за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Не мора да се види дали дошло до пукање, пресметано е дека околу периодот на инсеминација секако ќе пукне, а спермата има подолг живот. ХСГ не мора да се прави повеќе од еднаш, освен ако нема поминато поголем период од многу години, и мислам дека сега си ок. Секако, продолжете со односо овие денови, да ги зголемите шансите
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
06.10.2014, 15:16
lilika9
107
Фала Надежна, дај боже да ги видиме сите тие две црти. Ми се смачи од таа една црта...
06.10.2014, 15:22
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilika9
Не бев стимулирана бидејќи и фоликулот и ендометриумот природно супер се развија. Едниствено примив прегнил 36 часа пред инсеминација. Се е уредно од сите испитувања кај двата. Едниствено немам направено ХСГ во скоро време, сум го правела пред неколку години па беше во ред. Ама ако не биди овај месец ништо ќе го правам пак. Инсеминација правев во Битола во Плодност.
lilika9, еднаш се прави ХСГ, ако подоцна има проблем, има други методи, засега се е супер, треба да се фати само. Среќно!
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
09.10.2014, 11:33
lilika9
107
Женски има нешто ново? Беа кај и да е завршува 14 дневното чекање кај тебе, како си? Scared и ти не си пишала како си што се случува? Ајде дај боже да пишите позитивни резултати. Мене ми се влечкат деновите како години, до недела кој ќе чека за да провери :) Како што читав не се препорачува домашен тест да се прави заради вагиналетете прогестерон? Мора на крв? Стомакот ми е напнат како секој момент да добијам, кој знае од што, дали психа дали вагиналети...
09.10.2014, 12:25
Melanija RR
7052
Најточно е 15 ден да се испита преку крв, токму поради прегнилот.Ти посакувам и недела не е така далеку
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
09.10.2014, 13:08
LoveableMe RR
5035
lilika9, да не израдуваш со убави вести
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
09.10.2014, 13:17
lilika9
107
Ајде дај Боже ! Да ме успијат и да ме разбудат во понеделник со резултати најдобро би било, како врви време концентрација за се друго ми е помала и само на тоа мислам. Еве и на работа ништо живо не можам да се сконцентрирам... Ајде нека пишат и другите девојки што во слично време правевме инсеминација убави вести, па да повлечат нога
10.10.2014, 17:43
bambina34
184
Денеска и јас ја имав мојата прва инсеминација .. Ја правев во Ремедика кај др. Димитров..Сакав да ве прашам дали некоја од вас имала болки после инсеминацијата.. Инаку ја правев на природен циклус без стимулации...
10.10.2014, 20:15
lilika9
107
Бамбина ти посакувам успешна инсеминација и да се израдуваш за две недели со позитивен тест! Јас правев инсеминација на придоден циклус, и после неа имав мали болки повеќе како неугодност, не многу силни болки, и малку крварев. Докторот рече дека е тоа ок. Сакам да те прашам дали во ремедика правеше обична инсеминација, значи само со медиум во матка, или и во матка и во канали. На форумот прочитав дека таа втората се вика МАМАС метода и ја практикуваат во ремедика, и трае околу 10 мин, и за 30% ги зголемува шансите, а оваа обичната трае само некоја минутка и за 10% ги зголемува шансите за забременување. А ценовно двете се исто.
