted image Можеш да ме разбереш затоа што веќе имаш правено инсеминација и неможам да чекам user posted image За две недели тука сакам да ни покажиш user posted image И да ми бидеш надеж во успешни инсеминации user posted image Таман јас во Мај ќе ја правам мојата user posted image Поздрав!!!

clock-img

25.04.2014, 23:29

clock-img

Lilja Maria

pencil-img

83

Ај ако не ви е тешко кажете ми кои документи се потребни за инсеминација на ГАК и дали сега со ова мој термин ќе можам да закажам за инсеминација,ако ме следи мојот матичен а таму одам само за инсеминацијата мислам дека не се чека или?user posted image Ако има некој искуство нека ми пиши,знам дека треба спермограм ХИВ тест И Хепатит Б и Ц,ХСГ,микро брисеви друго што треба?

clock-img

25.04.2014, 23:41

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Ke ti kazat na gak sto kako ke treba da napraves sekojdoktor si ima svoj nacin na rabota na mene na primer prviot pat me stimulirase dr jadranka georgievska so klomifen posle dr trajkovski ne me stimuliraseso nisto

clock-img

26.04.2014, 10:53

clock-img

Milicka 30

pencil-img

392

Ви благодарам за поддршката ,ајде сите да си добиеме по user posted image и да не се мачиме повеќе. Јас ке одмарам овие неколку дена user posted image

Лилја Мариа за државна незнам ама нас по приватните ни бараа спермограм, спермокултура, пап тест, микроибиолоски брис и хормони. Ама тоа повеќе како за во документација да го имаат, инаку мој совет кога после година време почнуваш со инсеминација пак испитај си хормони, јас 3 инсеминации правев а ниту еднаш не ми испитаа естрадиол пред инсеминација. Овој пат 2 месеци пред инсеминацијата примав микрогинон, па бев стимулирана со кломифен од 3-7ден и од 4-8ден со мерионал инекции. И ден пред инсеминацијата испитував естрадиол. Инаку спермограмот од тератозооспрермија сега веке е нормален.

clock-img

26.04.2014, 12:59

clock-img

Lilja Maria

pencil-img

83

Каде ја правеше инсеминацијата?Јас првата во Систина ја правев кај Поповиќ.Ако е спермограмот од систинанормално е да е тератозоспермијаuser posted image Тие не ни знаат друго нешто да напишат во резултатот,исто беше и кај нас,после тоа повторивме неколку пати во Велес и излезе Нормоспермија.user posted image Ти посакувам многу големи user posted image Позз

clock-img

26.04.2014, 14:35

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Milicka 30, со среќа и дај боже за две недели user posted image user posted image user posted image
Одмарај, мисли си убави работи, гледај комедии user posted image , дружи се со убави луѓе, а ние ќе чекаме заедно со тебе user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

26.04.2014, 17:51

clock-img

Milicka 30

pencil-img

392


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lilja Maria

Каде ја правеше инсеминацијата?Јас првата во Систина ја правев кај Поповиќ.Ако е спермограмот од систинанормално е да е тератозоспермијаuser posted image Тие не ни знаат друго нешто да напишат во резултатот,исто беше и кај нас,после тоа повторивме неколку пати во Велес и излезе Нормоспермија.user posted image Ти посакувам многу големи user posted image Позз



Првите две во Систина а последните две во Плодност. Два спермограми правевме во Систина и беа тератозооспермија а последниот во Плодност излезе Нормоспермија. Знам дека од Систина сите излегуваат со иста дијагноза ама сопругот примаше многу витамини,пешачење итн. А во Систина се вадат дека во моментот нивната опрема е најсовремена, да не знаеш дали да им веруваш. И јас една инсеминација правев кај Поповиќ, ама се тотално се разочарав од Систина ... само парите ти ги зимаат. Разликата со Плодност е што и таму парите ти ги зимаат ама максимално ти посветуваат внимание. Јас сум многу задоволна, само да го видиме резултатот. И ако сме за инвитро таму би го правела.
Хопефул да ти кажам уживам, гледам филмчиња и се релаксирам .Фала ти многу за подршката , ајде сите побрзо да видиме user posted image

clock-img

26.04.2014, 21:57

clock-img

Lilja Maria

pencil-img

83

Сега уживкај си,имам слушано многу пофални зборови за тимот на Плодност,јас планирам наредните три инсеминации да ги правам на ГАК па ако не бидат успешни ќе спремам документи за инвитро кое дефинитивно ќе го правам во Плодностuser posted image user posted image Ете ги твоите две цртички се на праготuser posted image поздрав

clock-img

27.04.2014, 09:39

clock-img

Milicka 30

pencil-img

392


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lilja Maria

Сега уживкај си,имам слушано многу пофални зборови за тимот на Плодност,јас планирам наредните три инсеминации да ги правам на ГАК па ако не бидат успешни ќе спремам документи за инвитро кое дефинитивно ќе го правам во Плодностuser posted image user posted image Ете ги твоите две цртички се на праготuser posted image поздрав



