за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Zdravo devojki mojata prva insiminacija pomina neuspesno sega se spremam za vtora od utre pocnuvam so klomifen 2×1 i estrofen po edno na den. Pa zdravje boze sledniot petok ke odam kaj doktorot da vidi folikuli pa da kaze kako ke terame. Pozz do site.
29.11.2014, 12:59
vazna
179
Buli_Buli ne se sekiraj ako ovaa ne bila uspesna ke bide vtorata so gospod napred, a odma li ke pravis druga inseminacija, ne pravis eden mesec pauza?
29.11.2014, 14:20
Buli_Buli
13
Vtorata inseminacija ja pravam odma bez cekanje. Prvata ja pravev na priroden ciklus doktorot rece moze odma.pozz
29.11.2014, 18:18
bambina34
184
ajde Buli so sreka ..se nadevam za nova godina ke ni se ispolni najgolemata zelba :)
29.11.2014, 19:39
LoveableMe RR
5035
Девојчиња со среќа на сите
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
29.11.2014, 20:11
lilika9
107
buli buli а фондот признава инсеминации од месец во месец природно па стимулација, за издавање на ваучер? Бамбина и Бубла со срека и со господ напред па пишете како ќе поминете!
29.11.2014, 20:33
bubla
194
Фала лилика. Подобра ли си ти? Ти до каде си?
30.11.2014, 12:42
Buli_Buli
13
Lilika9 iskreno ne znam dali fondot bi priznal ako dojde do toa da baram vaucer za in vitro.otom potom ke barame care ako dojdam do tok stepen. Se nadevam deka nema da mi treba Bambina i bubla vi posakuvam od se srce uspesna inseminacija pozź
30.11.2014, 13:11
Hopeful RR
2349
Девојки, фондот не признава инсеминации месец за месец, и бара минимум еден месец пауза, односно два циклуси - циклусот при неуспешната инсеминација и следниот. За ваучер, најдобро е да се прават со минимум еден месец размак. Во секој случај, се надевам дека нема да ви треба ваучер и дека ќе ви успеат инсеминациите
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
30.11.2014, 15:17
bubla
194
Јас пак не ја разбирам поентата со еден месец пауза.. Секаде прочитав на интернет и се имам консултирано дека месец за месец е подобро. дејството од стимулацијата од претходниот месец само може да го потпомогне повторениот процес. Втората или тетата последователна даваат најдобар резултат. После 5та драстично се намалуваат шансите за успех. Не зборам за читано по беби сајтови по нет, туку академски студии со фокус групи и истражување. И целава работа за ваучеров ми е претерана. Се што се прави се прави во духот на ваучер. Како од старт да ја осудуваме постапката на пропаст. Ако не е добро инсеминација месец за месец, како е во ред месец за месец кломифен да се пие и природно да се пробува. Јас освен кломифен 1 на ден друго не пијам. Ниту сум престимулирана, ниту ништо. Зошто да чекам 1 месец??? Да ми мине времето за да ги задоволам бирократите во фондот? Проблем по мене за месец по месец треба да е тогаш кога се прима појака стимулација, инекции, хормони.. тогаш ќе разберам за пауза. Ова не е насочено кон никој лично. Едноставно сум револтирана нс фондот и шемата со тој ваучер. Како да сме решиле ние не сакаме деца па уште и со папири дс се бавиме.
30.11.2014, 15:21
scared RR
1349
Јас мислам дека таа пауза е пред се да се одмори телото од стимулации, па макар и кломифен да е само, сепак и тоа е некаква стимулација, а и, едноставно особата да се опушти во тек на тој месец . Јас бар така гледам на тоа. Ако сакаме ваучер ќе правиме како ќе ни кажат тоа е
30.11.2014, 16:20
bubla
194
Scared и во твојот пост пак упатуваш на ваучер. Зошто да мислиш на ваучер, а не на моментот сега и да ги следиш препораките на докторот. Ако тој вели може одма, зошто да не може одма?? Кломифен 1 на ден и не е баш некоја стимулација. Некои го пијат до 6 месеци со ред по 2 на ден и пробуваат природно. Инсеминацијата само треба да го потмомогне процесот. Јас се надевам нема воошто на никој од нас нема да му затреба ваучер.
30.11.2014, 16:26
scared RR
1349
Па не знам некако ретко кој забременил со инсеминација, имам надеж и јас не велам не, ама и сум реална, не се залетувам многу па после да ме удри од земја тоа. Да имам финансии сигурно не би мислела на ваучер, ама ете, мора да бидеме реални дека може да ни притреба и затоа ги правиме работите како што треба. Мене искрено инсеминациите ми се само формален пат до тој фамозен ваучер . Ако некој сака на приватно да прави инвитро воопшто не треба да се замара со тоа што и како наложува фондот. Но, како што велиш ти се надевам дека на никоја од нас нема да ни притреба, дека сите ќе си останеме бремени што поскоро.
