за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Zenski zdravo.sakam da ve prasam nesto. Na 2 ovoj mesec ja pravev mojata prva insiminacja na 17 trebase da dobijam i napraviv test ama ne preku krf i bese negativen arno ama uste nemam dobijano dali e mozno od utrogestanot da mi kasni ili ke treba da napravam uste eden test ama denes kako da imam nekoj kafen iscedok ama sosem malku ve molam ako nekoj znae so treba da napravam da mi kaze.
19.04.2015, 19:54
Hopeful RR
2349
Жал ми е, ама утрогестанот, и другите форми на прогестеронска терапија, знаат да го одложат циклусот, така што може да ти доцни уште некој ден. Обично се добива 3-4 дена по престанокот со утрогестан. Ако ти е шубе, направи уште еден тест и со среќа
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
19.04.2015, 20:02
Melanija RR
7052
MILAR1R и јас го имам искуство како што спомна Hopeful RR за задоцнето добивање.Но при инсеминација е најдобро тест преку крв, може треба подршка од прогестерон а вака минуваат денови. Ако утре не добиеш мој совет утре попладне да испиташ преку крв.Со среќа
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
19.04.2015, 20:21
LoveableMe RR
5035
MILAR1R, можно е од утрогестанот, сепак направи преку крв, позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
19.04.2015, 21:08
MILAR1R
14
Fala devojki utre pak ke vi pisam
20.04.2015, 17:44
scared RR
1349
Цистата пукнала фала богу, од нареден циклус идеме со стимулации. Се согласи докторот да почнеме само со кломифен па да видиме како ќе реагирам и да уфрлиме ако има потреба Гонал. Беше искрен и ми кажа да не очекувам многу од кломифенот. Друга терапија која ќе ја примам е естрофем, декортин,спиронолактон и метформин(кои веќе ги примам) И со господ напред да реагирам добро на стимулацијава, некако денеска некој песимизам ме фати дека ништо нема да бидне тоа чудо
21.04.2015, 00:15
Kvisko
1325
Scared нема песимизам. Секоја постапка те носи поблиску до целта. Ако немате проблеми со спермограмот и кај тебе се постигне овулација шансите за успех со инсеминација се добри.
23.04.2015, 21:22
MILAR1R
14
Zenski eve jas dobiv vo ponedelnikot znaci neuspesna e prvata insiminacija e sega tek vo juni ja pravam vtorata pozzz.
24.04.2015, 07:36
bambina34
184
Dragi moi, mojata 4 inseminacija pomina neuspesno ..Sea zdravje se spremame za invitro
24.04.2015, 10:44
LoveableMe RR
5035
MilaR1R, bambina34 борбата продолжува. Бамбина, те чекаме на форумот за Вештачко оплодување. Кај кој доктор ќе правите?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
27.04.2015, 14:56
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: SOLE
......bev i kaj dr Tofoski za druga rabota i go vide spermogramot i ni preporaca inseminacija sto jas ni na kraj pamet sega ne pomisluvav na taa opcija posto veke treba da gi spremam dokumentite za drugo ivf i mu vikam kaj nas invitro neuspea pa ne inseminacija, no toj mi vika ne treba da gi potcenuvate inseminaciite i vika spermogramot vi e idealen za inseminacija, pa posle si vikam zosto pa da ne nisto ne me kosta... i eve sega cekam ciklus pa vo maj odam na inseminacija
SOLE, ајде среќно не се знае каде е упали, а кога веќе беше кај него, го праша ли за мислење за хистероскопија? Големи се шансите после тоа со инсеминација да забремениш Пиши ни како ќе ти оди
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
27.04.2015, 15:06
SOLE
514
Da za histeroskopija jas veke si imav odluceno deka ke pravam ama sakam kaj Petanovski i posto toj mi rece najdobro bilo eden ili dva ciklusi pred ivf, pa si planirav vo juni da pravam a sega inseminacijata nekako slucajno mi izleze jas voopsto ne planirav ama ajde si vikam ke probame, a vo meguvreme ke si brkam rabota i za drugite ispituvanja za dokumentacijata za ivf, eve sega ke odam za hormoni na 3ti den cekam da mi stigne tetkata
28.04.2015, 00:44
wanna be mum
203
Соле и јас бев скептик и ги правев ради реда за да имам 4 за ИВФ, докторот ми беше поупорен, темпираше терапии, тајминг му се посвети и на крај јас му признав, тој ја направи 4та успешна :))) јас бев така-така колку да помине, е сега се предомислувам не брзам со ивф, да ми поминат испитувањата после спонтаниот и летово пак ке продолжам со инсеминации.
28.04.2015, 10:00
Hopeful RR
2349
Може да изгледа дека инсеминациите се реда ради, ама никогаш не се знае, со вистинскиот доктор, што баш ќе се посвети, може да биде успешна Ете и кај мене баш четвртата успеа, имам пишувано.
Сепак, јас не сум за да продолжите со инсеминации и после 4та, посебно ако секако планирате ивф, бидејќи се изложува телото на нови и нови терапии, а му треба одмор пред ивф. Пробајте евентуално уште само една, 5та, но не повеќе, измачување е. Најдобронамерно, одете на ивф, не губете време. Во меѓувреме, со среќа
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
04.05.2015, 10:03
scared RR
1349
Почнав да добивам денес да видиме дали ќе пробие убаво па од среда здравје на 3 ден од циклус со терапија почнувам. Е сега сакам да прашам за апчињава пошто треба да пијам многу . Наутро метформин, спиронолактон,кломифен,естрофем,декортин. Како да ги распоредам, некако шубе ми е одеднаш а плус имам и витамини за пиење како ќе биде не знам.
Друго што ме загрижува е што докторот треба на 7ми ден од циклус да ме види на ехо за да види дали ќе има потреба од Гонал инекции, доколку има ќе треба истиот ден да ја примам. А 7ми ден ми е недела.
04.05.2015, 12:20
Neurotoxin RR
413
Пиши ми во приватна порака каква ти е шемата за декортин и ќе ти ги распределам. Пиши ми метформинот исто дали ти нагласија кога да го пиеш.
04.05.2015, 13:41
wanna be mum
203
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
Може да изгледа дека инсеминациите се реда ради, ама никогаш не се знае, со вистинскиот доктор, што баш ќе се посвети, може да биде успешна Ете и кај мене баш четвртата успеа, имам пишувано.
Сепак, јас не сум за да продолжите со инсеминации и после 4та, посебно ако секако планирате ивф, бидејќи се изложува телото на нови и нови терапии, а му треба одмор пред ивф. Пробајте евентуално уште само една, 5та, но не повеќе, измачување е. Најдобронамерно, одете на ивф, не губете време. Во меѓувреме, со среќа
Да, секако, докторот тоа ќе каже,и тој вика да не се трошат јајниците, ама немам претерано со стимулации 4 пати во 3 години, како и да е нешто ќе се прави Јас сакам бидејќи така фати ама како ќе каже така ќе правиме
06.05.2015, 10:33
scared RR
1349
Јас од денес почнав со терапија, со господ напред се да е во ред, уплав имам од овие лекови Сакав да прашам читав дека кломифенот ја пресушува цервикалната слуз па одтука и неуспешни обиди со кломифен. Што може да се превземе околу тоа? Како да се зголеми цервикалната слуз, на кој начин?
07.05.2015, 10:51
LoveableMe RR
5035
ScarredRR, среќно, пиши кога ќе бидне инсеминацијата. Читам пишуваш кломифен, имаме тема ТУКА, но не се замарај многу што и како за кломифенот, терај ја постапката. Кај Ивановски си сега или на ГАК? Друго нешто ќе примаш?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
07.05.2015, 11:06
scared RR
1349
Фала ти LoveableMe Кај Ивановски сум да. Примам 2x1 кломифен, 2x1 естрофем, 2x1 декортин, 2x1 метформин, 1x1 спиронолактон, 1/4 таблетка достинекс на 2 недели, денес баш ми паѓа да ја испијам, Д3 капки, фолна, б комплекс. Тоа е се, не е малку нели Само за арно нека е , за датумот ќе ве известам , понеделник сум на ехо па тогаш да видиме дали ќе има потреба од гонали.
07.05.2015, 12:17
Kvisko
1325
Scared ти си покриена со терапија повеќе од некои ИВФ-ки тука. Со ваква терапија шансите за успех ти се супер (примаш сакам да кажам многу лекови за подготовка на телото за овулација и имплантација).
Кломифенот може да ја намали плодната слуз ама таа слуз при инсеминација е комплетно небитна. Битна е само при природни обиди зашто помага на сперматозоидите да допливаат до матката. При инсеминација сперматозоидите одат директно во матка и толку. Околу тоа воопшто не се грижи нити се труди да подобриш нешто. Кломифенот може и да го тенчи ендометриумот ама па ти затоа примаш естрофем и тоа јака доза така што супер си.
Само опуштено сега, со среќа и со лесно.
11.05.2015, 11:28
scared RR
1349
Многу сум разочарана имам само еден фоликул на десниот јајник 24 мм , нема време за гонали мора да се направи побрзо инсеминацијата. Ендометриумот очајно тенок 6.2, ми ставија инекција директно во матката Tevagrastim и естрофемот ми го зголемија 3x2 Утре во 22 часот стоп инекција прегнил, вика докторот нема потреба од Овидрел која е подобра и поскапа зашто имаш само еден фоликул. Инсеминацијата во четврток. Отсекогаш имав впечаток дека нешто не еок со левиот јајник и ете точно е Докторот вика со појака стимулација ќе има и таму ама сега за сега не реагира на кломифен.
Да прашам за прегнил една инекција е 5000 i.e во аптека ми викаат обично по две се ставале, ама не можам да ја добијам сестрава да ја прашам и не ми е јасно сега
11.05.2015, 12:03
Jeni80
29
Scared mila opustise. Nepotrebno se grizis, vo dobri race si, veruvaj mu na doktorot I se ke bide vo red. Ne e lesno, no obidi se. Pregnil od 5000 e dovolno bidejki e eden folikul, od 10 000 davaat stom se povejke folikuli pri ivf. Ednometriumot ne ti e ocajno slab, imas uste 4 dena do insemenacijata, ke se napravi tamam. Verovatno I hormonskata terapija ne pravi razdrazlivi ...no mora da bideme pozitivni. Guski I ke vidis deka se ke bide vo red.
11.05.2015, 12:17
scared RR
1349
Фала ти Jeni се смирив малку, и главоболка имав јака од инекцијата и се ми се собра. Докторот прво што искоментира беше дека многу ми е тенок ендометриумот, може и 5.2 кажа во тоа бунило јас запамтив 6.2 , се надевам ќе се подобри сега.
Пак јас, е се распаметив веќе бев до кај матичната да ми препише естрофем и ми вика како дури во четврток инсеминација кај да е ќе ти пукне фоликулот
< Поракaта ја уредил scared RR -- 11.5.2015 13:06:16 >
11.05.2015, 13:27
bubla
194
Јас и кога примав само кломифен примав 10000 ИЕ Хоримон. Најубаво да ја прашаш сестраата. Нели ти дадоа рецепта? Мене секогаш Лазаревски ми дава розева рецепта и на неа пишува колку ампули ти требаат/