Да бев од Скопје и јас би ги правела ан ГАК, ама со приватните некако полесно оди закажувањето само што се многу скапи. А незнам дали вреди да се дава пари на приватно за инсеминации, како што читам по форумите претежно сите се ан ГАК.
Ти посакувам успешна инсеминација user posted image

clock-img

28.04.2014, 15:02

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Lilja Marija инсеминации на ГАК не се закажуваат преку Мој термин. За нив ти треба болнички упат затоа што не може да се темпира слободниот термин со твојата овулација. Инсеминации се прават горе на одделение, во амбуланта само се отвора Историја.
Најдобро ти е прво пред инсеминацијата да си закажеш преглед кај лекар од ГАК па со тој лекар да си договараш постапка. верувај ми многу подобар однос ќе имаш така, лекарот ќе се заложи околу тебе. ќе те следи и слично. Сега не знам дали ќе можеш да најдеш термин кај некој од ГАК зашто сите се прилично зафатени.

Инаку од документи ти требаат Пап за тебе, и ХИВ/Сида за мажот другото се таму прават.

Мене последната инсеминација во цена ми влезе и испитување на естрадиол на денот на примање на Стоп инекцијата и фоликулометрија.

Milicka30 ти ја пуштам целата среќа во светот за user posted image

clock-img

01.05.2014, 23:04

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: sibela

devojkiiiii da ve prasam dali e normalno i dobro i uspesno inseminacija da se pravi na 18 den od ciklusot, d-r. popovic me mi pravi vo sistina. i drzete mi sreka user posted image bev stimulirana so fostimon samo, i na 3 ke primam CLORIOMON od 5000. a vo ponedelnik inseminacija.neso ne mi e jasno znaci 3 ja primam inekcijata za pukanje na folikli a na 5 inseminacija.ja mislev stom se prima utre den ti pravat a ne zadutre NEZNAM nekako d-r. mi e cudden.dali nekoja od vas pravela inseminacija vtor den od primanje na inekcija za pukanje na folikulot.???????????i dali boli postapkata so anestezija e ili bez????????



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Inseminacijata voopsto ne bolna ako primis horiomon posle najmnogu 36casa od primanjeto se prave inseminacija taka bese I za ivf v



ИЗВОРНА ПОРАКА: sibela

Aha pa jas na 3ke ja primam I na 5inseminacija ke mi pravi,Toa se 43 casa.posle 43casa ke mi pravi.



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Mnogu e43sati




_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

01.05.2014, 23:09

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Сибела, ти имаш посебен протокол за инсеминација, не е класичен затоа препушти му на докторот да те води, знае што прави. Др.Поповиќ е многу добар лекар, така што нема место за грижа, што ти кажал така прави. Ти посакуваме среќа, извести не како ќе поминеш и за две недели user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

02.05.2014, 11:10

clock-img

sibela

pencil-img

140

LoveableMe RLoveableMe RR R

vo pravo si ,, mnogu i jas se zamaram, so Gospod napred Insalah da bide. pa ke vi pisam t.e. ke ve pocastammmmmmmmmmmm. user posted image user posted image user posted image .i daj boze imam dve folikulcinja i na dvete da se fatiuser posted image inace nemozam veruvajte veke zivci nemam nitu trpenie nemam i parite i kosata i zivcite si gi izgubiv,, a uste malku i mazot ke me napusti zaso nemoze , covekot si saka deca da si imauser posted image

clock-img

02.05.2014, 13:13

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Sibela не се замарај премногу со споредби со други. Лекарот најдобро знае за темпирање на инсеминацијата. И кај мене на пример сите инсеминации ми беа правено некаде околу 20 ден зашто имам долги циклуси заради ПЦОС. Сите се ние различни и кај сите терапијата се индивидуализира. Едноставно на твоите фоликулчиња им треба повеќе време да пораснат и созреат.
Хоримонот и јас го примав ден и пол пред инсеминација, ама додека се се заврши и кај мене поминуваа околу 40 саати од инекцијата и тое се беше така зашто на фоликулите им требаше повеќе време за созревање. Верувај му на лекарот кој те води.

