Не знам зошто мислите дека е проблем ако се дава слична или иста терапија на повеќе жени - тие се лековите, тој е методот, се работи за нијанси. Не дека постојат милион терапии и комбинации на светот па сега ќе прават custom made за секој пациент. Колку за информација, јас сите четири инсеминации ги правев со иста шема и терапија (освен третата, која беше само со Кломифен), и се фати баш четвртата, која по ништо не се разликуваше од првата.
Од друга страна пак, воопшто не се слагам за блага стимулација само со Кломифен, бидејќи ако веќе давам толку пари за инсеминација на приватно, сакам да имам што поголеми шанси, а тоа се постигнува само со инекции и посериозна стимулација. Кломифен не дека е безазлен, ама е мноогу слаб во однос на другите, и стварно ретко сам по себе да донесе успех. Во однос на стимулацијата за ивф, и ова за инсеминација е слабо, а не па само со Кломифен.
bubla, и јас имам потполна доверба во Ивановски и воопшто немам чувство дека сака да ми земе пари - напротив, исто како и Лазаревски тебе, не ми наплатил преглед, ехо, консултација, што се не. Мислам дека дури човекот и психијатар ни стана едно време... Само продолжи како мислиш ти, слушај го докторот, во добри раце си.
Инаку, моментот со паузата што ја бараат од Фзо - два циклуса се еден месец, како прв циклус се смета првото добивање од неуспешната инсеминација и веќе после следниот циклус се почнува пак, така што секако излегува еден месец пауза, не два. Колку што знам, паузата е добра и за да се одмори телото и да се регулираат хормоните, но штом докторот вика дека нема потреба, тогаш терај. А доколку се оди со ивф на приватно, мислам дека нема потреба повеќе од 2 инсеминации, се друго е џабе фрлање пари.
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015