cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Инсеминација II

  
clock-img

26.06.2014, 10:13

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Kvisko, твојот е специфичен случај. Јас мислев повеќе за оние девојки кои си имаат нормална овулација кај кои нема такви проблеми како кај тебе или кај кои матичните имаат искуство со следење фоликули, прегнили и кломифени. Дури и еден доктор од ГАК го прашав дали треба пак кај него на ехо, и тој ми рече дека и матичните се гинеколози субспецијалисти на кои им веруваат. Секој со својата приказна, само дадов предлог кој некој може но не мора да се прифати а и е опција. Може сум и грешка.

clock-img

26.06.2014, 10:39

clock-img

Milicka 30

pencil-img

392

Потполно се сложувам со Квиско, без разлика дали имаш или немаш нормална овулација, треба да се посетува докторот кој ке ја изврши инсеминацијата односно доктор кој што е специјализиран за неплодност. Јас ете си имам нормална овулација па мислам дека утнав со 3 те инсеминации што одев кај матичниот, а мојот матичен е еден од најдобрите гинеколози во мк, затоа девојки слушајте од некој кој поминал низ ова,најдобро е кој доктор ке ви ја прави инсеминацијата, тој да ви препише терапија и тој да ве следи. Поздрав!

clock-img

26.06.2014, 13:15

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

И јас се согласувам со ова, подобро е се кај еден доктор, точно ќе знае и за следење, и за терапија, и за самата постапка. Не дека не и верувам на матичната, ама за инсеминација не би ризикувала, суптилна работа се и мерења, и дозирања, и темпирање време за инекции... Подобро кај еден што ќе направи се.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

26.06.2014, 13:39

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Na koj den posle dobivanje moze da se odi na prviot pregled za inseminacija?Kako sto citam toj den se odreduva dali ke se odi so nekoja terapija.Mene me interesira dali toj pregled e voobicaeno da e na 5-ot den ili moze i na 3-ot???



kokicekokice, можеш да прочиташ што пишаа рингерајките како искуства. Чисто како информација прочитај за растот на фоликулите во Фоликулометрија. Среќно!user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

26.06.2014, 13:49

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Фала ви девојки на одговорите.Инаку јас прашував бидејќи вчера попладне добив 3 дена порано и се ми се измеша со договореното, бидејќи 5ти ден сега ми е во понеделник кога докторот не е на работа.Како и да е ми закажаа за утре прв преглед(кога ќе ми биде скоро трети ден од циклус) па ќе видиме дали ќе биде многу рано за преглед или не. Поздрав и Wiss me luck. user posted image

clock-img

26.06.2014, 15:18

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

kokicekokice за преглед за следење на фоликули дефинитивно ќе ти биде многу рано. Може само да се договориш со докторот дали овојпат ќе одите на природен или на стимулиран циклус и евентуално ако гледа може да види број на антрални фоликули ништо друго или да ти направи испитување на хормони.

clock-img

27.06.2014, 13:19

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Денес бев на прв преглед( (на трет ден од циклус) само за да види докторот дали е во ред со јајниците, да не имало некоја циста, рече супер се,ХСГ-то е супер и може да почнеме.Од недела (кога ќе ми биде 5ти ден од циклус) да почнам да се боцкам со Фостимон инекции, 4 дена , а потоа да дојдам пак на преглед. Читам низ форумов и не гледам некој да почнал одма со инекции, туку сите пијат Коломифен апчиња. Многу ми е чудно зошто е тоа така. Дали имал некој слично искуство како моето?

< Поракaта ја уредил kokicekokice -- 27.6.2014 13:20:48 >

clock-img

27.06.2014, 13:27

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

kokice kokice, супер, не си единствена има и други рингерајки што се боцкале со фостимон, тие обично ги дават за ин-витро, но можеби докторот сака инсеминацијата да биде успешна па ти дал поквалитетна терапија, зошто за раст и квалитет на фоликулите е посигурно со фостимон. Ајде, да не израдуваш со убави вестиuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

27.06.2014, 13:28

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

kokicekokice зависи од твојата историја, односно дали и колку имаш овулација.Најчесто се почнува со кломифен, па кломифен и плус инекции......Ако имаш следено овулација 3 месеци тогаш најдобро се решава со која терапија ќе се почне.Дали тоа го направи?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

