за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Мене и од Сиситина ми рекоа дека нема потреба од мерење на вредноста на бетаХЦГ туку да се направи тест преку крв на бетаХЦГ за позитивно или негативно после 14 дена од Инсеминација. Јас затоа и не направив порано од 14 дена домашен тест за да не добијам лажен резултат. Како и да е другата недела сум на преглед па ќе видиме дали е лажно како што и покажало на Lilja Maria или не. Се надевам да биде добро , ако не здравје боже.
< Поракaта ја уредил kokicekokice -- 24.7.2014 14:26:57 >
24.07.2014, 15:41
kapina
4327
Kokicekokice ako e preku krv ispitano dali si bremena ili ne rezultatot e tocen I na mene mi izleze odamna eden domasen test lazno pozitiven
24.07.2014, 15:46
kapina
4327
Ne nemoze da pokazen pozitiven rezultat na betahcg preku krv od pregnil znaci jas I po et primav horiomon I pregnil pa ne pokaza lazno pozitiven rezultat a toa za vrednostite e dali pravilno se duplira betahcg ili ne
25.07.2014, 15:53
SOLE
514
kokicekokice cestitki, bas mi e milo I daj boze se da bide vo najdobar red ceeeliiii devet meseci, so lesno! mnou se raduvam koga citam ubavi vesti...
25.07.2014, 17:15
malena1
58
Kapina ne mi e jasno kako mozes da plasiras so tolkava sigurnost informacii koi ne se tocni? Kokice za tebe cestitki, i ne se sekiraj dejstvoto na pregnilot za 14 dena sigurno izmunuva duri i ako e od 10000 IU, taka da ne ti se od pregnilot, od drugo ke e
25.07.2014, 20:01
kapina
4327
Jas ubavo go prasav ginekologot bas zatoa I vika ne I na mene mi bese cudno jas primav 4 eden horiomon I I tri pregnil pa ne pokaza lazno pozitiven preku krv
25.07.2014, 20:21
Sakame Bebence
4
Здраво дами,
Нова сум на форумов но одамна ве следам. Минатиот месец ја имав мојата прва инсеминација. Веднаш по инсеминацијата почнав да примам Утрогестан. По препорака од лекарот ги примав два пати по едно од 100 - 14 дена. Завршив во вторникот. Се уште немам направено тест, од страв повторно да не се разочарам. Една недела имам болни гради и слаби грчеви во левиот јајник. Ме интересира по колку дена од терапијата со утрогестан би можела да ја очекувам менструацијата?
Однапред ви благодарам
25.07.2014, 20:22
kapina
4327
na sekoj tri dena primav po eden pregnil i toa ne od 1500 tuku poveke bese znaci do 12 den od embriotransferot pa ne pokaza lazno pozitiven tuku betahcg pocna da se duplira i imase i gestaciska vrekicka no za zal zavrsi vo 6 nedela od bremenosta toa mi go potvrdija dvajca ginekolozi jas koga prasav mi vika sto ti pise na kutijata beta hcg ili hcg od pregnilot i nisto poveke ne prasav preku krv ke pokaze tocno mi kazaaa
25.07.2014, 20:28
Neurotoxin RR
413
По прекин со употреба на утрогестан, доколку не постои оплодена јаце клетка, се очекува да се појави крварење после 3-4 дена. Се надевам дека овојпат нема да се појави тоа крварење кај тебе, искрено посакувам да биде успешна инсеминацијата.
25.07.2014, 20:28
kapina
4327
a sakame bebence napravi li test dali si bremena oti ako si bremena mozda ke treba da prodolzes so utrogestan
25.07.2014, 21:07
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sakame Bebence
Здраво дами,
Нова сум на форумов но одамна ве следам. Минатиот месец ја имав мојата прва инсеминација. Веднаш по инсеминацијата почнав да примам Утрогестан. По препорака од лекарот ги примав два пати по едно од 100 - 14 дена. Завршив во вторникот. Се уште немам направено тест, од страв повторно да не се разочарам. Една недела имам болни гради и слаби грчеви во левиот јајник. Ме интересира по колку дена од терапијата со утрогестан би можела да ја очекувам менструацијата?