30.11.2014, 16:35
Hopeful RR
2349
Секако дека стимулацијата со кломифен е слаба, но не е играчка и сепак на телото му треба одмор. Кумулативниот ефект од кломифенот трае повеќе од еден месец, така што и со пауза тој се постигнува. Јас за третата не пиев кломифен и имав добар број фоликули.
Инаку се слагам дека е преголема бирократија ваучерот, но тоа е тоа, никој не ти дава толку пари на лепе очи. Колку за информација, кога се воспоставувал системот и постапката за добивање ваучер, од фзо сакале да се прават по 8 инсеминации, иако докторите сметаат дека после втората неуспешна треба да се оди на ивф.
Никој не настапува со логика дека нема да биде инсеминацијата неуспешна, фала богу, но да бидеме реални, како што вика scared, мал е бројот на оние кај кои успеала. И веќе кога се прави, добро е да се запазат овие барања од фзо за да не мора после пак да се прави по 5 или 6 пат... Во секој случај, дај боже кај ниедна од вас да не дојде до ваучер и или успешни инсеминации, или природно да си забремените
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
30.11.2014, 16:48
kapina
4327
ko nemate kojznae kakov problem moze i inseminacijata da uspee ako mislat doktorite oti nema da uspee ke vi dadat preporaka za ivf i gotovo
30.11.2014, 18:05
bubla
194
Се соглањувам со капина. Не треба надеж.да се се губи дека нема да биде успешна. Јас не очекувам којзнае што, свесна сум за успешноста, ама па и не губам надеж. Зошто некоја од нас да не биде дел од % успешни???
30.11.2014, 18:16
Hopeful RR
2349
Така де, тоа е правилен став. Никој не рече дека не треба да се надевате, таман работа. Никогаш не се прави инсеминација реда ради, и има примери и на РР за девојки со успешни инсеминации. Збориме дека сепак, од медицински аспект е подобро да се направи пауза, но секако, секој одлучува за себе и во договор со докторот, соодветно на случајот.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
30.11.2014, 18:22
scared RR
1349
Сите ние имаме надеж, па макар и најмала скриена. И сите до една што сме во темава до нова година да се префрлиме во останатите теми
30.11.2014, 20:19
kapina
4327
Jas nisto nw primav za inseminaciite pa pak imav nadez i so los spermogram mlada sum imam 30 god zosto da gu bam nadez
30.11.2014, 20:21
kapina
4327
Moite drugarki nekoj seuste ne se mazeni jas imav dve neuspesni bremenosti sto midava golema nadez
01.12.2014, 10:02
LoveableMe RR
5035
Тоа што од ФЗО препорачуваат инсеминација преку еден циклус и што препорачуваат меѓу ИВФ 6 месеци пауза, не е случајно верувајте, знаат добро што му треба на организмот, а тоа што приватниве клиники викаат, секогаш земете во предвид дека работат со пар. Не викам дека тие не работат добро, но сепак државниве кога кажуваат нешто, се реални и го мислат доброто на пациентката, а вие како ќе одлучите тоа е друго.
bubla и bambina34, пишете како поминавте денес и кога инсеминација Були були среќно во постапката понатаму.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
01.12.2014, 10:10
bambina34
184
samo sto se vrakam od lekar i mnogu sum razocarana ..od 4 folikuli , samo eden dostignal 17 mm , a dr si ostanale na 12...mnogu bavno rastat.. utre sum pak na folikometrija ...se nadevam do cetvrtok , petok ke stigne do 20 mm, za da moze da se pravi inseminacijata... Vi blagodaram na site za poddrskata
01.12.2014, 10:13
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: bambina34
samo sto se vrakam od lekar i mnogu sum razocarana ..od 4 folikuli , samo eden dostignal 17 mm , a dr si ostanale na 12...mnogu bavno rastat.. utre sum pak na folikometrija ...se nadevam do cetvrtok , petok ke stigne do 20 mm, za da moze da se pravi inseminacijata... Vi blagodaram na site za poddrskata
bambina34, доволно е еден, ама да биде вреден Тука сме, пиши ни
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
01.12.2014, 11:31
vazna
179
Bambina i jas za site tri inseminacii imav po 4 folekuli, a samo eden ja dostignuvase goleminata sto mislam deka e ok za inseminacija barem taka recr doktorkata, inace za stimulaciite posto pravaev histeroskopija dok mi rece deka ne saka odma da mi pravi inseminacija prvo sakala da mi go iscisti organizmot od hormoni mesec dva posto primav pred toa danoval i sega cikloproginova taka da i jas isto mislam deka treba organizmot da se iscisti od hormoni pa da se pocne so drugi.
01.12.2014, 11:32
Melanija RR
7052
bubla сметам дека не си во право.Не се работи за бирократија, а резултат како процент не е поголем ако се прави секој месец.Се прави инсеминација и од стимулацијата придобива имаш уште 1-2 месеци и тогаш можноста е солидно добра.Не се форсира организмот и не се пие кломифен 6 месеци по ред.Тоа ни еден доктор нема да ти каже дека така треба.По 3 месеци с еправи пауза па пак пауза. Вон тема но јас 8 пати пиев кломифен со се со паузи од по 2-3 месеци меѓу нив
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни