cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Инсеминација II

  
clock-img

14.01.2015, 10:19

clock-img

bambina34

pencil-img

184

ovie privatnive bolnici znaci ima da ne oderat ...jas prvata insemenacija ja pravev vo Remedika, a vtorata na GAK..i eve sega se spremam za treta i nejze ke ja pravam na GAK ...prvata ja pravev na priorden ciklus , za vtorata piev klomifen za koj plativ 17 denari na recept, estrofem 90 denari na recept i stop inekcijata ja plativ 270 den..
Ve citam i nemozam da se iznacudam kolku mnogu hormoni davaat isto kako za invitro ...Od edna strana navodno gi zgolemuvaat sansite za bremenot ama od dr strana gi trosat rezervite na jajce kletki...Mnogu se retki tie sto ostanuvaat bremeni so inseminacii..

clock-img

14.01.2015, 11:12

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

bambina, огромна е разликата во цените, да. Ако имаш добро искуство од Гак, секако продолжи таму. Ме интересира каква гестагенска терапија ти дадоа после втората инсеминација - кринон или утрогестан, или можеби прогестерон депо? Да не одеа и тие на рецепт? Знам дека не, но да не се сменило нешто во меѓувреме... Додуша, прогестерон депо се уште примам и уште не оди на рецепт. Мене матичната ни за кломифен нејќеше да ми пише рецепт, од тебе првпат слушам дека оди и баш се изнервирав.

Инаку не се исти хормоните и многу е поблага терапијата за инсеминација во споредба со таа за ивф. Со инсеминација сепак не се создаваат којзнае колку фоликули и нема никаква гаранција дека кој било фоликул воопшто има јајце клетка, така што нема некоја опасност од трошење на оваријалната резерва. Токму затоа и се прави постапката пред да се упати пациентот на ивф, затоа што и со слаба стимулација, сепак има шанси. Процентот на успех зависи од интензитетот на стимулацијата, логично. Не се откажувајте девојки user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

14.01.2015, 14:01

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

scared како што пиша кломифен и естрофен на рецепт околу 200 ,ја пукање на фоликул е 500ден не 2.000 ,и не крионе туку утрогестан кој вкупно е 1.000 ден, а сега веќе на ГАК самата инсеминација не е 1.700 како порано туку мислам 800-900 ден.Гонелот од секогаш е 1.700 но тој се дава ако не се реагира и нема природна овулација.И јас имам примано и максимум 2 инекции ,3.400
200+500+1.000+900=3.600 ете и + 3.400=8.000 тоа е максимум ,а не 11.000

Нека не форсииат инекции ,еднаш се пробува и да нетреба да се истрошат јајниците.Јас го Гонал добив само фоликул плус вкупно два ,и потоа не ми ни даваа гонел непотребно

Убаво пишува LoveableMe RR го прават мало ИФВ.Да кломифенот оди на рецепт 4 години наназад

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 14.1.2015 14:04:35 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

14.01.2015, 18:59

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Кломифен е 15 денари на рецепта, а естрофем 40 толку ги зедов пред три месеци сега дали се поскапени не знам , бар на тоа заштедив user posted image ама инекцииве изгор да, исто кринон гелот а може утрогестан, Лазаревски тој го дава значи сепак е добар, стоп инекцијата има и поевтини Хоримон мислам 900 беше. Не знам навистина, глава ме фрка од скапиве лекови user posted image

< Поракaта ја уредил scared -- 14.1.2015 19:02:02 >

clock-img

14.01.2015, 21:42

clock-img

lilika9

pencil-img

107

Здраво девојки! Ви посакувам успешна инсеминација на очекувалките!!! ајде нека биде оваа 2015 наша година.
Јас во оваа моја приказна доживеав комплетен пресврт. Бев во болницата Плодност во Битола и кога докторот го виде спермограмот дека е одличен рече дека нема потреба од инсеминации,а јас мислев да закажам втора, после детално мене ме прегледа откри ранички во грлото на матката кај мене, полип, и сомнеж дека едниот јајцевод е запушен, се виде на ХСГто кое на клиника ми рекоа дека е ок. Па сега ќе правиме лапаро хистероскопија, па после тоа ќе видиме како понатаму. user posted image

clock-img

14.01.2015, 22:33

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

A да си побараш уште едно мислење? како наеднаш така ранички, полипи како ти ги видоа? user posted image Побарај си уште едно мислење мој совет user posted image

clock-img

14.01.2015, 22:57

clock-img

lilika9

pencil-img

107

И јас ги видов сите тие работи на ехото, имам и снимки, се гледаат убаво..а и сите симптоми што ми ги опиша ги имав..така да тоа е..