10.10.2014, 21:49
LoveableMe RR
5035
бамбина среќно, ти посакуваме успех , болки по инсеминација се нормални уживај, може и на природен циклус, ајде се надеваме ќе не израдуваш
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 10.10.2014 21:50:13 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
10.10.2014, 23:46
bambina34
184
здраво Лилика9 ...искрено да ти казжам појма немам по која метода се одвиваше инсеминацијата...бев како во бунило од страв ...траеше долго или така ми се чинеше, се изнамачија пошто катетарот или канела како се вика појма немам ,неможе докторот да го пробие до кај што требаше...имав страшна болка и еве уште имам некоја тапа болка иако помина скоро 8 саати..ми рече да се напијам само Сумамед после интервенцијата и дека е можно да прокрварам
10.10.2014, 23:50
bambina34
184
благодарам на подршката LoveableMe
11.10.2014, 00:38
lilika9
107
Одмарај сега, што да правиме се ќе трпиме за јас имав само една инсеминација па немам многу искуство зошто така те болело и што му сметало за да пробие, но на форумот сигурно ќе најдеш некоја со слично искуство. Дај Боже да биде успешна инсеминацијата па се се заборава. Мене одма ми дадоа и вагиналети па еве уште ги користам. Недела е 14 ти ден, па ќе видеме што биднало од мојата прва инсеминација. поздрав и добра ноќ
11.10.2014, 15:01
bambina34
184
odmaram denes cel den ,do wc samo :) Lilika , a i tebe ti pravea na priroden ciklus? sto vaginalite ti dadoa ..mene mi rekoa samo Sumamed da ispijam edna i tolku
11.10.2014, 17:53
lilika9
107
И мене на природен циклус ми правеа. После инсеминација секоја вечер ставам вагиналети утрогестан 200, по една навечер. Незнам дали ти советтуваа но се препорачува активно односи два три дена после инсеминацијата.
11.10.2014, 17:54
lilika9
107
не знам за што се сумамедот, инаку овие утрогестанот се ако има оплодена јајце клетка подобро да се фати. А и ок што добив такви, бидејќи јас 5-6дена пред да добијам имав јак кафеав исцедок, и еден гиниколог ми рече дека можи тоа да доведува до исплавување на оплодени јајце клетки, а тешко било да се испита и утврди како влиае. Еве сега немам таков исцедок.
11.10.2014, 20:47
Bea
394
Devojcinja, pravev denes test - negativen :( 16 den od inseminacijata mi e, uste nemam dobieno, ama testot vika nisto..Ne znam samo zosto mi docni, otkako sledam ovulacija sekogas dobivam posle14 Dena. Toa e. ke pocekam uste den-dva ako ne dobijam ke go povtoram testot..
11.10.2014, 23:04
Melanija RR
7052
Ако се користи вагиналети утрогестан може циклус да доцни до 4 дена,затоа најсигурно е преку крв. Ви посакувам висола Бета
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
12.10.2014, 15:03
JelaMila
6
Идни мајкички правев инсеминација пред 12 дена , нестрплива сум , дилемата ми е дали да правам тест или да почекам уште три дена па да си отидам во ремедика да направам тест преку крф ?! Мислите ли дека тестот од аптека ќе покаже точен резултат сега ?
< Поракaта ја уредил JelaMila -- 12.10.2014 15:06:45 >
12.10.2014, 15:23
Hopeful RR
2349
Мој совет е секако да почекаш барем уште два дена. За најсигурно, направи тест преку крв, за квантитативна бета хцг. Со среќа
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
12.10.2014, 17:52
Bea
394
Јас добив :( Ништо, ова ми бешеппоследната инсеминација, сега полека ќе ги подготвуваме документите ќа ивф. Многу среќа на сите што чекаат, да ја разубавите темава сп убави вести.:)
12.10.2014, 19:35
bambina34
184
не се обесхрабрувај Беа , се надевам наскоро ќе ги видиш двете цртки
12.10.2014, 21:56
LoveableMe RR
5035
Bea, прoдoлжи пoнaтaму ќе дoјде твoјoт ден.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
13.10.2014, 00:12
lilika9
107
Беа борбата продолжува! ти посакувам што побрзо да си ги средите документите и да ви одобрат па да биде успешно инвитрото! Мене денес ми е 14ти ден од инсеминација и направив домашен тест, шуре чек, мислев ако покажи позитивно да одам на крф, но покажа негативно, па изгубив надеж да одам да провервам преку крв... така да прекинав и со вагиналетите и сега чекам да ми дојде, па јово на ново...
13.10.2014, 11:19
JelaMila
6
Се молам некој да пиеше дека имал успешна инсеминација ! Да ме дувне малце ветер во грб .. ајде женски само напред таква ни била среќата ќе се измачиме , нооо МОРА ДА БИДЕЕ !!! Со денешнава медицина не е прашањаето дали ќе имам бебе туку кога ќе имам бебе .. Само трпеливо и главата горе ! Многу успех на сите !