27.06.2014, 13:34

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Немам следено овулација, ама во принцип сум со редовни менструални циклуси, нормални јајници и матка.Како и да е , што биде нека биде, сега сум во раце на докторот па тој зне најдобро.Можеби моја грешка што не го прашав веднаш,ама верувам тој си знае. Можеби е најдобро многу да не размислувам, да оставам да тече работата како ќе каже господ.

clock-img

27.06.2014, 13:43

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Кај кој доктор си?user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

27.06.2014, 14:19

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Кај д-р Лазаревски во Сиситина

clock-img

27.06.2014, 14:23

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Кај д-р Лазаревски во Сиситина



Супер, претпоставувавuser posted image , оди на линкот Имав успешна инсеминација, најди го мојот цитат од октомври 2013 година, каде ја цитирам Петра27, таа беше кај Лазаревски и за првата и втората бременост на ист принцип инсеминација како тебе и сега е мајка на 3 деца. user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

27.06.2014, 15:16

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Благодарам LoveableMe RR на охрабрувањето user posted image

clock-img

03.07.2014, 15:34

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Денес бев на ехо после 4 дена боцкање со Фостимон. Д-р ми кажа дека има 3 добри фоликули , да продолжам уше 4 дена со фостимон па повторно на ехо.
Ендометриумот ми е 5, се надевам до понеделник ќе биде поздебелен.Продолжувам понатаму user posted image

clock-img

03.07.2014, 15:49

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Денес бев на ехо после 4 дена боцкање со Фостимон. Д-р ми кажа дека има 3 добри фоликули , да продолжам уше 4 дена со фостимон па повторно на ехо.
Ендометриумот ми е 5, се надевам до понеделник ќе биде поздебелен.Продолжувам понатаму user posted image



Среќно, кога ќе биде инсеминацијата?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

03.07.2014, 15:59

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Најверојатно во среда user posted image

clock-img

04.07.2014, 17:08

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Со среќа и со лесно.
За задебелување на ендометирумот јади цвекло и ананас. Навистина помага испробано.

clock-img

06.07.2014, 11:15

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Kvisko , pochnav da pijam svezo praven sok od cveklo I anans I plus po 4-5 brazilski orevcinja.Utre sum na eho pa ke vidime sto ke izleze. Dali nekoj moze da mi kaze kolku chini stop inekcijata?

clock-img

07.07.2014, 10:29

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Kokicekokice, мислам 500 ден беше, ама не сум сигурна, пиши за другите рингерајки да знаат, позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

07.07.2014, 11:13

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

kokicekokice, зависи која стоп инекција треба да ја ставиш - мене ми препишаа Ovidrelle, и таа е поскапа, околу 2400 ден.

Со среќа во среда! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

07.07.2014, 11:30

clock-img

Zoya

pencil-img

120

Kokicekokice јас имам искуство со хориомон, една инекција мислам дека беше околу 460 денари. Инекциите се од 5000 IU, но зависно од случај до случај знаат да препишат и 10000 IU, па во тој случај ќе ти требаат 2 инекции. Со среќа па пиши како си поминала user posted image

_____________________________

Обиди од 2012;
IUI x 4 = /;
HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип)
IVF #1 - /

clock-img

07.07.2014, 13:05

clock-img

kokicekokice

pencil-img

135

Не можам да го дешифрирам ракописот како се вика инекцијата, ама сега бев во аптека и ми кажаа дека ќе ме чини 914ден(изгледа 2 инекции се).Си ја резервирав да ми ја чуваат инекцијата за вечер да си ја земам за да не ја маткам натака навака, а треба нели на одредена температура са се чува.

clock-img

07.07.2014, 15:05

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Kokicekokice уште малку ти останува со среќа и со лесно. Веројатно ти се вдве Прегнил инекции. некогап лекарите пишуваат само хориомон некогаш нешто друго. Не се замарај со тоа докторот си знае што ти дал и зошто.

clock-img

07.07.2014, 20:26

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Mnogu e 915 za horiomon ili pregnil pregnilot se 300 I nekoj den a horiomon 600 I nekoj den ako si od sk odi do eurofarm sproti gak jas od tamu gi kupuvav pregnil

Последни статии

article-img