Однапред ви благодарам
Sakame Bebence dobredojde, ke se druzime na forumov. Napravi test, taka ke so najsigurno. Kolku vreme se obidubate kakov problem imate, kaj koj doktor pravese inseminacija? Pozz☺ ,
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
26.07.2014, 00:16
Sakame Bebence
4
Леле ви благодарам. Искрено не очекував олку брз одговор.
Инаку тестот за бременост го купив уште во вторникот ама немав храброст. Сепак решив да го направам утре и се надевам на
Што се однесува на мојата приказна долга и широка е ама ќе се обидам на кратко да ви раскажам.
Три години се обидуваме за од кои две и пол континуирано сме по лекари. Прватс година одев само кај матичен гениколог. Секој месец по три пати проверував хормони а не ми беше воспоставена дијагноза. Потоа почнав да одам кај д-р Таше во Плодност во Битола и многу сум задоволна од неговаата посветеност. Дијагноза: полицистични јајници, ХСГ: уредно и проодни канали. Спермограм: одличен. Ми беше откриен полип и правев хистероскопија при што ми беше отсранег и септум (преграда на матката).
Почнавме со стимулација со Кломифен и редовни фоликулометрии. Фоликули има, примена инјекција Прегнил а бременост нема. И последниот циклус бев на Кломифен и крајно време беше за инсеминација. Имав одличен ендометриум, еден добар фоликул на лев јајник а на десниот јајник фоликулот беше преголем и д-рот рече дека најверојатно е полн со вода и неупотреблив. Сепак се решивме со мм да пробаме со инсеминација.
И да не се повторувам примав утрогестан и еве сум пред страшниот тест.
Обавезно ќе ве известам за резултатот утре.
Ви посакувам на сите да ги видите своите што поскоро и држете ми среќа за утре.
Добра ноќ
26.07.2014, 10:24
Sakame Bebence
4
Go napraviv testot i nisto. Nema ni traga od vtorata crta.
Ne sum razocarana, ama mi e tesko za moite bliski.
Solzite sami mi naviraat i ne mozam zbor da izustam koga treba da ja soopstam vesta na soprugot.
Tolku e vnimatelen i dobar sto mislam daka ne go zasluzuvam...
26.07.2014, 13:36
Ilina87
326
Sakame bebence добредојде на форумот, не се разочарувај, ќе дојде и тој ден да си ги видиш твоите . Совршено знам како се чувствуваш, секој месец и јас бев со солзи во очите. Мораш само храбро, ќе дојде и твојата среќа.
26.07.2014, 13:58
Melanija RR
7052
Sakame Bebence штом се е во ред ќе дојде вашиот ден, тоа треба да те опушти и како кај повеќето кога најмалку ќе очекуваш ќе дојдат секако тука сме за поддршка
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
26.07.2014, 14:25
bambina34
184
Здраво на сите !! Нова сум на форумот ,ама ве читам подолго време ..Веќе две години како се обидуваме за бебенце ама неуспешно..Правев ХСГ со кое се утрврди дека едниот јајцевод ми е полузапушен ..Друг проблем е што јајникот кој што е на запушенито јајцевод произведува јајце клетки , а на здравиот е мрзлив, има фолекуи меѓутоа не растат доволно.. Претходниот месец бев кај Др. Тофовски на клиника и тој ми рече дека немам некој сериозен проблем и да се обидувам природно да забременам летово. Доколку не се случи бременост , во септември да одам кај него со болнички упат за да правиме инсеминација.. Сакав да ве прашам што др ме е потребно од документи освен болничкиот упат ..нешто ми спомна дека треба за маж ми тест за хив или хепатит ,ама не се сеќавам баш.. Однапред ви благодарам
26.07.2014, 15:32
kapina
4327
Sakambebence oti ne. napravi test preku krv najtocen e
26.07.2014, 18:04
Hopeful RR
2349
kokicekokice, прв пат отворам РР после одмор и баш ме израдува со оваа вест! Кога си на преглед? Не се секирај, тешко да е лажно позитивен затоа што ако е правен после 14 дена, тестот ги покажува хориомонските вредности од бременоста, а не од стоп инекцијата, тоа е одамна понминато. Ајде со лесно на преглед, дај боже се да биде во ред!!!