clock-img

14.01.2015, 23:01

clock-img

kapina

pencil-img

4327

ne e strasno so laparoihisteroskopijata se ke ti otstranat i jas imav i polipi gi iscistija togas i miom koj ne go otstranija oti bil mal

clock-img

14.01.2015, 23:33

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

:( раничката со ехо ли ти ја виде, што ти предложи за неа? Без грижи лесна операција е тоа наредниот ден ко ништо да не се случило ќе си :)

clock-img

15.01.2015, 00:16

clock-img

lilika9

pencil-img

107

Да на вагинално ехо, и со секој допир крвареше. Сега имам терапија од вагиналети и апчиња, па после тоа интервенција.

clock-img

15.01.2015, 11:39

clock-img

bubla

pencil-img

194

Ne site vo privatnite kliniki se podlozni na stimulacii, inekcii i sl. Se zavisi od slucaj do slucaj i od sostojbata kaj partnerite.
nie tyka mozeme da si piseme sto mislime inkako sme razbrale, ama doktorot najdobro znae.
jas veke nekolk pati imam piaano deka Lazarevski osven klomifen ne mi dal nisto drugo.

clock-img

21.01.2015, 13:50

clock-img

pepapa

pencil-img

238


ИЗВОРНА ПОРАКА: lilika9

Да на вагинално ехо, и со секој допир крвареше. Сега имам терапија од вагиналети и апчиња, па после тоа интервенција.


Koi vaginaleti i apcinja ti dadoa za ranickata?

clock-img

21.01.2015, 22:39

clock-img

lilika9

pencil-img

107

Флажил

clock-img

26.01.2015, 10:29

clock-img

Shila

pencil-img

16

Дечки, има ли некој искуство со Др Тофовски на ГАК?

clock-img

26.01.2015, 13:20

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: Shila

Дечки, има ли некој искуство со Др Тофовски на ГАК?



Шила, наназад врати се на овие страници, има девојки кои биле кај него, викаат Трајковски и Тофовски дека се најдобри за инфертилитет. Што ќе правиш кај него?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

26.01.2015, 14:35

clock-img

bambina34

pencil-img

184

Draga Shila, ako nemas vrski za na klinika podobro i da ne odis ...Jas samo nervozi se iznapolniv ..Sum bila i kaj Trajkovski i Tofovski, Tofovski bukvalno i me izbrka ( mi vika so doagas kaj mene koga nemas nekoj seriozen problem ) .. Ako sakas za inseminacija da pravis , nemaat vreme da te sledat oni tuku koj ke ti se pogodi na smena ... Jas kobajagi preku vrski otidov kaj Trajkovski, go zamoliv kaj nego da odam da me sledi za inseminacija i toj ako imas sansi da mi ja pravi ama nisto... Nemozes da gi najdes.. I taka plodnite denovi mi pominaa lutajki po hodnicite i barajki go , i nisto od mojata inseminacija ovoj mesec :( zdravje sega , nareden ciklus izgleda pak ke odam vo Remedika kaj Dr. Dimitrov....So sreka

clock-img

26.01.2015, 14:40

clock-img

Shila

pencil-img

16

Фала на прашањето Loveable:) Па не знам, сега одам муабет да си правам :) Матичниот гинеколог ме прати кај него. До сега пиев Yaz и сега бидејќи планираме потомство, ми рече да одам директно на клиника да не губам време бидејќи немам редовно циклус. Претпоставувам ќе ги правам сите испитувања што страшно ме заплашувааат, и веќе неможам да спијам заради тоа. И на крај претпостаувам инсеминација...