Маж ти истепај со некое подебело дрво да му дојде памет.

clock-img

02.05.2014, 17:20

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Сеуште не ми е јасно зошто се прима за пукање инекција пример денес вечер а инсеминација задуре до пладне ???
Секогаш сум правела 36 часа по примање и биле неуспешни.Ако е пример 20-22мм ќе пукне до 36 часа но веројатно е и после 12 часа .Ми се случи еднаш на 24 часа фоликулот да пукнал па по преглед на ехо да се двоумат според времето од прилика кога пукнал за дали има сврха воопшто да се прави инсеминација.
Затоа викам барајте си информации, не само ок е, таман е, а што ако се касни.Никој незнае и така ќе помине а жени ќе си чукаат глава па уште викаат па нечитајте од интернет.Ај важи user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

02.05.2014, 18:48

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

MelanijaRR и на самата инекција си пишува дека пукањето на фоликулот настанува 24 до 48 часа по примањето на инекцијата, најчесто по 36 часа. Правила нема се е до проценка и среќа за жал.
Некое генерално правило е да се чека околу 36 часа веројатно статистички тогаш најчесто доаѓа до прскање на фоликулот. Од тоа се водат сите.

За жал пак ќе кажам сите различно реагираме на терапија, сите имаме различни проблеми и се се сведува на обиди и грешки.

Мене последнито пат естрадиолот на денот на примање на инекцијата ми беше супер (и тоа е еден од индикаторите по кои би требало да се темпира инсеминацијата) а пак немаше бременост, веројатно не ни прсна фоликулот (нејасно беше) па правев лапароскопија. На лапароскопијата јајниците ми биле со дебела обвивка и многу мали цистички под обвивката и изгледале како никогаш да сум неала овулација. Двајца искусни лекари (Трајанова и Трајковски) се чуделе како ситна жена како мене може да има толку полицистични јајници. Притоа јас имам една неуспесшна бременост позади себе која се случи сосема природно без стимулации и слично и после која се се поремети. Сега сум медицинска мистерија, ама се надевам дека со последната интервенција и со ovarian drilling се е средено.

Едноставно само надежта дека се она што го превземаме ќе вроди со плод е она што ни останува, ништо друго.

clock-img

03.05.2014, 00:03

clock-img

sibela

pencil-img

140

eve ke vi pisam kako pisuva vo upatstvoto.........za da se inducira ovulacija treba da se dade edinecna doza,,,, 24 do 48 casa po davanjeto na poslednoto HMG ili FSH.VOOBICAENO OVULACIJATA SE SLUCUVA PO 32 DO 48 CASA... ete bas taka pisuva.
Znaci se prima inekcijata ,i ovulacijata nastanuva posle 32 ili 48 casa, znaci ne pred.
a i do sreka e taka e se slozuvam so toa a me interesira vo gak kolku cini inseminacija??
A jas i ovarium drilling imam napraveno pa pak ne ostanav bremena prirodno ,, tuku ete ednostavno kako Bog mi napisa taka,,, sega so inseminacija ke se macam ama daj boze da bide.

< Поракaта ја уредил sibela -- 3.5.2014 0:09:20 >

clock-img

03.05.2014, 00:39

clock-img

petra27

pencil-img

385

Ajde zenski bidete pozitivni i ne se zamarajte doktorite si znaat...eve jas sum primer za dve uspesni inseminacii i toa od prva...prvata pred 4 ipol god i sega imam since 3 ipol god i eve uspesna od prv pat i vtorata bremenost i toa so bliznaci....veke sum 32 nedela....
Mrate da mu veruvate na doktorot i da sorabotuvate...iskreno ne se odi kaj srkoj...pozz i sto pobrzo da dobiete user posted image user posted image

clock-img

03.05.2014, 18:17

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Sibela затоа и јас ти пишав дека пак си во тој период кога настапува овулација. Целата поента со Хориомонот е во темпирање на овулацијата. Ама тоа сепак зависи од среќата, некогаш едноставна не сака да биде и тоа е тоа. Само трпение. На ГАК инсеминација е 900 денари со вклучена фоликулометрија. Мене поседниот пат и мерењето на естрадиолот ми влезе во таа цена мислам.

Petra27 ти си супер позитивен пример. За жал не е кај сите така. Знам дека ти си супер задоволна од твојот лекар ама тси имала среќа. многу случаи и со негова помош не добиле дете. Човекот не е семоќен. Треба верба и трпение и бескрајна надеж тоа си во право, ама треба и среќа.

clock-img

06.05.2014, 18:59

clock-img

sibela

pencil-img

140

Epa devojki vcera napraviv inseminacija i insalah daj boze da mi se fati user posted image ,, inace mi dadoa utrageston, i pregnensy, i po 14 dena ke znam dali imauser posted image user posted image user posted image d-r. mi rece deka mozam na rabota da si idam samo da ne digam tesko i da ne se kacuvam po skali mn, ama mojata kukja e dvospratna i edno 6 pati se imam kaceno ama ne na pr, gore dole non stop.user posted image i si placam non stop ocite mi se polni se so solzi,,,,, i ne daj boze da ne se fati,, zaso od minatoto mn sum razocarana,i kazete mi posle toa test se pravi od apteka ?????? ili mora na eho???i drzete mi srekja.

Последни статии

article-img