Sakame Bebence добредојде, тука ја имаш сета наша поддршка Знам дека ти е тешко од тестот, ептен те разбирам, мене стрес ми е само што ќе го погледнам пакувањето, ама не се секирај, ќе дојде и тој ден кога ќе си видиш Во меѓувреме не очајувај, пробај да бидеш позитивна и не заборавај - нема откажување! Ако ти треба да разговараме на други теми, на пример ова што го спомна за сопругот, за психолошка поддршка и како неплодноста влијае на врската и бракот, разгледај ги и другите теми тука на РР - извини, во моментов не можам да ставам линкови од конкретни теми. Не се грижи, не си сама
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
27.07.2014, 15:43
LoveableMe RR
5035
Сакаме бебенце, не очајувај сите се соочуваме со истите проблеми како тебе. Имаме тема Полицистични јајници, прочитај има доста искуства, промени исхрана, заборави благо и ќе се среди.
Бамина34, добредојде тука сме за дружба, совет. За инсеминација треба хепатит Б, Ц и ХИВ тест сите на Институтот за јавно здравје се прават со упат од матичен. Позз
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 27.7.2014 15:44:09 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
31.07.2014, 13:13
kokicekokice
135
Zdravo mili ringerajki.Denes konechno go imav prviot pregled na eho I oficijalno mi bese potvrdena bremenosta .Za 2 nedeli treba da odam pak na kontrola I da vidime srcebienje na .Presrekna sum. Vi blagodaram na site za poddrshkata I vi posakuvam na site sto ocekuvate I se borite za bebence da si gi vidite svoite .Samo istrajnost I verba vo boga.Ve gushkam site
31.07.2014, 17:29
Hopeful RR
2349
kokicekokice, честито!!!!!!!
Ајде со среќа и лесно, да имаш најубава и најпријатна бременост, па фаќај не сите за нос Уживај во деновите што следат и те чекаме да ни пишеш со следните убави вести!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
04.08.2014, 13:02
SOLE
514
mojata prva inseminacija NEuspesna, iako bea epten mali sansite I iskreno neveruvav deka ke bide ama sepak negde potajno vo mene si se kriese nekoja mala nades, ama ete nebilo pisano! Zdravie so novi sili so septemvri 2ra.
04.08.2014, 22:41
Melanija RR
7052
SOLE знаеш надежта е се ,и те води понатаму
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
05.08.2014, 21:40
SOLE
514
Taka e Melanija nadesta posledna umira, mora da bideme jaki I hrabri I so jaka volja ke go postigneme ona sto go posakuvame! Pozdravce
13.08.2014, 00:12
majmunce7
1
Здраво на сите. нова сум на форумот, ама сакав да им дадам позитивна надеж на сите кои се обидуваат. јас и сопругот сме во брак 3 години и се обидуваме да добиеме бебе. ги заврсивме сите испитувања и освен поспор развој на фоликули кај мене друг проблем не е утврден. после неколку циклуси неуспешни обиди на приоден начин со стимулации да забремениме мојот матичен ме насочи кај др. лазаревски. препораката на д-р. лазаревски беше инсеминација и како и што осеква, инсеминацијата беше успешна. за жал ми беше утврдена биохемиска бременост. во секој случај ова ми даде огромна надеж и здравје во септември повторно инсеминација. затоа верувајте дека има успех и во тоа, сепак биохемиска бременост не е недостаток на инсеминацијата туку на самиот плод (неправилно оплодено јајце клетка).