clock-img

26.01.2015, 14:46

clock-img

Shila

pencil-img

16

bambina34, комплетно те разбирам. И јас очекувам такво нешто и затоа ми е страв. Би одела на приватно ама и таму не значи дека ако платите ќе бидете убаво третирани. Ок, ме интересира и искуството во Ремедика, па пиши.
Ми иде да одам директна ин витро...

clock-img

26.01.2015, 14:57

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Shila, некако многу ми брзаш и со постапки, и со муабети user posted image Полека, едно по едно. Колку време се обидувате, и што од основните испитувања имате направено кај матичниот гинеколог? Немој од одма да трчаш на инсеминација, ниту пак на ин витро, си има чекори.

Прво, провери си ги хормоните, и ако немаш редовно циклус, треба да се утврди на што се должи тоа, и да се даде соодветна терапија. Инсеминација сама по себе не решава се, и не е доволна. Исто така, треба да се направи ХСГ пред каква било друга постапка, а сопругот треба да направи спермограм. Си има процедури и редослед, и најдобро ти е да одиш кај доктор што вистински ќе ти се посвети. Прочитај наназад и во оваа тема, и во темата кај кој доктор за ивф, па ќе видиш кои се најдобрите специјалисти за стерилитет кај нас. внимавај, затоа што има доктори кои директно ќе те пратат на инсеминација или ивф без претходните подготовки и анализи, и се ќе биде за џабе.

Не се нервирај, те разбираме точно како се чувствуваш, па пиши ни user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

26.01.2015, 14:58

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

На ГАК нема класично следење на циклус со 2 еха, тоа болница кој е на смена тој,Таму се работи во смени со дежурства ,операции и сл. Значи тоа е, опција без бркотници е матичниот да ве следи па да одите на ГАК за инсеминација. А ако ви е опција приватно за инсеминација тогаш за една спремете си околу 10 илјади денари

Shila не се прави инсеминација туку така , с еправат основни испитувања па се остава на природно дури потоа се размислува за инсеминација. Од старт немој да се вознемируваш и плашиш ,за добивање потомство треба сила и енергија. Ако премногу се плашиш ќе губиш и сила и време.Ти посакувам што поскоро user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

27.01.2015, 10:25

clock-img

Shila

pencil-img

16

Zdravo na site, kako ste denes?:)
Imame napraveno spermogram.
Denes bev za ispituvanje na hormoni, a popladne ke odam za Anti Milerijan Hormon.
Naskoro na klinika kaj Tofovski, i sigurno ke treba da vidime proodnost na jajcevodi pa da zeam nekoja terapija za ovulacija pa za ponatamu ne znam.
Pa eve da prasam, dali nekoj pravel Anti Milerijan?
I dali nekoj znae kako e postapkata za ispituvanj proodnost na jajcevodi, kako se snima, kolku trae? Posebno kolku trae...
Fala na site sto pisaa, mnogu mi e polesno vaka niz muabet:)

clock-img

27.01.2015, 10:34

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Здраво Shila, се е полесно со разговор, посебно со девојки што поминале или поминуваат низ истото user posted image

За да не зборуваме во оваа тема, која е сепак само за инсеминација, би те упатила да го прочепкаш цел форум за забременување, бидејќи за сите овие нешта што ги спомена има посебни теми, и за AMH, и за HSG, и за се друго. Во секоја тема има искуства, совети и информации што ќе ти помогнат.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

27.01.2015, 10:35

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Shila, имаме тема за Анти-Милеров хормон, тука имаш искуства и мислења за методата, а имаме и тема Проверка за проодност на каналите, има наши искуства, што сме поминале можеш да прочиташ.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

27.01.2015, 12:38

clock-img

vazna

pencil-img

179

Devojki i mojata posledna inseminacija zavrsi neuspesno, kako sto i ocekuvav no toa e sega ideme ponataka pozzz

clock-img

27.01.2015, 13:15

clock-img

lara36

pencil-img

93

zdravo devojki eve i jas da si kazam deka mojata inseminacija e neuspesna odime ponatamu so nova nadez

Последни статии

article-img