за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
dragi moi, kako ste mi? Lilika sto naprai za inseminacijata , koga ke odis ? Jas cekam da dobijam ama eve dva dena mi kasni ..Ova mi e vtor pat da mi kasni vo zivotot.. Aj da ne se raduvam pred vreme ;)
Па може ќе треба да се радуваш, а и ние со тебе
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
18.11.2014, 16:49
scared RR
1349
Ништо од мојата инсеминација за овој месец Вчера се разбудив болна и со температура и сестрата ми рече дека не смеам да почнам со терапија И така вчера си кенкав по дома денес сум по ок, со нови сили нареден месец ќе ја правиме, а во меѓувреме ќе се молиме да бидне природно.
18.11.2014, 21:07
LoveableMe RR
5035
ајде скаред, не губи надеж, може природно секогаш да бидне, не се знае....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
18.11.2014, 21:45
Hopeful RR
2349
Дај боже да биде овој месец баш тој и парите предвидени за инсеминација да си ги потрошите на поубави работи
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
18.11.2014, 22:18
lilika9
107
Бамбина добра си чим си издржлива да чекаш а да не правиш тест :) ајде дај Боже да касни со причина Скерд одма ке помини месецот, можеби на телото му треба одмор. Одмори се овај месец од се и уживај си, секој месец се надеваме дека ќе биде, дали со инсеминација или без, а и еден месец мора да биде! затоа не се секирај и само смирено. Јас крај на недела треба да одам на мерење на фоликули ако е се ок ќе закажиме инсеминација.
18.11.2014, 23:32
bambina34
184
Lilika dobiv :( zdravje naredna nedela ke se spremam i jas za inseminacija ako bide se vo red....folikometrija ke ti pravi maticniot ili kaj Trajkovski ?
19.11.2014, 00:52
scared RR
1349
Дај боже девојки, дај боже сите да се радуваме нареден месец :)
19.11.2014, 19:07
bubla
194
Jas i posle cela nedela prekinuvanje so utrogestan uste ne sum dobila?!
19.11.2014, 19:35
scared RR
1349
bubla јас мислам до сега требаше да добиеш, се чу ли со докторот? Оди нека те види на ехо..
19.11.2014, 21:51
bubla
194
Aко не добијам до утре, ќе одам. Денес зборев со сестрата и она така ме советуваше. Имам некои болки во стомакот и главоболки. Се си викам ќе дојде кај да е.
20.11.2014, 15:18
scared RR
1349
Bubla што направи? Доби ли
20.11.2014, 17:43
bubla
194
Добив. И многу ми е болна овој пат. Цел ден ме кине стомакот. Во понеделник кај докторот и почнувам со нова терапија и ново иуи.
20.11.2014, 18:07
scared RR
1349
A зашто одма почнувате со друга инсеминација, нели обично преку еден циклус иде тоа, ем за да одмори телото, ем за ако недај боже притреба ваучер од фондот за инвитро.
21.11.2014, 14:18
bubla
194
Искрено не ми се чека преку еден циклус. Јас имам прилично долг циклус 36+ денови. Значи ако чекам преку еден многу време ќе ми биде. Исто, не сакам да правам многу инсеминации. Спремна сум и приватно да си платам ИВФ постапка. Не ми е толку битно ваучер од фондот. Сепак се надевам нема до таму да дојде. Сепак ИВФ е инвазивна постапка - не е баш убаво со толку хормони да се боцкаш.
21.11.2014, 14:41
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: bubla
Искрено не ми се чека преку еден циклус. Јас имам прилично долг циклус 36+ денови. Значи ако чекам преку еден многу време ќе ми биде. Исто, не сакам да правам многу инсеминации. Спремна сум и приватно да си платам ИВФ постапка. Не ми е толку битно ваучер од фондот. Сепак се надевам нема до таму да дојде. Сепак ИВФ е инвазивна постапка - не е баш убаво со толку хормони да се боцкаш.
Bubla, како сметаш така прави, ние те поддржуваме, се се прави за
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
21.11.2014, 16:09
lilika9
107
Скеард И јас нема овај месец да правам инсеминација...на антибиотици сум, а ќе требаше во недела да ми биде инсеминацијата..здравје боже следен месец ако добијам! Бубла, да се надвеаме дека успешна инсмеинација ќе имаш овој пат!
21.11.2014, 16:24
bambina34
184
Lilika, pobrzo da ozdravis. I Dan boze da fati prirodno mesevov..jas bbev vcera na lekar I mi dadoa klomifen. Zdravje of nedela pocnuvan so niv. Treba da gi pijam 5 dena pa name kontrola. IMA li nekoja of vas iskustvo so klomifen. Jas prvpat kepijam. Se nadevam ke bide OK, bidejki jetrata znaat da mi pravat problem.
21.11.2014, 21:33
bubla
194
Фала на сите за поддршката. Се надевам сите ќе си дочекаме што поскоро по едно бебенце. Баш ми е жал што еве и лилика и сцаред до антибиотици дојдоа. Јас од август наваму си го јакнев имунитетот. Оваа година често бев болна. Пиев 2 месеца имуне асист таблети. Сега секое сабајле јадам мстичен млеч. Искрено, подобро се чувствувам. Пробајте со нешто.што ви годи да си го зајакнете имунитетот. Јас пиев кломифен минатиот месец. Искрено не видов ништо лошо. Јас пиев 5 дена по едно.
21.11.2014, 23:23
scared RR
1349
Ма јас ретко се разболувам, доста јак имунитет имам, го јакнев едно време со се и сешто и успешно ми беше, не знам што бидна сега ко за беља ме фати настинка, поминав без антибиотици ама сепак не смеев со температураа терапија и тоа е Со среќа на сите овој месец што ќе правите да ви биде успешна и ве чекаме во темава со детали
22.11.2014, 11:26
bubla
194
Овој пат сум го обезбедила и фемибион 1. Се надевам нема долго да се мачиме и сите скоро ќе видиме 2 цртки.
23.11.2014, 18:54
LoveableMe RR
5035
Ајде жеснки, активен ви е периодов, некоја нека не израдува
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
23.11.2014, 19:01
lilika9
107
morase povtorno da pravam hsg bidejki nemav snimki od prvoto pa mi dadoa i antibiotici. Bubla ajde neka donesi sreka femionot. Jas meseci piev folna a sega zaboravam.. Pocnav da zabusavam...
23.11.2014, 19:05
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilika9
morase povtorno da pravam hsg bidejki nemav snimki od prvoto pa mi dadoa i antibiotici. Bubla ajde neka donesi sreka femionot. Jas meseci piev folna a sega zaboravam.. Pocnav da zabusavam...
Знаеш дека мораш, тури си римајндер
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
23.11.2014, 19:37
bubla
194
Јас на телефонот имам потсетник секој ден во 9 вечер :-) Лилика, како тоа ги немааш снимките од хсг, па сега ново?
23.11.2014, 22:04
scared RR
1349
Кога веќе ја спомнавте фолната јас да прашам дали мора во исто време секој ден да се пие? Не заборавам да се напијам ама го заборавам времево, исто му доаѓа изгледа никогаш не ја пијам во исто време, не ми ни текнува во колку пиев вчера Има некаква врска тоа или не?